Значи, мразам да читам нешто кога е хит и кога сите зборуваат за него, едноставно се губи суштината и бидејќи многу од луѓето тогаш таквите книги (бестселери) ги читаат колку да ги прочитаат и немаат што да кажат околу нив. Имено, близок роднина ми ја испрати со цел да ми докаже нешто (по еден долг муабет и разговори) и ќе ја прочитам прво од негово почитување па ќе коментирам тука. Ме интересира, од оние кои ја прочитаа, какво мислење имате? Што би ми рекле мене пред да почнам да ја читам, на што да обратам внимание и слично.