Спомен куќа на Мајка Тереза

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Свеченото отварање на Спомен куќата на Мајка Тереза ќе се одржи денес на 30ти јануари во 13 часот.

Спомен куќата на Мајка Тереза, покрај музејски простор, содржи и молитвен простор, како и мултимедијален простор кој ќе биде наменет за камерни претстави, амфитеатар за поголеми претстави, продавница за сувенири, соба за сестринскиот ред на милосрдието, како и бунар, односно аквариум со златни рипки. Предвидено е овој бунар, од едната страна да биде аквариум во кој ќе пливаат 88 рипки колку што имаше години Мајка Тереза.

Во музејскиот дел на спомен-куќата ќе бидат изложени скулптури на Мајка Тереза и нејзиното семејство.

Спомен куќата на Мајка Тереза ја гради Министерството за култура по проект на Вангел Божиновски, а околу неа ќе има и уреден двор кој исто како и куќата зафаќа површина од 600 квадратни метри.

____________________________________________________________________________________________________

Вчера поминав покрај куќата и мене ми се допаѓа навистина.
Изгледа одлично и модерно, иако има уште за досредување :pipi:

Еве неколку слики од проектот ...

06A674302F164343B2A727A18BBD93CC.jpg


crkva.jpg


и неофицијални слики од куќата ...
majkat1.jpg


majkat3.jpg
 
Се тоа во ред, но сметам дека не требаше токму таму да се постави. Не пред Дом на АРМ, се изгледа толку збутано.
Али добро, Мајка Тереза, заслужува вакво здание, иако според мене требаше поинаку да се стационира и организира.
 
Ептен е чудно зданиево, ко да сакеле да напрает цркво-џамијо-сингагога.:nesum:
 
600 квадрати? Мала е бе...поголема требало.
 
Според мене ова е најубавата изградба во Скопје
Необично и многу модерна куќа што привлекува внимание
Делот со гулабите особено ми се допадна...прекрасна е бе:pipi:

А за поголема баш и не може во тој дел од градот, сосем доволно за еден музејски простор
 
Некако се ми исмешано кога е во прашање стиловите и влијанијата. Тоа горе куполата стаклена плус крстот ми изгледа како модерна протестантска црква. Под незе и странично има нешто налик на балканска џамија. Па има плус делови со прозорци кои наликуваат на стара Македонска архитектура и по малку на стара Македонска црква. Изгледа тоа е и идејата на архитектот да внесе култура од повеќе страни зашто Мајка Тереза е дел од многу култури и тие си ја земаат како нивно богаство и дел од историјата.
 
Убава е и секоја чест..

Само прмногу стилови има на неа. Како да сака архитектот се што познава да стави во една градба, а понекогаш тоа може да делува невкусно.
 
само делот со кованицата ми се допаѓа...риби и гулаби... а за местото и комбинацијата на стилови немам коментар. многу измешано...ама на пример коментарот погоре за крстот не е у реду, затоа што такви крстови имаат сите католички цркви, а посебно имаше црквата што порано се наоѓаше на Бит пазар. Таа црква беше баш на Чесните сестри од редот на Мајка тереза!
 
Гледам, на сите ви се допадна ремек-делово... Мило ми е, барем македонците имаат некаков концепт, каква архитектура сакаат да гледаат околу нив. Имам една идеја – ај да се наречеме Морничавиот Дизниленд. Тогаш, ем ќе можеме да им се восхитуваме на вакви неповторливи... дела, ем сето тоа совршено ќе се спојува во контекст на нашата моментална ситуација – материјална и ментална... Али ајде, да не ја шириме на ова, туку да почниме со разгледување на објектот:

1. Диспозиција на објектот и опкружување од околината: Доколку застанеме кај објектот, и заротираме поглед за 360 степени, околу нас ќе забележиме објекти од сржта на градското ткиво, јасно и прегледно дефинирани, со чисти и повторливи, но не монотони форми, кои овозможуваат создавање на индивидуалност на секој објект посебно. Тука посебен нагласок му се дава на Дом на АРМ, кој поради својата репрезентативност и потреба од piazzetta пред него, принудно се повлекува од општата силуета, но неговата кубична доминантност е во сосема јасен дијалог со околните објекти, паралелно следејќи се еден со друг во ткаењето на урбаното ткиво. Диспозицијата на Спомен Домот на Мајка Тереза, примарно, ја нарушува концепцијата на piazzetta-та пред Дом на АРМ, а со тоа елиминира една урбана поента од најрепрезентативната скопска улица – улица Македонија (која пак, сама по себе претставува веќе дефинирана културолошка патека од архитектонски аспект, по чија линија постојат бројни објекти со културно значење, заштитени со закон).

2.
Форма и волуменски карактеристики на објектот: Покрај тоталната некомпатибилност на објектот со околината, кај него се изразени и индивидуални нелогичности. Ајде, со ред:

- неискрен пристап на фасадата во однос на конструкција – за разлика од околните објекти, на кои лесно може да се забележи и дефинира примарната конструкција, овде имаме маскирање на истата со застарен метод на ѕидање на масивни ѕидови од камен – комплетно непотребен и лажлив пристап.

- Бифорален лачен отвор со средишен столб со карактеристични магрибски влијанија – Македонија, едно од ретките места каде џамиите се тие кои превземаат принципи на градење од црквите, и каде никогаш не се наметнало магрибското влијание на исламската архитектура (поготово не во конструкција). Не е дефинирано кој е изворот за ваквиот архитектонски израз. Па и на крај, поврзани со лаци во Романски стил на ѕидање. Во оној темнион... средновековен...

- конфронтирање на основните принципи на конструкцијата во архитектурата – архитрава и архиволта – на фасадата, може да забележиме две карактеристични испуштања (толку блиску едно до друго, а неповрзани – секако поради несогласување на конструкцијата). Едното е кубично, со архитравна (права, гредаста, хоризонтална) конструкција, за на два метра до него, сосема самостојно, брутално му се спротивставува еркер со почеток и крај во полукалота, и истиот, прекриен со обични ќерамиди. Да не е малку спротивставувањето во носечката конструкција, тука се и батериите од по три прозори, кои ја раскажуваат истата „приказна“.

- филигрански обработено ковано железо врз рамни алуминиумски профили – уште еден момент на конфронтирање на конструктивни елементи, јасно изразени во изгледот на објектот. Чуден, непрепознатлив спој на линии за јавната архитектура. Непрепознатлив, досега...

- и повторно камена фасада...и наеднаш, дел со порцеланска обработка на ќерамика. Дел кој не дефинира никаква просторија, нити конструктивен сектор...едноставно, дел.

- на крај, список на сите употребени волумени – кубуси, калоти и куполи, цилиндри, површински призми, просторни призми, филигранско сликање на кубус...сето тоа, во објект од ~600м2, со приземје и еден..до два ката... ентропија, со која ни врвни светски мајстори не би се снашле.


3. Внатрешна организација на прсторот: Ќе навлезам подлабоко во ова прашање, кога ќе смогнам сили да одам и да го посетам домот. Засега, само накратко – постои една гранка во музеологијата, која се занимава со организирање на ваквите простори (пошто нели, и ова спаѓа во музејски објект). Таа има едно јасно правило – секој човек, кој со врзани очи влегол во кој и да е дел на зградата, треба за минимално време, и по јасни ходници и коридори, да може да го најде главниот излез. Ќе го применам тоа правило во Домов... се надевам дека ќе речам дека сум се лажел, од она што можам, преку фасада во моментов да го насетам како организација на простории... Ах, да...не одам кај аквариумот, да си кажам со време. Уште како идеја звучи детски, бесмислено е за понатаму...

Се на се драги мои...уште еден чир. Убава иницијатива, лоша реализација. Едноставно, работено за себеистакнување, и негирање на се одоколу. Но, што можеме, таков ни е архитектот... Ах да, сакам да кажам... не се сомневам во ораторските способности на господинот Божиновски...знам дека би нашол он приказна за секој елемент на „ремек-делово“. А и храброст треба за ова струкава наша бре, да му се невиди... ете да речиме, јас да го направев ова...па утре ден, со колеги на маса ќе седнам... со професори мои може...ќе треба во очи да ги погледнам, да наздравам со нив...јас ја немам таа храброст. Му честитам за тоа, на господинот архитект Божиновски.
 
Се тоа во ред, но сметам дека не требаше токму таму да се постави. Не пред Дом на АРМ, се изгледа толку збутано.
Али добро, Мајка Тереза, заслужува вакво здание, иако според мене требаше поинаку да се стационира и организира.

И јас бев на ставот и сеуште сум на ставот дека спомен куќата ептен отскокнува од околината и не и е место таму, ама еве овие што ја наместиле таму се со релативно јак аргумент дека морало таму да бде наместена поради тоа што на времето точно на тој плац била католчката црква, во која и идела мајка тереза.
 
Аууу ептен не ја бива бе... не дека сум експерт.. ама на ништо не ми личи барем мене.. Ко 3 стила у едно да се.. ама 3 стила кои некако не си одговараат....
 
Кире Мали said it all.

Јас едно време се обидував да помогнам во организацијата на протести кога се фрлаа темелите, но не успеав. My bad.

Чир,
кој треба да се сруши.



Ужасија од архитектура.
Ал,
сјајна е за народот бе Кире.... ќе помине.


И за 50-60 години ќе плука некој по нас, ко генерација која била нема....

Едит:
Да се дополнам... ова е просто, за да ме сфатат повеќе луѓе... на пример, треба да правите сос за пица, и имате 10 мирудии. Правиот италијански пица маестре ќе употреби 3 од нив и вие ќе имате неверојатно искуство јадејќи ја пицата.

Овде, извиканиот кувар ги употребвил 10-те.
И направил каша-попара.

Многу бабици, килаво детенце.




Е мајке ми, на моменти многу посакувам да си имам 5-тонско ѓуле...
 
:pos2::pos2::pos2:
Немој бе...

Жими очи,
најдеструктивните желби ми се врзани со еден ден во Март и моите пријатели кои ми подаруваат 5-тонско ѓуле.....

Па замислувам како некој врнежлив ден во Скопје, околу 16:00 часот јас поминувам со пура во уста и решавам проблеми. Ѓулето ќе го движи голем багер, спајдрмен стил, ко ратрак ал потешко...

Коа Господ не се смилува и не создава услови за здрава градба (услови е широк термин) тогаш, може човек да ги напраи :)
Ќе ме слават за 150 години, еееј :)))
 
Серпико ај според тебе што треба да се смени или воопшто како треба да изгледа еден музејски простор на таква личност?
Разбирам да не ти е убава ама до овој степен...

Кога ке се изгради нешто обично и просто сите се восхитуваат а се што е необично и модерно не ви се допаѓа:uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom