Како да се собере храброст?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Со поголемиот дел од работите во постот се сложувам, ама цитираново ептен ми падна во око, па затоа сакав да продискутираме... Не би рекла дека храброста настапила во моментот кога личноста осетила дека треба да раскине. Затоа и напоменав и во првиот пост. Ете, одлуката за раскинување е донесена, личноста знае дека треба да раскине и во нејзиниот мозок се е совршено јасно (а и со емоциите е на чисто) и излага се упатува кон договореното место и кога го гледа како и се смее, и исчезнува и храброст и се и не може да изусти дека сака да раскине. Затоа и прашањето е како да се преброди таа криза, таа блокада, како да се добие храброст.

Прво, да се разбериме. Јас не наметнувам мислење, само го искажувам сопственото. Е сега... Во секој случај, доколку едната страна потпаѓа под такви колебања при тет-а-тет средбата, според мојава логика, сеуште е емоционално недефинирана кон спротивната. Во моментот кога ќе се доведе конечна одлука, базирана на разум, а не колебливи емоции, и која ќе биде водена од целокупната ситуација, а не од релативната „сегашност“, таквите колебливи мисли, и паралелно со нив, немањето на храброст, ќе исчезнат.

Потребно е смирување на духот, и стабилизирање на моменталните мисли кои поминуваат низ мозокот, во тој период, драга. Тоа ќе ги поднареди работите. И да...eye contact. Нешто кое, во вакви ситуации е бесценето. И ако сега го гледаш како тешко, одкога ќе го направиш (а не е спорно дека еден ден ќе го направиш), ќе бидеш благодарна на самата себе, зошто си навлегла подлабоко во сопствената психа, и си ја подвргнала на уште еден, од многуте емоционални тренинзи, кои не следуваат во животчево. :smir:
 
Еднаш имав една врска со човек кого го сакав многу, но не како дечко. Врската беше измачување. Се беше супер кога бевме со друштво, но кога останувавме сами се ежев од него. Од моето сожалување и паѓање на моменти колку е фин, добар и колку ме сака, долго време траеше тоа. Дојде денот кога решив да му кажам и го прифати тоа лошо и како од ведро небо. Потоа долго време ме измачуваше со постојано барање да бидеме пак заедно и јас пак од сожалување се смирив со него. И после тоа, кога видов дека јас се давам и тонам во таа врска, почнав да се нервирам и следеше втор полош крај. Тогаш иако не ми беше сеедно, бев погруба со него и многу полошо му кажав што чувствувам кон него. И да, беше гадно и да, се каев што поради мене се случи сето тоа.
Затоа треба собирање храброст и убаво обелоденување на работите што поскоро и без многу емоции. Кога човек е свесен дека не сака да биде повеќе со моменталниот партнер, мора да го прекине тоа веднаш, за доброто на двајцата. Подобро да боли една вечер, отколку да се биде во врска која за едниот е апсолутно измачување, а за другиот гола лага.
Значи до храброст преку вистината, која никогаш не може да биде лоша, без оглед што може да направи во моментот. Наредниот ден тој што остава ќе се чувствува подобро, а тој другиот ќе сфати дека бил со фер личност, која затоа што го почитува, не дозволила дополнително да пати.
 
Да, ама како тоа да го изусти човек.





Замисли, да.



Со поголемиот дел од работите во постот се сложувам, ама цитираново ептен ми падна во око, па затоа сакав да продискутираме... Не би рекла дека храброста настапила во моментот кога личноста осетила дека треба да раскине. Затоа и напоменав и во првиот пост. Ете, одлуката за раскинување е донесена, личноста знае дека треба да раскине и во нејзиниот мозок се е совршено јасно (а и со емоциите е на чисто) и излага се упатува кон договореното место и кога го гледа како и се смее, и исчезнува и храброст и се и не може да изусти дека сака да раскине. Затоа и прашањето е како да се преброди таа криза, таа блокада, како да се добие храброст.

Овде веќе како да се работи за сожалување...немој...што побрзо завршиш со тоа подобро ќе биде и за двајцата.
Храброста е мислам дека еден чин на созревање,а според тоа што го имаш напишано дека веќе си донела одлука дека треба да раскинеш и си расчистила со емоциите значи дека доволно си зрела за да знаеш што е најдобро за тебе и едноставно мора да го направиш и последниот чекор кој да е најтежок ама верувај ќе бидеш изненадена после тоа дека тоа е најнормална и најправилна работа што си морала да ја направиш.
Кога работите веќе не одат како што треба луѓето зрело и свесно разговараат за тоа и донесуваат одлука дека не може повеќе да бидат заедно.Колку и да не и се верува на другата личност,ќе ти каже нешто во стилот :ама јас мислев дека се е ок,од каде сега ова...едноставно ќе му објасниш дека ете нешто не штима и дека џабе е ...и да продоложите да бидете заедно ти нема да бидеш среќна а и он нема да биде покрај тебе среќен...прашај го отворено дали навистина го сака тоа???
Зошто да се повредувате кога млади сте,ќе запознаете други луѓе кои ќе се вклопат перфектно во вашата приказна на животот ,а ова(барем на тебе ќе ти биде искуство плус).
Не знам,тоа самата ти ќе го почувствуваш,ќе видиш...се работи само за момент кога ќе срипаш и ќе си кажеш самата на себе си дека мора да го направиш тоа,дека не можеш веќе да живееш под тој притисок и ...само ќе ти излета од себе....не можеш вечно да се ослонуваш на тоа...еј ама неможам сега види колку ме сака,види како се смее,среќен е...да...АМА ДАЛИ ТИ СИ СРЕЌНА??? Себично е многу ама мора така да биде
ајде забегав јас :wink: се надевам дека ќе собереш храброст во скоро време и ќе видиш ќе бидеш посреќна (немој да мислиш дека ТОГАШ ќе го повредиш,не,ти веќе сега го повредуваш,со тоа што мораш да се преправаш како се ти е супер а уствари пукаш внатре и неможеш повеќе така да издржиш).
 
Секој на различен начин собира храброст.... Ама како и да е, мора да се собере брзо затоа што после станува само потешко... И мислиш само дека му правиш подобро, а уствари само полошо му правиш и на него... Уствари, тешкото е само да се почне мислам... Бар кај мене така беше... Знаев дека треба, ама неможев да го изговорам :) И на крај он го кажа...
Мораш да се убедиш бар првите неколку збора да ги кажеш, па после ќе биде малку полесно... Само пробај да мислиш на тебе, а не на него, можеби и ќе ти помогне :)
А зашто раскинуваат по телефон, незнам... Никогаш не ми било јасно, нити ќе ми стане :) Тоа е нешто најглупаво...
 
Абе Марија бе Марија... А баш фино си беше детето. :)

Тебе не ти треба храброст, млада дамо, тебе ти треба причина. Тоа што нешто не „кликнало“ не е причина што би го задоволила партнерот при раскин затоа што секој сака конкретно комплицирано објаснување и никој не е задоволен од наједноставните одговори.
Кога си со некого и по некое време едноставно престануваш да го сакаш, при раскинувањето таа личност нема да се задоволи со одговор „едноставно не те сакам“. Полесно ќе му биде ако речеш на пример дека те гуши неговата љубомора или дека си сретнала некој друг.

Затоа, од искуство те уверувам, мораш да изнајдеш причина.

Е сега, ова во голема мера ќе зависи од тоа каква си како личност. Повеќето жени се способни да измислат доволно добра причина или намерно да предизвикаат ситуација која ќе им служи како наводен повод за раскин, ама ако не спаѓаш во тие жени, ќе мораш да идеш на потешката варијанта.

А потешката варијанта е таа навидум едноставната, а која тебе ти претставува мака, а тоа е да го седнеш и да му кажеш дека не сакаш веќе да бидете заедно.
Биди сигурна дека и вака ќе бара причина, ама признај дека е полесно да му раскинеш зошто ти се раздрал за некоја ситница, отколку кога е најкоректен и нема очигледна причина за кавга.:)

Како и да е, твоето однесување во последно време сигурно му побудило барем сомнеж ако ништо друго, а тој сомнеж делумно го спремил на вакво нешто. Да не речам дека можеби веќе очекува да му раскинеш.
Друга олеснителна околност е што не сте заедно долго време, а познавајќи ве и двајцата, можам скоро со сигурност да тврдам дека крајот ќе биде најмирен што може без никакви несакани „инциденти“. :)

Ако се одлучиш за подмолниот начин што ти го спомнав, обрати ми се и ќе смислиме тактика. :icon_lol:
Ако се држиш за искрениот, тешкиот начин, стисни зуби, јави му се, викни го на кафе и најпријателски без кнедли во грлото кажи му дека веќе не е тоа тоа и дека најдобро е да се разделите.

После на факс ќе го тешам ако треба. :icon_lol:
 
Самата неподносливост да си во врска која не функционира, ќе те охрабри и повеќе од доволно. Прв мотив е тоа што не можеш повеќе да си го губиш времето и да бидеш несреќен во релација која несакајќи или не, е осудена на пропаст. Исто и заљубување во друг и размислата за нов почеток со него, - окуражува.
 
Многу глупа ситуација. Но уште поглупаво е чувството на измачување.
Сум била во ваква ситуација, сега последната врска. Не би се навраќала само сакав да земам за пример. Значи, колку повеќе се одложува толку е потешко, секој ден е еден вид на надеж, дека од утре ќе биде подобро.. Ама нема да е подобро.
За собирање храброст, нема некој начин, едноставно муабет треба да се прави, со мислата дека после тоа ќе ти биде полесно на тебе и тоа МНОГУ полесно.
Е сеа, ако не одговара ни муабет, има и друг начин, поглуп, некоректно однесување спрема дотичниот/дотичната на кој/а еден ден ќе му/и дојде се преку глава и тој/таа прв/а ќе стави крај.

Едноставно нели ..:)
 
Убаво спомна Гарфилд, луѓето или имаат, или немаат храброст. Родени се како такви, и сигурно нема да се сменат само за ова.
Ако ти е драга личноста, иако сакаш да ја прекинеш врската со истата, како - не знам, но дефинитивно мора во четири очи такво нешто да се направи. Секоја друга алтернатива, било да е телефон, MSN, или штознам јас, би завршила со катастрофа. Првата мисла што ќе помине низ главата на таа личност е дека не ти значи доволно ни за во лице да му/ѝ го кажеш тоа. А ако ти е драга личноста, тогаш, логично, не сакаш такво нешто да направиш.

Не би рекла дека или ја имаат или ја немаат, во спротивно тие што ја немаат што ќе прават цел живот? Се менува тоа.
Инаку се разбира МСН, телефони, пораки, гулаби писмоносци, стројници, скраја да е јас сум најголем противник на тоа.

Еeee, тоа е емотивна личност, со голема емпатија. :) За другите е супер, за себе е лоша.

Има некаде каде може да се продаде емпатијата, на пример на ebay?:icon_lol:

Абе Марија бе Марија... А баш фино си беше детето. :)

Тебе не ти треба храброст, млада дамо, тебе ти треба причина. Тоа што нешто не „кликнало“ не е причина што би го задоволила партнерот при раскин затоа што секој сака конкретно комплицирано објаснување и никој не е задоволен од наједноставните одговори.
Кога си со некого и по некое време едноставно престануваш да го сакаш, при раскинувањето таа личност нема да се задоволи со одговор „едноставно не те сакам“. Полесно ќе му биде ако речеш на пример дека те гуши неговата љубомора или дека си сретнала некој друг.

Затоа, од искуство те уверувам, мораш да изнајдеш причина.

Е па тоа е она што ме мачи. Што нема комплицирано објаснување. Едноставно не е тоа тоа. И едноставно е. Како да го искомплицирам, кога е премногу едноставно. И не знам како едноставното да го соопштам. Затоа викам не знам како да се собере храброст.

А потешката варијанта е таа навидум едноставната, а која тебе ти претставува мака, а тоа е да го седнеш и да му кажеш дека не сакаш веќе да бидете заедно.
Биди сигурна дека и вака ќе бара причина, ама признај дека е полесно да му раскинеш зошто ти се раздрал за некоја ситница, отколку кога е најкоректен и нема очигледна причина за кавга.:)
Ама проблемот е што нема ниедна причина, ниту се раздрал, ниту сме се расправале. А не можам да го лажам и да му кажам на пример дека е заради друг, кога тоа не е е точно, ниту да му кажам на пример дека ме гуши љубомора, кога и тоа не е точно. Не ме бива за измислување причини, така бетер ќе испадне.

Друга олеснителна околност е што не сте заедно долго време, а познавајќи ве и двајцата, можам скоро со сигурност да тврдам дека крајот ќе биде најмирен што може без никакви несакани „инциденти“. :)
Е па целта ми е се да помине мирно и глатко и сакам да останеме во супер односи, затоа што како што кажав човекот е супер, ама буквално не клика. Некомпатибилност едноставно.

Ако се држиш за искрениот, тешкиот начин, стисни зуби, јави му се, викни го на кафе и најпријателски без кнедли во грлото кажи му дека веќе не е тоа тоа и дека најдобро е да се разделите.
Епа тоа е целата поента за темава. Како да се стиснат забите, како да се собере храброста и како да му го кажам сето тоа.
Затоа што сметам дека да се раскине една врска, колку толку потребна е храброст. Еве храброст нека е драматичен збор. Потребно е да стиснеш заби како што велиш, ама не сите луѓе знаат како да ги стиснат забите, некои од преголем стисок, забите ќе си ги искршат (метафорички нормално:))

Прво, да се разбериме. Јас не наметнувам мислење, само го искажувам сопственото. Е сега... Во секој случај, доколку едната страна потпаѓа под такви колебања при тет-а-тет средбата, според мојава логика, сеуште е емоционално недефинирана кон спротивната. Во моментот кога ќе се доведе конечна одлука, базирана на разум, а не колебливи емоции, и која ќе биде водена од целокупната ситуација, а не од релативната „сегашност“, таквите колебливи мисли, и паралелно со нив, немањето на храброст, ќе исчезнат.

Конечната одлука е донесена и таа најпрвин беше донесена од разумот, а потоа потврдена со емоциите. Нормално, не станува збор за наметнување мислења, напротив, одве разменуваме мислења, нели?:smir:

Колебања при тет - а - тет средбата чисто, од моја гледна точка зборам, не е заради емоционална недефинираност, него заради страв, недостаток на храброст и тешкотија да се стави точка. Особено еве јас, никад немам прекинато врска, не знам како треба, се сплеткувам едноставно, ја немам таа храброст, не сакам да се осеќа глупо. Знам дека не треба да се одолговлекува, ама ко ној у песок сум со главата.
 
Crazy in love, да споделам со тебе едно искуство, ако ништо друго, барем поддршка... Идев со еден дечко, ама главниот проблем беше што мене воопшто не ме привлекуваше. Едноставно немаше хемија и покрај тоа што тој се` правеше по кодексот ,,како што треба". Исто како тебе, си ја трескав глаата од ѕид како да направам за да не го повредам, пошто он добар - леб... И идам се препотуем, пола саат шетам ко балтазар у паркон, и му викам слушај Кољо, сакам да раскинеме. Е кога ќе ја кажеш првата реченица, после никој не те сопира верувај ми... Затоа што после ќе ти проработи црвената алармна сијаличка дека сакаш да си среќна, а тоа не го можеш ако се чувствуваш заробено во врска што не ја посакуваш. И направи го тоа што побрзо, ослободи се` самата. :back: П.С.Со среќа мила!
 
Едноставно, не заслужуваат луѓето да се лажат. Ако не ја бива работата, не ја бива, подобро да се седне и да се направи асолен муабет, и да се разјаснат работите одколку да се ќути, дреми и избегнува неизбежното...

Кога сево ова ке го знаеш, просто е. Тргни си од себе, како би се осеќала ако ситуацијата би била обратна? Грдо е јебига, ама колку повеќе време врви, толку повеќе се влошува ситуацијата.
 
Оф, јас сум се нашла во иста ситуација и тешко е, да. Минатата врска што ја имав почна да ме гуши веќе на 6 месеци, а ни јас самата не ја знаев причината. Затоа беше најтешко, немав што да му кажам за причина и зошто раскинувам. И сето ова го одолговлекував може 3 месеци, чекав некој погоден момент за раскинување и пред се` немав храброст да го направам тоа. За сето тоа време јас се измачував самата, но истовремено и тој сфати дека нешто не штима, беше зачуден од моето ладно однесување. Кога дојде денот, кога собрав храброст да му раскинам (со тешки маки) го направив тоа како од пушка. Не измислив некоја причина како на пример дека ми се допаѓа некој друг или дека ме нервира некоја работа кај него (што и стварно немаше таква), туку му кажав дека едноствано не е веќе тоа - тоа, дека се гушам и дека е најдобро и за двајцата да се прекине таа врска. Среќа што се` заврши мирно, во најдобар ред и после тоа ми падна огромен товар од срце, се чувствував олеснето и конечно приметив како се смеам, се врати ведрината на моето лице.

Затоа, што побрзо - тоа подобро и за двајцата. Колку и да е тоа тешко, самата ќе мора да ја собереш храброста, нема некој посебен начин за да се направи тоа, ама после раскинувањето сигурно ќе се чувствуваш подобро ако таа врска цело време те гушела.
 
Досега сите се сложија.. дека прекинувањето/раскинувањето треба да биде лично. И јас така мислам.

Бидејќи сега се наближува 14.02. најдобро е да се избере соодветен момент кога нема празници,родендени или “годишнини“ :)
Значи..или ќе го направиш тоа минимум една недела пред или после.

Трето..ќе избереш соодветно место, да не биде полно луѓе, туку некаде на само.

Ќе мораш едноставно да бидеш искрена, бидејќи тоа се цени без разлика на причината за раскинување. Најди некои зборови кои нема да му го повредат егото. Пробај да пријдеш на начин..со кој и двајцата ќе се согласите, тоа значи..прашај го како ја гледа врската, дали го мисли истото што и ти, предочи му ги фактите.

И откако ќе се “усогласите“ и ќе помине гадниот дел, сврти муабет на нешто трето, другарски приод... и разделба.
 
Храброст не се собира, таа или се има или се нема...во дадените моменти и ситуации!

Колку и да е едноставна ситуацијата, или пак комплицирана, на крајот на краиштата зависи од самата личност.
Се разбира дека не е лесно да се раскине врска. Особено подолга. Но, кога не оди - едноставно не оди.
Убаво спомна Гарфилд, луѓето или имаат, или немаат храброст. Родени се како такви, и сигурно нема да се сменат само за ова.
Ако ти е драга личноста, иако сакаш да ја прекинеш врската со истата, како - не знам, но дефинитивно мора во четири очи такво нешто да се направи. Секоја друга алтернатива, било да е телефон, MSN, или штознам јас, би завршила со катастрофа. Првата мисла што ќе помине низ главата на таа личност е дека не ти значи доволно ни за во лице да му/ѝ го кажеш тоа. А ако ти е драга личноста, тогаш, логично, не сакаш такво нешто да направиш.

Garfield moze pogresno se izrazi.

Rekov vo boldiraniot del, ama moze nejasno!

Mesto VO, citaj Za!

Imas hrabrost za nesto...nemas hrabrost za drugo!

A za raskinuvanje ili prekinuvanje ne treba hrabrost, samo namisla!
 
Досега сите се сложија.. дека прекинувањето/раскинувањето треба да биде лично. И јас така мислам.

Бидејќи сега се наближува 14.02. најдобро е да се избере соодветен момент кога нема празници,родендени или “годишнини“ :)
Значи..или ќе го направиш тоа минимум една недела пред или после.

Трето..ќе избереш соодветно место, да не биде полно луѓе, туку некаде на само.

Ќе мораш едноставно да бидеш искрена, бидејќи тоа се цени без разлика на причината за раскинување. Најди некои зборови кои нема да му го повредат егото. Пробај да пријдеш на начин..со кој и двајцата ќе се согласите, тоа значи..прашај го како ја гледа врската, дали го мисли истото што и ти, предочи му ги фактите.

И откако ќе се “усогласите“ и ќе помине гадниот дел, сврти муабет на нешто трето, другарски приод... и разделба.

Изгледа не ја сфати најубаво темата. Не е поентата КАКО да се стави крај, точка на врска, поентата на темата е да се продискутира КАКО да се собере храброст, стиснат заби, КАКО да собереш воздух и да го кажеш тоа.

Знам јас што треба да направам, знам и како, само не можам, зашто сум кукавица и немам храброст, капиши?:)::smir:
 
Знам јас што треба да направам, знам и како, само не можам, зашто сум кукавица и немам храброст, капиши?:)::smir:

Крејзи ин лав, па ти немаш проблем:)
Ако знаеш и што и како, а само храброст немаш, значи што имаш: страв. А од што се плашиш? Имаше напишано, не сакам да се осеќа глупо. Само обрни внимание на тоа дека ти мислиш дека тој ќе се осеќа глупо и се кочиш поради тоа, што не мора да биде така во реалноста. Тоа може само да е така во твојата глава: имаш варијанта да тој скроз ок го прифати тоа (а може да ти се случи и тој да го сака тоа, па да му олесни и нему).
Бараш јака, комплицирана причина за да биде раскинувањето основано:), си бараш храброст да го кажеш тоа. А раскинувањето не мора да биде ни тешко ни комплицирано ни болно нешто. ’Не ми клика’, тоа е доволно јака причина и не ти треба храброст за да го кажеш тоа. Работата е што нас ни е фама сето тоа, го замислуваме раскинувањето тешко, а напротив може да е најдобрата работа која може да ти се случи тебе, и на двајцата. И него може да му е подобро без тебе, размисли дека и тој може да си најде подобра девојка од тебе:) Ова ти го пишувам не дека ти не си супер девојка, туку за да ти доловам дека ако се погодило ти да му раскинуваш бидејќи тебе не ти клика не значи дека тој мора да биде повреден и да пати. Напротив, може таму некоја баш него го чека. Може утре тебе некој ќе ти раскине, и тоа да е најдоброто нешто што ти се случило: некој таму може баш те чека:)
Ако ја смисли реченицата, не се двоуми два пати. Гледај да имаш добра реченица:) тоа е важно...и да си направиш некое задоволство после:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom