па да многу пати сум се уверила во тоа, кога и да купам нешто поскапо многу поквлаитетно се погаѓа и подлго трае... иако може и скапото да биде неквалитетно, но во мојот случај се поскапо што сум купила се погодило и квалитетно.
Ne. И тоа посебно важи ако е увезено од земји на ЕУ..
Се што не е по стандард и се што е подолна класа завршува тука. И тоа најмногу производи од чкарт европејски земји како Италија, Шпанија....Да платиш квалитет, да, ама не за туѓ производ на наш пазар.
Али јеби га, дур има овци, ќе има и кој да ги стриже.
Во оваа држава скоро ништо не е квалитетно, па и тие продукти што се со повисока цена.Само ако имаш среќа ќе ти се погоди некој продукт кој е квалитетен и ќе го употребуваш, носиш и.т.н. подолго време.Мене ми се случило да купам маица од илјада денари (пр.) па да ја носам само два месеци, но исто така ми се случило да купам и маица вредна шестотини денари па да ја носам три години.
Главен виновник за непласирањето на квалитетни продукти на македонскиот пазар е: државата! Државата треба да го заштити пазарот, исто како што е заштитен во ЕУ.Наместо тоа, државата дозволува да се пласираат во Македонија, на македонскиот пазар крајно неквалитетни производи; производи кои не вредат и за правец Дрисла, а зошто не вредат и за Дрисла, епа не вредат зошто може од нестабилноста на производите да се случи и некаква хаварија која ќе доведе до загуба на човечки животи.Има таму луѓе кои работат за корка леб, мора да се мисли на нив.За подобра Македонија.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.