Грбовите на Македонија - Македонска Хералдика!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Значи не постои официјална (ре)констукција, туку само ликовно графички приказ (сл 47/1995). Оваа дадена тука е мој обид за (ре)констукција врз база на дадениот приказ.

Хоризонталните и вертикалните краци се сечат онака како што се сечат, што се гледа од двата цртежа. Попроблематични се диагоналните краци кои се сечат на впишаниот правоаголник во помошната кружница со однос на страните 3:4.

koNSTRUKCIJa-detalr.jpg
 
Дали постои комбинација од краците и центарот на знамево, како скриен мотив, која може геометриски да ја прикаже Давидовата ѕвезда?

Само онака прашувам, интересна ми стана дискусијава.
 
Слабо веројатно. За Давидовата ѕвезда потребно е истите да се преклопуваат.
 
Правено врз база на шаблонот за реконструкција на знамето изработен од Јоновски.

Сите линии се оние веќе поставените од Јоновски, освен двете дијагонали (мислам и дека се паралелни со дијагоналата која го спојува горен лев со долен лев агол и поминува низ центарот на знамето) кои се додадени на тој начин да поминуваат низ точките кадешто се сечат проектираните линии од долен лев зрак и правоаголникот (долната) и точките кадешто се сечат проектираните линии од горен десен зрак и правоаголникот (горната). Има и други начини да се изведат дијагоналите.

vuhqb.jpg
 
Мошне инвентивно, морам да признаам.

Туку, колку зраци има сонцето на грбот на РМ?
grb-na-RM.jpg
 
На социјалистичкиот грб (иако е “село весело“) морам да признам дека тој што после II Св. Војна го осмислил, бидејќи не можел јавно, скришум вметнал многу работи што едноставно му “лежеле“ на душата...
Така сонцето е 16-зрачно (8-те зраци се во половината од сонцето што не е изгреана) а бидејќи сонцето изгрева од исток - планината што е претставена е планината Пирин (дури, на една фотографија што сум ја видел изгледот на оваа планина е идентичен со приказот на грбот), делот што е во подножјето на планината е поделен на три дела (исто како и Македонија) од кој едниот дел е претставен со море (не е ограничено од долната страна, ако беше ограничено - тогаш ќе беше езеро), сите делови излегуваат на тоа море и сите делови и морето се греени од истотото сонце. Македонските бои (црвена и бела) се прикажани со лентата во подножјето, а афионот (мак) го содржи името македонско (ова е хипотетичко, мое мислење).
Оној што го цртал овој грб, сепак знаел што прави (иако не е во хералдички стил туку во социјалистички).
 
Заборави да додадеш дека цветот на тутунот се претворил во три бели петокраки.. :)
 
Во прво време (Н.Р Македонија 1946) и лентата била со испишан текст "Н. Р. Македонија".

Сонцето било со 14 видливи зраци (плус два зрака кои не се гледаат и се препокриват со хоризонтот).

Еве од служен весник (30 јулу 1946):

CoA%2BMK.png
 
Еве еден интересен обид за адаптација на тогашниот постоечки грб на Македонија публикуван во еден број на "Македонска Нација" во 1972 г.
Списанието е издавано претежно во Германија, а подготвувано од Драган Богдановски.

Наместо едната има три ѕвезди со јасна симболика на трите дела на Македонија, исто и со трите факели во средината, црешовото топче и датата на Илинденското востание, итн.

Makedonski_grb_MN_1972.jpg
 
На социјалистичкиот грб (иако е “село весело“) морам да признам дека тој што после II Св. Војна го осмислил, бидејќи не можел јавно, скришум вметнал многу работи што едноставно му “лежеле“ на душата...
Така сонцето е 16-зрачно (8-те зраци се во половината од сонцето што не е изгреана)...

Василије Поповиќ Цицо можеби скришно вметнал нешто но тоа дефинитивно не 16 зрако сонце. Тој мит започна дури 50 години по креирањето на грбот.
Ако осумте видливи зраци се пресликаат од другата страна на сончевиот диск, како што се предлага, тогаш имаме проблем, погледнете на гифот.
sonce.gif
 
Не претендирам на вистина (далеку од тоа, не сум ни стручен за тоа) но сепак е симптоматично што се гледа половина сонце со 8 зраци, а сепак ова е осовременета верзија на стариот грб и зраците се можеби поправилно распоредени или сртот на планината е понизок...
 
Еве еден интересен обид за адаптација на тогашниот постоечки грб на Македонија публикуван во еден број на "Македонска Нација" во 1972 г.
Списанието е издавано претежно во Германија, а подготвувано од Драган Богдановски.

Наместо едната има три ѕвезди со јасна симболика на трите дела на Македонија, исто и со трите факели во средината, црешовото топче и датата на Илинденското востание, итн.

Makedonski_grb_MN_1972.jpg
Прв пат го гледам грбов и уште нешто приметив што ти заборави да го кажеш.
Под црешовото топче има скали со крстови на нив, што најверојатно ги означуваат гробовите на македонските војводи кои загинале за слобода на Македонија.
Инаку мислам дека има цела приказна во овој грб, т.е патешествие, прикажано со цртеж во перпектива со една точка на недоглед.
Ова што следува е мое толкување, не сум историчар, но ги пратам овие дискусии редовно.
На цртежот најблиску е поставено името на земјата опишано со букви, плодноста на почвата опишано со житото, нејзината мачна историја опишана со ланците, востанието опишано со датумот, религијата на македонците опишана со крстот, македонското писмо опишано со буквит позади факелите на бела позадина и оганот за слобода што горел во срцата на секој македонец од тогаш на три дела разделената Македонија опишан со трите фаќели.
Во втор план е поставен тешкиот пат на борба на Македонците нацртан веднаш позади факелите. Изгубените животи на борците се нацртани со малите крстови и скалилата кои асоцираат на гробови. Непокорливоста и непрекинатоста на борбата е опишана преку црешевото топче кое е поставено да нишани нагоре што означува спремност за пукање т.е борба. По топчето следува победата и ослободувањето, слободната земја која изобилува со вода, високи планини, сонце кое изгрева и бесконечно слбодно небо, слободен воздух, слободен здив.
Трите звезди означуваат среќен и слободен и вечен живот на Македонецот во својата слободна земја.
 
Василије Поповиќ Цицо можеби скришно вметнал нешто но тоа дефинитивно не 16 зрако сонце. Тој мит започна дури 50 години по креирањето на грбот.
Ако осумте видливи зраци се пресликаат од другата страна на сончевиот диск, како што се предлага, тогаш имаме проблем, погледнете на гифот.
sonce.gif

Сепак, изборот на 8 краци би требало да има некое значење.
 
Сепак, изборот на 8 краци би требало да има некое значење.

Законот за знамето од 1992 до 1995 година:
"Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци..."

Законот за знамето од 1995 година:
"Знамето на Република Македонија е црвено со златно-жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци..."
--- надополнето: Oct 14, 2011 4:33 PM ---
Еве еден интересен обид за адаптација на тогашниот постоечки грб на Македонија публикуван во еден број на "Македонска Нација" во 1972 г.
Списанието е издавано претежно во Германија, а подготвувано од Драган Богдановски.

Наместо едната има три ѕвезди со јасна симболика на трите дела на Македонија, исто и со трите факели во средината, црешовото топче и датата на Илинденското востание, итн.

Makedonski_grb_MN_1972.jpg

Колку за поткрепа за задебеленото
VMRO.png

Знаме од основачкото собрание на партија чиј член бил и Богдановски. Јасно се гледаат трите црни ѕвезди и иницијалите В Е П
 
Законот за знамето од 1992 до 1995 година:
"Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци..."

Законот за знамето од 1995 година:
"Знамето на Република Македонија е црвено со златно-жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви знаци..."

Сепак во двата случаи, сонцето е со осум краци од кои сите се гледаат.

На грбот имаме сонце со одреден број зраци од кои 8 се видливи. Битно е колку се видливи а уште побитно е колку зраци во целост има сонцето. Не е исто дали 8 се гледаат од 8, или од 16, или од 32 или од 38. Сепак целокупниот број на зраци го дефинира видот на сонцето, односно неговиот изглед.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom