Како Вие би го решиле сообраќајниот хаос во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Хммм,решавање нема за тоа,почнаа да се градат милион згради,луѓето од селата па и другите градови,се населуваат постојано,а Скопје е мал град и нема толкав капацитет за населеност,се сеќавам порано за 5 минути се стигаше до град,сеа идам од град до дома,не дај боже од кај рамстор да поминам,па за 2 саати можеби и ќе стигнам.
А метро баш,во Скопје:vozbud:
Гз место нема да прднеш.
 
Ја мислам дека едно метро све ќе реши и ќе може сегде да се стига за најмногу 10мин. Скопје не е многу голем град, и нема многу туристи, така да никад нема да биде хаос како у Истамбул или у некој друг голем европски град. Вардар не е никаков проблем, како шо кажавте, Прага под Волтава има 3 линии, а не па Скопје под Вардар.
Откако ќе се стаи метро, нема ни кола да ми треба да се влечкам скеој ден од работа, Илинденска, до дома, Црниче, за цел саат!:salut:
 
Трамвај. Неговата траса треба да биде по кејот на реката Вардар.
Така добиваме еден вид надземно метро или експресен трамвај, кој непречено ќе ги поврзува двата краја на градот, а нема да поминува низ градскиот метеж, нема да бара реконструкција и долгорочна блокада на градските улици. Проектот е од Институтот за сообраќај од Диселдорф. Според проектот потребни се почетни средства од околу 5 милиони евра, кои би се обезбедиле од Градот и од европските фондови.
Проектот го промовираше Страшо Ангеловски на последните избори. Идејата му е добра. За разлика од некој скапи решенија (а со тоа и тешко остварливи) како метрото или подземниот премин (под плоштад) на актуелниов градоначалник. Само да не падне идејава во заборав.
 
Забрана за употреба на моторни возила во строгиот центар на градот.....
Начин на редуцирање на дотокот на луѓе во центарот на градот....
Довршување на обиколницата....
Ремонт на ЈСП....
 
Огромна инвестиција од околу 5-10 илјади камери поставени на секое ќоше. Компјутерски систем на испраќање казни за секој прекршок, до онаа мера каде е можно, да видам кој може да му стаи мито на компјутерот. Три месеци додека луѓето сфатат дека нема заебанција, гарант ќе се доведе за 50% подобар. Свирките и пцовките ќе се намалат за 75% а парите за камерите ќе ги извадиме уште првата година. 100% :)

И Амди тогаш рече “Mоре 102%“ :icon_lol:
 
Скопјани незнаат да возат да ти е страв да поминеш на пешачки и на зелено јас да можам по 2000-3000 евра за нив казна за секој прекршок а не онде за секс на јавно место и во кола поскапа е казната и цајкани на сите страни и да се забрани возење и зборување на мобилен истовремено.
 
Многу работа треба да се среди сообраќајниот хаос во Скопје. Проблемот е што треба нешто брзо да се направи пошто градот веќе се гуши. Најбрзо а воедно и многу ефикасно би било дислоцирање на државна болница,факултетите,парламентот и владата од центарот на Скопје на локации надвор од градот,каде полесно ќе се стигнува а и многу ќе се растерети сообраќајот во градот.
 
Ова според мене:
Во понеделник забрана за сите моторни возила освен таксисти и јавен сообарќај.
Во вторник забрана за тие што им завршуваат таблиците на парен број.
Додека пак во среда за непарен број.
Во останатите денови кој како сака, слободна вожња :icon_lol:.
 
- идеално решение е метро ама колку е реален тој сон не знам. поевтина варијанта - потребно е завршување на обиколниците и на неколку клучки и кон тоа да се додаде еден здрав систем на набљудување и казнување на прекршителите и готово , решен проблем. само треба да се има желба да се направи тоа , нема нерешливи прашања има само корумпирани властодршци. па срамота е бре луге ги продадовме сите монополи во државата а не успеавме да решиме ни еден инфраструктурен проблем .:kesa:
 
А пред тоа да се испорушат повеќе објекти и згради. Посебно делниците-артерии, а се полни со паркирани возила и само една слободна лента.
 
Сите што не се родени у Скопје гитла, присилна преселба!
Така ќе има основа да се викаме македониа и да инсистираме на тоа
не може сите у Скопје, а сакаме да се викаме Македониа
демократијата е глупост, немаме никаква стратегија за ништо
ние произведуваме зеленчук и овошје, земјоделска земја
а селата празни...
па така покрај другово, ќе се реши и сообраќајниот метеж!
 
Сите што не се родени у Скопје гитла, присилна преселба!
Така ќе има основа да се викаме македониа и да инсистираме на тоа
не може сите у Скопје, а сакаме да се викаме Македониа
демократијата е глупост, немаме никаква стратегија за ништо
ние произведуваме зеленчук и овошје, земјоделска земја
а селата празни...
па така покрај другово, ќе се реши и сообраќајниот метеж!
Или визен режим и државјанство по сите теркови.
Не бе, не се празни, само нема никој :pos2:
Стварно, на други теми се жалат пољопривреда не носела пари...дрн. А од друга страна бројот на жители во Скопје стално се зголемува и се прават со тоа дупли глупости и проблеми. Од една страна во тие места каде се намалува, а од друга страна во Скопје. И после истите тие го решаваат хаосот во Скопје. Апсурди, од неприходното земјоделство ќе купат стан негде низ аеродром, центар, карпош евентуално (за свои минимум 50-60 до 100 иљади еврејчиња...од млеко и тутун) и ќе почнат да викаат дека Скопје е хаос, не чини...ова е како во земјата на Тил Ојленшпигел-Будалија :nesvest:

А кога ја градеа Народна Банка, тогаш и булеварот беше тазе направен...абе да се отепаш чекајќи кола да мине за да ја плеснеш со снег :vozbud: И...добро функционираше тогаш, немаше никакви гужви, ни на семафор ни за паркинзи...

Еден ден ќе издигнеме на патарината кај Петровец едно вакво :pred: Скопје целосно ќе се блокира.
 
Ако се има пари, веднаш метро под земја низ цело Скопје, како и катни и подземни гаражи...:salut:
 
Ако се има пари, веднаш метро под земја низ цело Скопје, како и катни и подземни гаражи...:salut:

ама ако се има... ама пробел е сто нема пари.. мислам дека никако немозе да се реши:nesvest:
 
Метро би било идеално решение за Скопје ама за тоа нема пари
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom