Дали се што е скапо е и квалитетно?

  • Креатор на темата Креатор на темата ani4
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 ноември 2008
Мислења
415
Поени од реакции
11
За темава бев потикната од една случка пред некој ден. Имено, со една другарка бевме во супермаркет од каде требаше да земе млеко за чистење на лицето. Бидејќи прв пат употребува не знаеше кој да го избере, па пресудниот момент го имаше цената (:raz:).
„Ова е најскапо, мора да е најквалитетно!“
Дали?!

Јас лично не размислувам така. Ми се има случено да купам многу скапи работи, ама на крајот подобри да се покажат поефтините. Ако е ефтино, не мора да значи дека е шкарт, нели?

Како одлучувате вие што ќе купите? Ако сакате добар квалитет го купувате најскапото или не?
 
Ne!

ne se sto e najskapo mora da znaci deka e i najdobro ili najkvalitetno.

Iako cestopati se pokazalo deka ako ne znaes koe, plati zdravo!

Nisto ne e zapisano vo zvezdite za da nema otstapuvanja i varijacii!
 
Не, најдобар пример за тоа се дуќаните за патики, сум имал случај да платам 3-4000 денари а да купам неквалитетни патики кој ги има на тезги за по 1000 ден.
Али ова не е секогаш така, има случаи каде што нешто шо че купиш стварно вреди за парите.
 
Во последно време и тешко е да се најде квалитет. Скапите се скапи затоа што се продаваат брендот и името а не квалитетот....Ефтините се ефтини понекогаш пошо се слабо ефикасни а поекогаш затоа што не се брендирани...
Како и да е, не може да се одреди според цената...
 
Нема никаква врска цената со квалитетот, иако на прв поглед асоцира дека е така:nenene::smir:
 
Обично има голема врска колку поскапо толку поквалитетно во 95% од случаите.
Има и искључоци коа поефтиното било поквалитетно од поскапото...ама многу ретко.
 
Од истражувањето на тоа поле кое го имале нашите предци останал да кружи фајнал скорот кој гласи: Сиромавиот (читај и тој кој штеди) плаќа двапати.
 
Дали се што е скапо е и квалитетно?

не знам, али се што е ефтино а на е крадено и не се шитка од зорт, сигурно не е. :)
 
Па цената има врска со квалитетот,но би рекла дека се што е скапо не значи дека е и квалитетно,ама пак тоа што е евтино сигурно не е нешто најнајквалитетно,со самото тоа што е поскапо факт е дека и суровините односно трошоците за да биде произведен се поскапи,со што самото покажува на квалитетот на производот,но пак и со поголемата цена можеме да бидиме изманипулирани од страна на некои претпријатија,тоа произлегува од самата повисока цена затоа што покажува на престиж и квалитет на производот,а тоа да нема врска со вистинската слика за производот,односно да има лош квалитет...Но сепак ако цената е поскапа не е лошо да се распрашаш за квалитетот од некои што предходно имале искуство со производот....
 
Не мора да значи дека ако е поскапо е поквалитетно (барем не во секој случај)
 
Обично е така али често се случува и поевтиното да е доста подобро, тоа што е поскапо има подобар маркетинг ама не мора да значи и дека е подобро зависи конкретно за што :)
 
не е битно.. доколку имаш доверба у некој бренд.. шо има везе дали е најскап или не е.. пример.. у меднес патика ке платиш 5000 денари.. ке се искине за 2-3 месеца... а у соломон.. ке платиш 3000 ке ја носиш дур умреш
 
има вистина во мудрите изреки- "Ако не знаеш што е добро, прашај што е скапо", или "Сиромавиот двапати плаќа" што ги наведовте претходно
Јас релативно се согласувам со тоа (дека она што е квалитетно е скапо, и обратно неквалитетното е ефтино), но пред се тоа зависи од намената и видот на производот
производите кои служат за задоволување на најосновните потреби ( прехрамбените продукти и средствата за лична нега) гледам да се квалитетни, Еве на пример производите на Хедис,за мене се синоним за неквалитет, а и од самите ниски цели може да се насети тоа и не доаѓа до предвид да купам нешто, подобро ќе додадам уште 10-20 ден, ама барем знам дека е квалитетно..
Но за облека не гледам по секоја цена да биде марка, туку да има пристапна цена, често се покажало дека некоја блуза од 700 ден сум ја износила многу подолго од некоја од 1300..итн
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom