Треба да ги затвориме крилата затоа што им се неверојатно опасни, и да не грешиме многу во напад затоа што имаат страшна контра. Играат најубав ракомет во групата но се надеваме дека тоа нема да им помогне.
Незнам дали некој има информација околу повредените вчера, дали се опоравени за мечот. Мојсоски бил во болница уште пред мечот со Германија поради некаков хематом на градите, а се виде и на мечот дека не е фит. Алушевски и Ѓоргоноски исто така заработија повреди вчера. Се надевам дека Раде Стојановиќ конечно ќе може да настапи и да биде изненадување во вистински момент. Не ни работи левата бековска позиција, ако проработи, тоа значи повеќе простор за Кире и многу поопасна Македонија.
Сакам уште сега пред мечот да кажам дека имаме гнасна навика да ги навредуваме, а некои дури имаат и таква дрскост да ги пцујат нашите играчи. Тоа е резултат на нашата спортска (не)култура и примитивизам. Обидете се да сватите дека овие наши играчи даваат се од себе, на тој начин стигнаа до тука елиминирајќи олимписки вице-првак, а победија и светски вице-првак. Играат со силни репрезентации од светскиот врв, не играат со Буркина Фасо. Го оставаат срцето на терен и затоа после мечот, без разлика дали ќе победиме или не, треба да им се честита затоа што на вистински начин ја претставуваа државата, ги освоија симпатиите на неутралната спортска јавност, и изедоа толку ќотек колку што сите ние на форумов не можеме ни да замислиме.
Затоа, што и да биде денес, ги заслужија нашите честитки и нашата почит.
