Кодот на Да Винчи уште не сум ја читал, од само една причина. Чекам да ми дојде илустрираната верзија.
Ангели и Демони ја прочитав во оргинал, ИЛУСТРИРАНА. Скоро на секоја страна има слика/слики од делата и местата кои се опишани. Така да можам да ви гарантирам дека доста работи се вистински. Браун ги интерпрертира и од тоа прави книжевно дело. Повише ми личат на генијална хипотеза прерушена у роман. Некои истражувања кои ги правел и претпоставки кои произлегле, ама сепак не сакал да ги публицира како научно дело. Сепак, многу позабавно е ако Ватиканот треба да експлодира за едно 10 саати. А&D е феноменална и генијална. Не се сомневам ни дека Кодот е добра книга. Ама како што ви кажав, одбивам да ја читам во друго издание, освен во тоа во кое треба да се чита, за да вистински се разбере.
Кога ќе ја прочитам, ќе пишам.
А тоа што кажа некој, многу КАО ја прочитале, или ја прочитале па не ја сватиле... Јебига, таков е светот... Многу малце луѓе, па и од тие што читаат, навистина ги сваќаат напишаните работи. Најдобро е кога некое дело е повеќеслојно, па секој може по нешто да однесе. Малце или многу. Зависи кој чита/гледа/слуша.