Кодот на Да Винчи

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Книгата не ја имам прочитано, но го гледав филмот (колку е веродостоен на книгата е дискутабилно секако) и заклучокот ми беше дека авторот врз основа на мали логички факти донесува големи заклучоци.:toe: Ако целта му била да ја срушиу суштината на христијанската религија, т.е. да ги смени некои убедувања, искрено не верувам дека успеал да убеди голем дел на луѓе во тоа.
 
Книгата ја читав одамна на англиски, и како помал не ми изгледаше нешто спектакуларно, сега ја препрочитав за два дена, и морам да кажам дека ми се допадна поради неизвесноста, стилот на пишување(превод) е океј, мада помалу детски. Приказната е неоспорливо интересна, добри расплети има кои не те оставаат да ја оставиш книгата. Тематиката за религијата е многу интересна за народот и за мене посебно. Лично сметам дека нема ништо духовно во христијанството, и дека црквата има вмешано прсти во скоро се во историјата. Единствено стилот не ми се допаѓа другото е океј, неизвесноста најмногу сепак.

Сум ја читал и Ангели и Демони, сега сакам да ја земам дисепшн поинт , вреди да се чита?
 
Боби[Мкд];3956910 напиша:

Па сите негови книги се слични со многу неизвесност и неочекувани пресврти само приказните се различни, ако ти се допаднале овие две сигурно ќе ти се допаднат и останатите. Мене најинтересна ми е последнава, Изгубениот Симбол со Лангдон во главна улога повторно :) При крајот има една реченица која ќе те здрви, само немој да ја прелистуваш оти нема да ти биде интересно :)
 
Ден Браун знае како да го зголеми публицитетот, активирај ќи го Ватикан се разбира. Низ цела книга читаш и се нервираш како Ватикан и Опус Деи нарачуваат убиства а тие на крај се чисти, книгата е океј и плус демократија сме, нема зашо Ватикан да јаде г*мна. Нека продолжат да лажат уште некој дека Исус не бил само еден обичен човек, кој бил моќен и почитуван филозоф. :)

Инаку јако е што цело време мислев дека францускиот инспектор е учителот, ама испадна друго. Ај после колоквиуми ќе земам друга книга од Ден Браун, доста ми е од научна фантастика, хорор и психолошки трилери.
 
Само јасно ми е дека сакаш историска турлитава. Дали иде се тоа заедно или не, не те баш занима.

Абе ти не сфаќаш. Ќерката на Александар Македонски, е снаата на зетот од синот на Клеопатра, која патем е Македонка, и Марија, полусестрата на другата Марија, е уствари брат на Александар. Е, сега се е јасно.

Он: Книгава ми е читана уште кога излезе, ама тогаш бев детиште што веруваше на се што ќе прочита.
Денес ми се допаѓаат неизвесноста и пресвртите во книгите, толку.
 
http://www.youtube.com/watch?v=0CDaN-xhrKI&feature=youtu.be
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 17:20 ---
Od Makedonija se knigite

ukradeni i preneseni vo Izrael

Da se skrie vistinata za Isus

koj e izberen od Zarite Hatorite da bide ucitel i sluga na Bog
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 17:20 ---
Od Makedonija se knigite

ukradeni i preneseni vo Izrael

Da se skrie vistinata za Isus

koj e izberen od Zarite Hatorite da bide ucitel i sluga na Bog
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom