Дали фрлањето во вода по крстот е христијански?

  • Креатор на темата Креатор на темата IZVOR
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Дали фрлањето во вода од страна на православните верници во реки базени и езера има нешто со христијанството?

Според Библијата Христос не заповедал вакво нешто, ниту пак апостолите се фрлале во вода по некакви крстови.

Ова е само еден од повекето ритуали што ги измислила православната црква и што немаат ништо заедничко со христијанството!
 
Но според библијата не ни забрането да се фрлаат по крсто во водата. Нигде то не е споманто како грев. Дали негде во библијата е спомнато воопшто крстот да биде симбол на верата нова ?
 
И ова е еден од оние суеверни ритуали како што е например принесувањето жртва (колење јагне),а никаде во библијата не пишува дека треба да се прави нешто такво,напротив Господ "рекол" - НЕ УБИВАЈ
 
Фрлањето крст нема никаква врска со христијанството.....баш го гледав преносот на ТВ и сфатив дека е тоа пак на некој начин саможртвување, зашто фрлање во ладна вода, во јануари, не е ништо друго туку жртва, со цел нешто да Му се докаже на Бог....а Бог кажа дека единствена помирителна и прифатлива жртва е Исус Христос и не знам какви христијани се тие што не ја почитуваат Неговата жртва, а мислат дека со својата жртва ќе постигнат нешто....и кога ги видов после фрлањето крст луѓето што си црпеа вода од полниот со фекалии Вардар.....тоа е тотално неразумно и најмалку христијански.
Затоа е грев, зашто како прво се воведува во опасност храмот на Светиот Дух-телото, потоа се жртвува истото тело, и повторно се жртвува и се воведува во опасност телото на оние кои се мијат или уште полошо пијат од водата во Вардар.
А да не збориме дека ова нема никаква врска со слегувањето на Светиот Дух и јавувањето на Бог....како што и Духовден нема врска со одење и чмаење на гробишта!!!!
Никаква Библиска основаност, како впрочем и на секоја традиција или обичај!!!
 
Колењето јагниња, и воопшто, колењето и пролевањето крв не е ради Христа туку ради антихристот. „..Милост сакам а не жртва...„ вели Творецот.
 
Фралањето на крстот во вода е уште една заврзлама според која во преден план се разните обреди и суеверија кон свети предмети...Демек ако го фатиш крстот те следува среќа и здравје цела година..како среќен претплатеник на Телекабел.. оти и така скоро секаде главната награда е телевизор..фуј...А кај е тука Бог?

До кога бе ќе им се поклонувмае на разни предмети ќе ги бакнуваме и ќе веруваме во нив...ќе ја искажуваме нашата храброст пливајќи во фекалиите на Вардар и другите реки и полупразни базени..знаете ли воопшто зошто се "слави" овој ден и што треба да претставува за еден Христијанин?
 
Да не беше по желба Божја да се фрла крст и тој што ќе го фати да добие телевизор, Тој тие грешници одма би ги убил со гром или камен од небото. Пошто Тој остава така да си тече обредот, значи му е интересен, занимлив и си го сака.
 
Или ги дели овците од козите
 
Се што еден верник го прави а не умри одма мистериозно е оправдано пошто Бог така ги казнува грешиците. Амкање јајца, вапцање јајца коледарење, палење огнови фрлање крст, излети уз печења салатки ракија и вино и пригодна новокомпонована музика... се е то во слава на Бог. Ако нему не му се бендиса таков начин има прилика да му каже на луѓето - ќе му пушти чума или потоп или дожд од камења или едноставно ќе ги убие сите. Така прави Бог.
 
Се што еден верник го прави а не умри одма мистериозно е оправдано пошто Бог така ги казнува грешиците. Амкање јајца, вапцање јајца коледарење, палење огнови фрлање крст, излети уз печења салатки ракија и вино и пригодна новокомпонована музика... се е то во слава на Бого. Ако нему не му се бендиса таов начин има прилика да му каже на лушето - ќе му пушти чума или потоп или дожд од камења или едноставно ќе ги убие сите. Така прави Бог.
Така правел..сега се чека на второто Христово доаѓање..вратата на милоста сеуште не е затворена..
 
Така правел..се се чека на второто Христово доаѓање..вратата на милоста сеуште не е затворена..
То не е фер. Испотепал еден куп луѓе за ситници а денес за многу покрупни работи не реагира. Се променил бог ? еволуирал. Шо да каже сега кутрио грешник кој е каменован до смрт оти во Сабота собирал дрва кутрио да се згрее со фамилијата а денес отворено се венчаваат в црква маж со маж со церемонии и ништо. Вака само незадоволство и револт кон Бога ќе се напраи. Не може бе така со мито и корупција некој да помине со маки а некој ништо да не му е!
 
То не е фер. Испотепал еден куп луѓе за ситници а денес за многу покрупни работи не реагира. Се променил бог ? еволуирал. Шо да каже сега кутрио грешник кој е каменован да смрт оти во Сабота собирал дрва кѕутрио да се згрее со фамилијата а денес отворено се венчаваат в црква маж со маж со церемонии и ништо. Вака само незадоволство и револт кон Бога ќе се напраи. Не може бе така со мито и корупција некој да помине со маки а некој ништо да не му е!
Не бе...му паднало жал за нас...не возљубил..па за да не не сотре оти немало ниеден праведен вовел друга тактика..Само не се сеќирај..ќе дојде време да се прави есап...

За темата уште да кажам...освен пливачките способности ..можете да ги видите и кулинарските и тоа во дворовите на некои цркви каде жртвата на Исус се заменува со една телешка или нешто поситно..
Се ме потсеќа не еден стих...
Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничка пештера!”
Оти имаш примери каде крстот оди и на лицитација...абе топ шоп
 
Колењето јагниња, и воопшто, колењето и пролевањето крв не е ради Христа туку ради антихристот. „..Милост сакам а не жртва...„ вели Творецот.

аха значи попе тогаш и овој исус му давал жртва на сатаната, а и ти си ждерел негдена некоја слава со туги пари купено јагне,заклано како жртва за гаволот на велигден
 
Не бе...му паднало жал за нас...не возљубил..па за да не не сотре оти немало ниеден праведен вовел друга тактика..Само не се сеќирај..ќе дојде време да се прави есап...

За темата уште да кажам...освен пливачките способности ..можете да ги видите и кулинарските и тоа во дворовите на некои цркви каде жртвата на Исус се заменува со една телешка или нешто поситно..
Се ме потсеќа не еден стих...
Мојот Дом ќе се нарече Дом на молитва за сите народи,’ а вие направивте од него разбојничка пештера!”
Оти имаш примери каде крстот оди и на лицитација...абе топ шоп

Eдноставно бог ослабел во своите моќи. Појќе нема сила да потегни поголема акција како во деновите кога бил млад и полн со сила. Али то е судбина со сите богови, почнуваат како млади и силни па созреваат и на крај остаруваат - слабеат и венеат неповратно. То му се случило на многу богови порано, така ги снема боговите на Маите, Ацтеките, Античките богови, боговите на Асир и Вавилон, на Египет. Христијанскиот бог ете издржал некои 3000 години (ако го броиме и старозаветното доба што не е баш најдолго али не е ни најкратко - просек. Иди време на нови богови кои можеби веќе се раѓаат и кои ќе не водат во следните милениуми.
 
Држи ја таа мисла...еден ден ќе ти треба...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom