Како Вие би го решиле сообраќајниот хаос во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Ај малце да му помогнам на Јован со копирањето на вести од весници на форум. :)
Јовче, извини, обеќавам дека само овај пат ќе е.




Сообраќаен колапс го демне Скопје

Петре РИСТОВСКИ

Заглавија проектите кои секторот за уредување и планирање при Град Скопје ги најави во јуни минатата година за зголемување на проточноста на возилата и намалување на сообраќајниот хаос во градот. Скопје ќе доживее сообраќаен колапс ако не се изградат неколку големи сообраќајници предвидени со Генералниот урбанистички план, предупредуваат стручњаците.
Раководителот на секторот за уредување и планирање, Аљоша Шопар, за јуни 2008 година најави градежна офанзива и почеток на градба на четири капитални сообраќајни објекти во градот, кои беа планирани да се завршат до крајот на годината. Но речиси ништо не е направено со најавеното проширување на улицата Илинденска на потегот од фонтаната во паркот до раскрсницата кај Воена болница. Стопирана е изградбата и на клучката „Детелинка“ на Бит-пазар, а се уште не е почнато ниту проширувањето на делницата од поликлиниката „Пролет“ до Тутунски комбинат. Последниот голем проект најавен од градските урбанистички служби, проширувањето на булеварот Гоце Делчев, во делот од Основниот суд до Скопски саем е изработен, но се уште не е завршен.
- Наскоро се почнува со градба на предвидените проекти за кои финансиите се веќе обезбедени и сите подготовки се направени, но Градот спори со општината Центар во врска со некои потребни градежни дозволи - вели раководителот на одделението за односи со јавноста при Град Скопје, Љупчо Пандиловски. Тој истакна дека претстојните локални избори нема да претставуваат пречка за да се промени предвидената градежна динамика, и наскоро ќе се почне со зацртаните реконструкции, а се предвидува и пренамена во булеварско решение за улицата Теодосиј Гологанов и за Јужниот булевар.
Стручњаците предвидуваат тотален сообраќаен колапс на градот доколку не се изградат неколку големи сообраќајници предвидени со Генералниот урбанистички план. Во Студијата за примарна сообраќајна мрежа изработена пред десет години акцентот се става на проширување на некои раскрсници во центарот на градот, регулирање на паркирањето и изградба на катни гаражи.
- Ако се продолжи со проширувања само на овие промашени и задоцнети проекти, кои нема да имаат посебен ефект, а дневно се возат во просек по 400.000 возила, градот за десет години ќе потоне во сообраќаен колапс - рече сообраќајниот инженер во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, Пламен Гавровски.


Од Шпиц оваја работа.
 
За да се реши собрачајниот метеж според меен мора да се градат надвозници, поточно над билеварите или улиците да се изгради улица што ќе проаѓа паралено над постечлката улица. Сам отака ќе може да се реши ово јхаос во скопје. овакво нешто имам видено во будимпешта а мсилам дека сите сте виделе барем на филмовите во америка дека има вакви решенија.
 
На времето во Југославија поради криза со нафтени деривати се донесе закон во кој имаше распоред на возење коли...оние чија регистрација завршуваше на непарен број, возеа Пон. Сре. и Пет. а оние со парен, Втор. Чет. Саб.

А ја би акнал нуклеарка.

Од први јануари вака се вози и во Будимпешта :)

Според мене, решенија со кои би се намалила гужвата и би се решил хаосот се:


  • метро
  • подземни гаражи
  • надвожњаци и
  • кога ќе се изгради обиколницата до крај, да се практикува возење по неа што повеќе, освен ако се нема намера или потреба да се застане во градот.

Ебаго, живеам во Ѓорче, не можам да поминам улица од цистерни, камиони, шлеп служби и останати транспорт возила. Што е најтрагично, ни на пешачки не застануваат, па и со голема брзина возат.
 
повеќе полицајци (поефективни по можност)
поригорозни казни
да нема више пешачки на попрометни улици, само надвожњаци и подвожнаци
Малку да се обрне внимание на таксистите и автобусите- не се нормални бре луѓето
 
Сообраќајот во СК е погрешно решен уште во старт, во времето од пред некои 25 г, кога градот почна да се шири кон северозапад и југоисток, а целиот сообраќај беше насочен саде по една сообраќајница, по „Партизанска„, која е проектирана и изведена според утопискиот линеарен град од утопистот Сорија И Мата.
Решение са сообраќајниот хаос во СК е можно со превземање на искуствата од Словенија, која го затвори градот Љубљана за мигранти а почна да ја разнива „периферијата„ во Словенија како и локалната индустрија и земјоделие. Така, во Словенија не е толку битно дали живееш во голем град или помало населено место, оти нивнито стаднард е доволно добар и за град и за село.
 
1. Метро
2. Трамвај
3. Еднонасочни, еднонасочни и еднонасочни
4. Кружни текови
....
 
Јас би направил микс од повеќе градови во светот и нивните технологии и начини на средување на хаосот. Почнувам прво со Лондон. Да се постават камери на секои 50 метри сосе радар за тие лудине што многу им се брза до кафич, кафето уште ненарачано ќе им искипело наводно. После да се направи еден вид на нова агенција, не знам во Англија како ја викаат ама во неа си имаат пуно мониторчиња и си го надгледуваат секој семафор и доколку има гужва или слично пренасочуваат сами, но има и програмчиња кои автоматски би го рпавеле тоа. Ем нема да има веќе полицајци со свирчиња па ти заморен од работа или школо се враќаш, а тој да ти пишти. Трета работа што би ја направил, а и мислам е најдобра бидејќи после нејзиното воведување во Лондон сообраќајниот метеж драстично се намали. А тоа се состои од делење на градот по зони. На секој влез на зона те снимаат со камерче и на крај на месецот си плаќаш за возење низ таа зона. Штом удриш по џеб се намалува и сообраќај. Од инфраструктура би ги средил улиците во смисла реасфалтирање ставање некои поиздржливи бои па врз нив би ставил како по амерички стил што се едни железни кутичиња ќе ги кажам и во нив има тоа мачјо око со што поубаво би се обележил патот со што би се овозможило подобро движење на колите. Исто така некои улици кај што може би ги проширил за да има повеќе ленти. Би го средил проблемот со паркинг местата бидејќи ако можете да забележите денес колите се паркираат на најдесната лента која по правило треба да се користи за коли да возат, а не да се паркираат. Исто така би поставил знаци бидејќи по градов сите знаци што се или се испочукани од кола или веќе не се чита ништо поради староста. Би ги направил поголеми обиколници поради тоа што во моменталнава состојба што сме сите што доаѓаат по автопат мораат да проаѓаат низ град и да го надополнат хаосот. Следно на листа би ми било се постави Monorail поради тоа што градов сеизмички за метро не е ептен погоден, а трамвајот би го дозаебал сообраќајот. Монорејлот е над земја и би се поставиле столбови кои не би пречеле до толку. Еве во Сиднеј им успева барем. Исто така би било да се прават тие надвожњаци ли како ги викаат ама за пешаци што се за да не се попречува сообраќајот па и за безбедност на пешаците. А да уште една работа би направил што никаде ја нема ама за нас очајно ни треба. Секој возач што би го фатиле да згреши ама некоја поголема грешка одма да му се одеде возачката и повторно да го пратат задолжително да зима часови за возење уште еднаш за да му дојде на памет, а сите знаеме дека во Скопјево скоро на сите треба тоа да се направи бидејќи не почитуваат ништо.
 
1.Обиколници,надвожњаци,мостови...
2.Гаражи
3.Семафори,радари,камери
4.Посебни патишта за тешки товарни возила(камиони,шлепери,цистерни...)
5.Поригорозни казни
и уште многу други работи за да се реши сообраќајниот хаос во Скопје.
:salut:
 
1.Метро-најдобро ке го реши хаусот
2.Транвај
3.Помодорени и повеке автобуси и посредени автобуски станици.
 
Ние еден транвај не можеме да изградиме со години, а камо ли да им текне метро да градат во Скопје, па ќе го чекаме уште неколку децении.

Само Скопје од главните градови во Европа нема транвај или метро и како јавен превоз се сметаат само автобусите од 45та. Тешко е да се реализира и транвајскиот превоз, повеќето улици ќе се еднонасочни, но чини помалку.
Изградба на метро е повеќе од добро. Но ние не сме спремни за таков голем и скап проект. Тоа само на сон. Барем засега.
 
ма какво метро тоа нешто во Скопје никогаш и нема да го има
плус и Скопје е изграден на таков начин што не е возможно метро да има
а подземните улици и не се така лошо решение
 
1 и последно би им дал на сите граѓани на Македонија по 100 велосипеди они мене автомобилите.Автомобилите продажба во друга држава и чиста сметка долга љубов.И исто така забрана за патување на странски државјани со автомобил низ градот.
 
Што повеќе улици едносмерни да се направат.
 
1. надвозници,скапа неизводлива работа

2.едносмерни улици со дозволено полукружно вртење...функционира
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom