27 Февруари Протестен Марш за Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.
S

silmarillion

Гостин
Od kaj pa ti znaesh koj kolku knigi prochital i dali bil do Subotica ili podaleku.
Ne se blamiraj, lechish sopstveni frustracii preku tie koi ja napushtile drzhavata (po tvoe dijaspora), a prichinata mozhebi si Ti i takvite kako tebe, voobrazenost do beskraj, treba da svatime deka ti si mnogu pameten i uspeshen a "umrenata dijaspora" e bez nikakvi kvaliteti. Toa li ti e porakata?

Ne zaboravaj, taa ista dijaspora Ti prakja sekoja godina pvekje od milijarda €, pari bez koi drzhavata/ekonomijata vekje odamna ke beshe umrena.
Не бе ќе му се потресувам на повикот на секоја селенда во уманитоба колумбус и рокдале. Таа дијаспора мене ништо ми нема дадено, и ги научи на паразитски живот сите нивни роднини кои ако не работат во РЕКот, пијат по 30 денара кафе цел ден на Широк Сокак од парите на таа дијаспора. Глуп ви е муабетов скроз, таков ќе ви биде и протестот. Прочитана е таа лектира одамна. Пред името има 200 други работи за кои треба да се протестира.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
На 27 Април, Грујо се јави од Виена и порача, тие што влегле во собрание да бидат казнети... Со тоа јасно и гласно кажа дека СДСМ-ДПМНЕ се една иста структура која си игра со народот веќе 27 години....

Така да според мене и точката број 4 не е поврзана партиски...

-Сакам да го осудам насилството кое поедници го направија, напаѓајки и лично повредувајќи поголем број пратеници. Никогаш не сум оправдувал насилство, независно кој и зошто го предизвикал. Повикувам институциите да направат брза и ефикасна истрага, да ги откријат виновниците, да обезбедат докази, а веднаш потоа да ги изведат пред суд оние кои им нанесоа повреди на пратениците, на граѓаните и на полицајците.
Ич не е битно што изјавил Грујо, ако одиме по таа логика тој претходно велеше дека треба излеземе надвор, а не да седиме дома по папучи. Всушност што друго би можел да изјави после таков вандалски чин? Дури и доколку нацистите во 30-тите години од минатиот век влезеа во германскиот парламент за да тепаат или убиваат пратеници Хитлер веројатно истото би го изјавил.
Како точката 4 не е партиски поврзана? Ова е исто како да кажеш дека Павле неписмениот и ,,неговата,, шарена револуција не беа партиски обоени.
Бетмен е член на извршниот комитет на ДПМНЕ, а тие што ги отвораа вратите од законодавниот дом се пратеници на опозицијата. Дурловски и тој другиот што се во притвор(моментално куќен) беа директно потплатени од партијата да шират параноја, а и претходно во сите емисии кои гостуваа, нели како неутрални, фрлаа со дрва и камења по Заев а го фалеа Грујо.
Целата фарса со протестите беше само и само за формираното мнозинство да не изгласа влада и да се држи државата во заложништво, додека Грујо и фамилијата не се исценкаат за да не лежат во затвор. И кој знае можда се исценкаа, ќе видиме што ќе биде во иднина.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Се сеќавам на темата што ти лично ја отвори кога те избркаа од работа од државниот архив затоа што одеше на граѓански протести.
Не е архив
Археолошки Музеј на Македонија е

Го познавам многу добро твојот тип на луѓе. Ти си вечито обесправен од некого и нешто, некоја лоша сила. Ти си вечита жртва и вечито имаш некој што те угнетува. Супер е ова кога кога си дел од легитимни протести како за Тамара и за Мартин, ама кога нема за што да се буниш а сепак се буниш, тогаш изгледаш нетокму.
Искрено мислиш ми е гајле за работата во Археолошки во која од година дена работа земав само две плати од по 18 000 денари. Тие пари надвор ги правам за два дена само од бакшиш.

Системската грешка ми смета.
тоа што некој си зема за право да се меша во тоа како работникот се чувствува
каде оди по работното време
за кого гласа
како он така и неговата фамилија до трето колено
и доколку не се помири мора да си оди од работа бидејќи нели не сме биле Шведска

Кажи ми по што СДСМ се различни од Дпмне во овој случај?
Дали партизацијата на администрацијата престана?
Дали почнаа да го почитуваат правото на слободна мисла на работникот кога ја критикува нивната работа?
Дали престанаа да ја третираат администрацијата само како гласачко тело и ништо повеќе?

За да стигнеш до твоите донкихотски ветерници ти како надпросечно интелектуален тип ќе лапнеш доста горчливи -- тотално не интелектуални премиси.
Ниту сум јас надпросечно интелектуален
ниту пак се Дон Кихотовски изјавите желбите и ултиматумите на Коѕијас Ципрас и било кој грчки политичар

Како на пример сега ти се правдаш дека си обесправен како граѓанин на БЈРМ пред светот. а сепак одбираш да веруваш во низа шизофрени паранои со кои бараш од светот да те третира како нешто што не си.
Не барам јас ништо од светот
Меѓународно право е
И право на моите потомци е како национално јазично културно религиозно ќе си се декларираат.
Барам само Грција да не се однесува ретроградно фашистички и расистички туку европски
Една земја нас не блокира во ЕУ и НАТО а не светот.
Светот се 137 земји кои ја имаат признаено Македонија под уставно име

како нешто што не си.
Кој си ти да ми кажиш кој сум или што сум?
а) нели е тоа малку повеќе расистички?
б) или за тебе тоа е европски?

Кои се овие паранои?
Да си ја пеам зајди зајди или излези момче на тераса бидејќи така ми сака срцето и душата не е параноја, право на добар вкус за музика е

- дека етничките македонци денес се истите (грчки) македонци од антиката
денешните македонци се исти ко античките колку што се денешните грци исти ко тогашните
пс: античките македонци не се грци

- дека зборуваш ист јазик како античките македонци
Никогаш не сум ни изјавил такво нешто.
Македонскиот јазик е словенски кој припаѓа на јужно словенската група на јазици

Како елемент во него од научно лингвистичка гледна точка има стотина зборови кои се користеле во античкиот македонски јазик а се користат и во денешниот македонски јазик
научници од западни универзитети така велат, не јас

Тоа не значи дека јазикот не ни е словенски туку дека има примеси од лингвистиката од старото население.

- дека генетски си поврзан со античките македонци
Игенеа така вели не јас :)
Оди ти расправај се со Швајцарски институт за наука.

- дека не зборуваш словенски јазик
никогаш не сум кажал дека македонскиот не е словенски јазик
напротив

- дека твојата генетска структура не е барем 35% идентична со секој од тука па до Сибир.
Ти за русите или за американците беше

Меѓутоа имај на ум дека настрана сето ова погоре, твоите идеали се пролазна материја.
Пролазни се политичарите и нивните глупави политики
Меѓународното право не е пролазно.
Црно на бело е напишано башка и ратифицирано

Да бевме на пример признаени како антички македонци и да сакаше власта насила да не смени во словени ти пак ќе ја лапнеше шизофрената таблетка и пак ќе се чувствуваше обесправен, само сега од спротивните идеали.
Ние не сме признаени како антички или словенски
Ние сме признаени како Македонци со македонски јазик и земја која се вика Македонија ;)

Поента: престани при здрав памет да се правиш нетокму.
Ах колку проблеми би се решиле кога би се видел пред огледало и би си ги изговорил истите овие зборови :)

- Споменици на атентатори без идеали не заслужуваат место во демократски цивилизирани општества.
Мислиш
Револуционери со идеал за слободна Македонија

не заслужуваат место во демократски цивилизирани општества.
Географски гледано:
Тоа демократски цивилизирани опшества завршува на границите со општина Чаир или Зајас или...?

во демократски цивилизирани општества.
Политичко правно:
Демократски и цивилизирано како она во Грција? :)

- не заслужуваат место пред модерни правосудни институции
а да престанеше да гледаш на тревникот пред судството и да почнеш да гледаш на пресудите во него?
Или ослободените од монструм се борци за човекови права?

- Имиња на автопати и аеродроми не се назначуваат со единствена цел да нервираат соседи
Ко така
Грција ќе го промени ли името на аеродромот во Солун?

- Поистоветување со туѓа историја е шизофрено однесување
Марко Цепенков 1899 година:
Помислете Вие, мили чеда: за велика цара Александра што се слави и до ден денеска!

- Одрекување на сопствената историја е шизофрено однесување
Точно

Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа - Гоце Делчев

- ЕУ (и останатиот читав свет) не сакаат да удоволуваат на каприците на една мала група на шизофрени словени.
Мислиш Грција ?
ЕУ и останатиот читав свет не гледам да имаат проблем со името и идентитетот ;)

- ЕУ (и УСА) сака да ни помогне економски, финансиски и инфраструктурно и ова го докажала со влевањето на дузина економски и инфраструктурни проекти и милијарди евра хуманитарна помош. Се што треба НИЕ да направиме е да престанеме да се однесуваме како несреќни жртви на паранојна шизофренија.
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите. Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива”. - Гоце Делчев
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.609
Поени од реакции
26.116
Ич не е битно што изјавил Грујо, ако одиме по таа логика тој претходно велеше дека треба излеземе надвор, а не да седиме дома по папучи. Всушност што друго би можел да изјави после таков вандалски чин? Дури и доколку нацистите во 30-тите години од минатиот век влезеа во германскиот парламент за да тепаат или убиваат пратеници Хитлер веројатно истото би го изјавил.
Како точката 4 не е партиски поврзана? Ова е исто како да кажеш дека Павле неписмениот и ,,неговата,, шарена револуција не беа партиски обоени.
Бетмен е член на извршниот комитет на ДПМНЕ, а тие што ги отвораа вратите од законодавниот дом се пратеници на опозицијата. Дурловски и тој другиот што се во притвор(моментално куќен) беа директно потплатени од партијата да шират параноја, а и претходно во сите емисии кои гостуваа, нели како неутрални, фрлаа со дрва и камења по Заев а го фалеа Грујо.
Целата фарса со протестите беше само и само за формираното мнозинство да не изгласа влада и да се држи државата во заложништво, додека Грујо и фамилијата не се исценкаат за да не лежат во затвор. И кој знае можда се исценкаа, ќе видиме што ќе биде во иднина.
Види, уште бетер ако ги викнал да излезат на улица, а после да им свртел грб... Тоа кажува дека тие се изманипулирани од Грујо. Грујо само покажа и докажа дека не е важно кој е на власт, дека се тие еден ист режим. Дека доколку утре му се деси и него вакво нешто исто и Заев ќе излезе со осуда, затоа што тие се на иста страна, која е опозитна од народот.

Све би било ОК доколку овој режим што не владее 27 години е патриотски и работи во интерес на Македонија, меѓутоа делата покажуваат дека тоа не е така. Овој режим владее со дневна политика, без да води сметка на националните интереси и затоа треба да замине во историјата. Уште повеќе што од 2001 година имаме квислиншка власт, која пуши курови на терористи и учествува на големо во умртвување на Македонското достоинство.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Види, уште бетер ако ги викнал да излезат на улица, а после да им свртел грб... Тоа кажува дека тие се изманипулирани од Грујо. Грујо само покажа и докажа дека не е важно кој е на власт, дека се тие еден ист режим. Дека доколку утре му се деси и него вакво нешто исто и Заев ќе излезе со осуда, затоа што тие се на иста страна, која е опозитна од народот.
Зар не разбра повторно?
Грујо го викна и организира народот да излезе и го организираше целиот циркуз во собранието.
Неговите зборови не се резултат на некаков си договор со другата страна, туку чиста формалност и лицемерие, која како што напишав и Хитлер би ја изговорил, без оглед на последиците. И самите учесници многу добро знаеја што ќе изјави Грујо, Грујо не ги изманипулира нив, туку личните интереси(читај кешот што го лапаа(т)).
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.609
Поени од реакции
26.116
Зар не разбра повторно?
Грујо го викна и организира народот да излезе и го организираше целиот циркуз во собранието.
Неговите зборови не се резултат на некаков си договор со другата страна, туку чиста формалност и лицемерие, која како што напишав и Хитлер би ја изговорил, без оглед на последиците. И самите учесници многу добро знаеја што ќе изјави Грујо, Грујо не ги изманипулира нив, туку личните интереси(читај кешот што го лапаа(т)).
Можеби е така можеби не.... Но види сега, секој обид за отпор ради делото на Грујо го релативизираме, значи грујо целта ја постигнал со своето лицемерие.... На крајот на краиштата тие протести беа за некои работи кои беа само во нивните глави, но испаднаа за вистинити.... Така да испаѓа дека тие протести беа на место пошто беа против двојазичност(платформата), против менување на името....Тоа што нели денешната власт тврдеше дека е само во главата на протестантите, а испадна дека е главна агенда на новата власт.

Ако они тогаш протестирале и не предупредувале за нешто што сега ни се дешава и сме против тоа, тогаш вреди да се протестира и за нивно ослободување...

А сметам дека не се партиски овие ставови од причина што ДПМНЕ преговараше за платформата од една страна и сега Мицковски му даде ветар во грб на Заев за промена на името....
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.964
мрш бре, како не ви е срам
Влегоа со помош на ДПМНЕ, нити за Македонија, нити за национални интереси.
Обични платенички гомна во заштита на газот на криминалците, кои срамотно ја искористија националната кауза.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.609
Поени од реакции
26.116
мрш бре, како не ви е срам
Влегоа со помош на ДПМНЕ, нити за Македонија, нити за национални интереси.
Обични платенички гомна во заштита на газот на криминалците, кои срамотно ја искористија националната кауза.
ОК не викам не, можеби штитеа некого и нешто....

Ама друга работа ме загрижува, тоа за што протестираа испадна дека е вистина.... Треба да ќутиме ли ?
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
99
Поени од реакции
48
од сите реални проблеми во државата вие се фативте за името, спомениците и притворените за настаните во собранието

ни поставување, ама ни рушење споменици не му го подобрува животот на народот
а за настаните во собранието, па мора веќе еднаш секој да превзема одговорност за своите постапки. влегоа насилно, дивееја во собрание и сега нема што да се организираат протести за ослободување на виновни
а „протестираа“ против промена на власта, не за друго.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
од сите реални проблеми во државата вие се фативте за името
Тоа ти е исто како да кажеш:

Од сите проблеми на куќава (не е фарбана, дува од прозорците), вие се фативте за ТЕМЕЛИТЕ.
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Се прашувам какви ставови имаа овие истиве кои џафкаат за 27 април
За инцидентите во Украина кога народ фрлаше корумпирани политичари по контејнери за смет :)

како можеше тоа да е демократија а ова да е тероризам
бранејќи си некакви невидливи влажни соништа кои постојат само во вашите глави
се удавивте во двојни стандарди и лицемерие
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
99
Поени од реакции
48
Тоа ти е исто како да кажеш:

Од сите проблеми на куќава (не е фарбана, дува од прозорците), вие се фативте за ТЕМЕЛИТЕ.
ко демек утре да го добиеме името Македонија се ќе се смени на подобро
досега фиром бевме па тоа не ни подобри ниту влоши нешто
реални проблеми кои директно влијаат на стандардот и животот на граѓаните треба да се решат
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
ко демек утре да го добиеме името Македонија се ќе се смени на подобро
Ќе имаме ТЕМЕЛ, кој ќе биде дефиниран, стабилен, и ќе можеме да се сконцентрираме на фарбањето, поправањето прозори, редење керамиди.

Вака, додека го менуваш прозорот на куќата, темелот ти тоне, и куќата ти пука на 2 дела.
И после, што правиме?
 
Член од
31 јануари 2018
Мислења
99
Поени од реакции
48
Ќе имаме ТЕМЕЛ, кој ќе биде дефиниран, стабилен, и ќе можеме да се сконцентрираме на фарбањето, поправањето прозори, редење керамиди.

Вака, додека го менуваш прозорот на куќата, темелот ти тоне, и куќата ти пука на 2 дела.
И после, што правиме?
значи додека не се реши името нема ништо друго да се среди во државава, ни економија, ни право, ни ништо друго
затоа сите избегаа во држави кои веќе имаат име
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
значи додека не се реши името нема ништо друго да се среди во државава, ни економија, ни право, ни ништо друго
затоа сите избегаа во држави кои веќе имаат име
Името може да се реши утре - прекин на преговорите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom