Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
Ај малце да му помогнам на Јован со копирањето на вести од весници на форум. 
Јовче, извини, обеќавам дека само овај пат ќе е.
Сообраќаен колапс го демне Скопје
Петре РИСТОВСКИ
Заглавија проектите кои секторот за уредување и планирање при Град Скопје ги најави во јуни минатата година за зголемување на проточноста на возилата и намалување на сообраќајниот хаос во градот. Скопје ќе доживее сообраќаен колапс ако не се изградат неколку големи сообраќајници предвидени со Генералниот урбанистички план, предупредуваат стручњаците.
Раководителот на секторот за уредување и планирање, Аљоша Шопар, за јуни 2008 година најави градежна офанзива и почеток на градба на четири капитални сообраќајни објекти во градот, кои беа планирани да се завршат до крајот на годината. Но речиси ништо не е направено со најавеното проширување на улицата Илинденска на потегот од фонтаната во паркот до раскрсницата кај Воена болница. Стопирана е изградбата и на клучката „Детелинка“ на Бит-пазар, а се уште не е почнато ниту проширувањето на делницата од поликлиниката „Пролет“ до Тутунски комбинат. Последниот голем проект најавен од градските урбанистички служби, проширувањето на булеварот Гоце Делчев, во делот од Основниот суд до Скопски саем е изработен, но се уште не е завршен.
- Наскоро се почнува со градба на предвидените проекти за кои финансиите се веќе обезбедени и сите подготовки се направени, но Градот спори со општината Центар во врска со некои потребни градежни дозволи - вели раководителот на одделението за односи со јавноста при Град Скопје, Љупчо Пандиловски. Тој истакна дека претстојните локални избори нема да претставуваат пречка за да се промени предвидената градежна динамика, и наскоро ќе се почне со зацртаните реконструкции, а се предвидува и пренамена во булеварско решение за улицата Теодосиј Гологанов и за Јужниот булевар.
Стручњаците предвидуваат тотален сообраќаен колапс на градот доколку не се изградат неколку големи сообраќајници предвидени со Генералниот урбанистички план. Во Студијата за примарна сообраќајна мрежа изработена пред десет години акцентот се става на проширување на некои раскрсници во центарот на градот, регулирање на паркирањето и изградба на катни гаражи.
- Ако се продолжи со проширувања само на овие промашени и задоцнети проекти, кои нема да имаат посебен ефект, а дневно се возат во просек по 400.000 возила, градот за десет години ќе потоне во сообраќаен колапс - рече сообраќајниот инженер во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, Пламен Гавровски.
Од Шпиц оваја работа.