Еве еден интересен обид за адаптација на тогашниот постоечки грб на Македонија публикуван во еден број на "Македонска Нација" во 1972 г.
Списанието е издавано претежно во Германија, а подготвувано од Драган Богдановски.
Наместо едната има три ѕвезди со јасна симболика на трите дела на Македонија, исто и со трите факели во средината, црешовото топче и датата на Илинденското востание, итн.
Прв пат го гледам грбов и уште нешто приметив што ти заборави да го кажеш.
Под црешовото топче има скали со крстови на нив, што најверојатно ги означуваат гробовите на македонските војводи кои загинале за слобода на Македонија.
Инаку мислам дека има цела приказна во овој грб, т.е патешествие, прикажано со цртеж во перпектива со една точка на недоглед.
Ова што следува е мое толкување, не сум историчар, но ги пратам овие дискусии редовно.
На цртежот најблиску е поставено името на земјата опишано со букви, плодноста на почвата опишано со житото, нејзината мачна историја опишана со ланците, востанието опишано со датумот, религијата на македонците опишана со крстот, македонското писмо опишано со буквит позади факелите на бела позадина и оганот за слобода што горел во срцата на секој македонец од тогаш на три дела разделената Македонија опишан со трите фаќели.
Во втор план е поставен тешкиот пат на борба на Македонците нацртан веднаш позади факелите. Изгубените животи на борците се нацртани со малите крстови и скалилата кои асоцираат на гробови. Непокорливоста и непрекинатоста на борбата е опишана преку црешевото топче кое е поставено да нишани нагоре што означува спремност за пукање т.е борба. По топчето следува победата и ослободувањето, слободната земја која изобилува со вода, високи планини, сонце кое изгрева и бесконечно слбодно небо, слободен воздух, слободен здив.
Трите звезди означуваат среќен и слободен и вечен живот на Македонецот во својата слободна земја.