Друже дај значи ае еве ќе се направам дека не си за никоја партија, ти кажав не е ни битно тоа, се додека е реален човекот не ми е битно дали е партиски определен.
За време на протестите константо истиот тој го подгреваше народот да такво нешто, постојано даваше изјави како треба да се излезе сега, треба да се одбрани Македонија, итн, итн( со што јас се согласувам во целост, точно и требаше да се направи сето тоа, но он ја водеше цела таа приказна затоа што тоа му беше задачата, и единствена главна цел му беше како да се извлече од државата.Се случи што се случи, партијата не изреагира никако за да направи нешто да не се донесат тие закони а можеше и тоа како мноогу зошто народот и тоа како се покажа како свесен за ситуацијата(доказ за тоа е референдумот).
Наместо тоа се случи она што на сите им одговараше, освен на обичниот Македонец.Ако навистина сакаше да направи нешто самиот тој и сите видни членови на партијата ќе беа надвор тој ден и сите останати денови се додека не бидат сигурни дека Заев нема да може да го направи тоа што намислил.Се додека не сфатиме дека се што се случува во државата е масло на двете партии, а истите се водени од страна, никогаш нема да ни биде подобро.
Не мора да се правиш, ако знаеш или мислиш дека одработувам за некоја партија слободно кажи не би сакал некој да се кити со мој труд ... си сакам хонорари и готово!
Велиш Груки давал изјави кои нардот ги прифатил или сметаш дека ги завел со изјавите, ... големината на некој лидер се состои во тоа што прво го говори тоа што го сака народот, а второ е што прави се и води таква политика ветувањето да го исполни!
Понатаму, дали збориме за Грукито или за партијата тоа се две различни работи, особено по настаните од Куманове и пржинските сеанси, каде се виде дека Грукито само формално е лидер на таа партија а другите скоро сите играат за некој друг, по што Груки се најде како риба на суво...
Не спорам дека Грукито има голема одговорност и улога, само не се согласувам со тоа како некои ја ретушираат таа негова улога ја фабрикуваат и со таков наратив се оправдуваат велепредавствата направени од Црпе и сите други сега да не одиме во детали за секоја шуша и неговата улога.
На Груки може да му се забележи дека немал доволно храброст и мудрост да одигра и да победи, некои таквите ги нарекуваат кукавици, ама да му се става на товар дека извршил велепредавство или дека учествувал во велепредавство е класично бегање од фактите и вистината!
Грукито за време на референдумот немаше никаква политичка функција во партијата или во државата (пратеник е исто што и платеник па така тоа не се смета) не излезе и не гласаше на референдумот во собрание гласаше против тој си е чист пред историјата тоа го говорат фактите, и така ќе биде се додека некој не излезе со нови факти.
Веќе спомнав Груки бараше доверба, Македонците му дадоа доверба но не доволна да се спаси Македонија тоа остана забележано, тој победи на изборите, но мрачните сили

со нивните платеници насилно ја изменија волјата на Македонците, Грукито е жртва исто како и Македонците, за сега е така, затоа ти реков изнеси аргумент дека не е жртва ама по се изгледа немаш. Тоа што не се бореше против окупаторот и неговата петта колона со пушка во раце е друга работа, едноставно не ги бива сите за тоа, но Груки не призна не потпиша окупација не прифати окупација (сепак сеансите во пржино се во друг контекст и не се однесуваат на државата Македонија директно, и можеби најголемата грешка на грукито што мислеше дека Македонците знаат што им се спрема и дека нема да дозволат да бидат .....) не изврши велепредавство избега со изговор дека му се закануваат по животот и сега гледајќи со кого си имал работа мислам дека заканата по живото е многу реална.