Како и да е, ако јас не сакам да имам со некој прв пат секс премногу рано, а тој го бара тоа од мене и инсистира, тогаш не ме почитува доволно. Сепак, машките по дифолт треба да си почекаат за секс. Не да ја молат, ама кога и таа ќе се согласи на тоа, тогаш.
Немој молимте. Кој, кога и каде го напишал ова правило, да ми објасниш? Или, по дифолт ви е арно кога знаете дека дечкото ве посакува (или му се ебе, едноставно), па сеа ќе изигравате пи*ки и ќе покажувате колку сте тоа вие карактерни, за да добивате се повеќе внимание. Ова околу болдираното...
Даље: мое длабоко убедување е фактот дека машките (да, генерализирам, како што се генерализираат многу работи на нивото машки-женски, во теми за љубов) многу подобро, посозреано и пореално ја сфаќаат секоја врска во нивниот живот. Што е најбитно - многу попрактично. Значи, јас не гледам дисреспект од страна на дечкото, доколку тој после недела дена идење со девојчето побара да има секс. Поради проста причина што тие одат...од старт, помеѓу нив постои некаква врска на емоционално ниво, која е потребата да таа не биде навреме комплетирана и со врска на телесно ниво? Оти, ако јас се прашувам, во временскиот период од кога машкото за првпат ќе и побара на девојката, до моментот додека девојката ќе му „даде“, не е само машкото во период на исчекување и размислување за тоа...многу повеќе е девојката, која во тоа време, непотребно сака да се бори со сопствените желби (а и потреби, па богу фала).
Или јас погрешно сум разбрал ко мал, или холивудските филмој навистина се тиња. Таму, во 95% од случаите, после првиот бакнеж на „заљубените“, следува бурно влагање во врата од стан и затемнета сцена демек - знајме понатаму што следува. Дали тоа климата е таму поинаква, или немаат сексуална едукација ова америте, појма немам; оти по на ваше, испаѓа тоа второто... Останатите 5% беа од тинејџерските филмој, каде после матура партнерот ја враќа партнерката со кола, па и со бакнеж ќе е задоволен.
Не би да ја правам широка од зборов, може немаше ни да пишам на темава ако не бев испровоциран од погоре цитираната реченица. Крајната мисла е: Врската се раѓа поради обострана привлечност, телесна, и психичка. Денес, да сме троа реални, повеќе ради телесна привлечност. Ако е тоа така, беспредметно е да се отвара вештачки гап на исчекување, за да се почне со сексуален однос.