Генетски модификации

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
А зашто да се трошат пари на растенија кога вака можеме од корен да смениме се......да нема глад.

п.с. Да тоа е решението можеме да смениме се се што ни смета да го нема ЈЕС! Го имаме решението, за едно 10 години со плави картони во амбуланта, ти даваат одобрување и оп си се модифицирал во што сакаш.

Зенг за да може да живеат луѓето мора да конзумираат храна, така да евентуално може да се направи генетска селекција за ширење на тие што имаат таков метаболизам што помалку имаат потреба да јадат, со други зборови сеуште важат основните закони на термодинамиката. Ама и во тој случај тоа пак ќе има потерба од храна а со оглед на растечкото човеково население мора да се зголемува и количествотот на храна кое се конзумира.
 
имаше еден филм Гатака, постар е, од 1997, баш на тема генетски модификации, вреди да се гледа. он топик-ги оправдувам генетските модификации. лекот за многу болести се гледа во генетски модифицирани стем клетки, превенцијата од многу болести исто така, леукемија, други видови рак, потенцијално би се спречиле генетските пореметувања. секако, се додека тоа не стане хитлеровското создавање на совршена раса. и, за точката дали Бог го оправдува тоа, кога веќе закачивте, да не било оправдано, човекот не би стигнал до тоа сознание.
 
Не го оправдувам потегов воопшто. Се` што е работа со ембрион не оправдувам затоа што сметам дека е толку вештачко и модернизирано, што ми е мака од тоа. Кај веќе ретко има работи кои се природни, па уште мора и човекот да се одредува каков ќе биде? Ова изгледа како добро дело секако, но треба да имам празна глава за да поверувам дека на тоа ќе остане и нема да дојде денот кога ќе се оди во шопинг по дете. А и дека има само позитивна намера и цел во овој проект ... исто тешко ми е да поверувам. Би можеле научниците кои стигнале до тој степен, пред тоа да откријат лек за таквите болести, нели? Ако може да променат некој ген, нели изгледа поедноставно да се најде лек?
И друго ... нелогични се сите споредби кои ги прочитав на темава. Исто е како да земаш апчиња кога имаш грип, ќе дојде денот кога како мобилните ќе биде достапно ова модифицирање до сите итн. Аха ... секако дека да. Јас кога земам апче, дали нешто генетски менувам на себе? Уништувам некој вирус (на пример) или што и да е што е страно тело во мене или си ги менувам бубрезите и нивната функција? Или па ова модифицирање ќе достигне до тој степен еден ден на картони да биде? Смех смех ...
А во врска со играњето Бог ... што е чудно и толку ниско за исмевање? Зарем не е така? Зарем било каквата промена (додавање, одземање и сл) на ембрионот не е мешање прсти во нешто што не е на нас да го правиме? Или ете, видете во кој век живееме, па ако некој може слободно нека биде и над Господ? Кул.
Секој си има право на свое мислење, но јас, може и првенствено поради мојата вера - не го прифаќам ова. Тешко ми е да сфатам дека некој запишал за мене кога ќе се родам, кога ќе умрам и од што, но поради тој страв сигурно нема да прифатам нешто слично на ова.
 
Патем да ве потсетам од каде е добиено најголемото знаење во врска со генетските модификации.
Од нацизмот и концентрационите логори каде се вршени најстрашни испитувања на човечкото суштество.

Така да самата наука си влече многу лоша карма.
 
Бидејќи гледам дека и овдека скоро никој не разликува помеѓу генетско модифицирање и генетска селекција, само на кратко ќе ви разјаснам. Тоа што е напавено во англија не е во никој случај генетско модифицирање ниту не е менување на гени. Тоа што е напрваено е вкрсување на две единки кои имат барем еден хромозом кој не го носи генот кој прозведува ризик за рак на дојка и од добиените ембриони единтификуван е ембрионот кој ги примил двата хромозоми кои не го содржат тој ген односно хомозиготен ембрион, кој е пуштен да се развива и расте, и ќе биде проследено колкав ефект тоа навистина ќе има во однос на опасноста од заболување од специфичниот рак.
Ништо не е во овој случај генетски модифицирано само селектирано.
А да и Дивајн, генетски болести не се лечат со лекови.

За времето на постоење на германскиот нацизам и концентрационите логори уште не била разјаснета хемиската структура на ДНА а не па да се правее генетски модификации.
 
Бидејќи гледам дека и овдека скоро никој не разликува помеѓу генетско модифицирање и генетска селекција, само на кратко ќе ви разјаснам. Тоа што е напавено во англија не е во никој случај генетско модифицирање ниту не е менување на гени. Тоа што е напрваено е вкрсување на две единки кои имат барем еден хромозом кој не го носи генот кој прозведува ризик за рак на дојка и од добиените ембриони единтификуван е ембрионот кој ги примил двата хромозоми кои не го содржат тој ген односно хомозиготен ембрион, кој е пуштен да се развива и расте, и ќе биде проследено колкав ефект тоа навистина ќе има во однос на опасноста од заболување од специфичниот рак.
Ништо не е во овој случај генетски модифицирано само селектирано.
А да и Дивајн, генетски болести не се лечат со лекови.

Значи, таков селектиран ембрион накнадно се става во мајката да се развива?
А за генетските болести ... кажав само дека ова не е исто со пиење апче за грип и дека ми е пологично да се најде лек за рак (на него мислам дека за него се зборува) отколку еден ваков изум на селекција, со што сакал - нејќел, пак испаѓа дека се креира дете од човек.
 
Лично јас мислам дека ова е еден вид на лег, без разлика дали е на генетско ниво или на клеточно...
И не се менува воопшто ништо, туку едноставно се трга една единствена предизпозиција. Кога веќе има луѓе кои ја одредуваат бојата на очите на децата пред раѓање, зашто да нема луѓе кои ќе си ги заштитат децата од рак

Би можеле научниците кои стигнале до тој степен, пред тоа да откријат лек за таквите болести, нели? Ако може да променат некој ген, нели изгледа поедноставно да се најде лек?
Уништувам некој вирус (на пример) или што и да е што е страно тело во мене или си ги менувам бубрезите и нивната функција?
Секој си има право на свое мислење, но јас, може и првенствено поради мојата вера - не го прифаќам ова. Тешко ми е да сфатам дека некој запишал за мене кога ќе се родам, кога ќе умрам и од што, но поради тој страв сигурно нема да прифатам нешто слично на ова.
Генот на човекот е далеку полесен за променување, отколку одредувањето на структурата на заболените клетки, поточно она на кое тие се неотпорни, па затоа е полесно да се модифицира генот, а не да се најде лек за болеста. Со самото тоа што ова е најдено пред да се пронајде лекот, тоа значи дека било и многу полесно. А со прекумерено користење на хемотерпаии (зборам за случајот) нели доаѓа до опаѓање на коса?Нели може да го забрза развитокот на болеста?И исто така, незнам дали знаеше дека апчињата се доста штетни за организмот, затоа што предизвикуваат нус ефекти ако не одма, по некое време.
Не е дека те уверувам дека грешиш, туку сакам да ти покажам само дека медицината и до сега била на ова ниво, само не била тлку радикална.
Како и да е, те поддржувам дека не е во ред тоа што еден ден да се оди по шопинг за деца!!!
 
Ова со генецкиве мутации е опасна работа и сметам дека не треба баш да си играат научнициве многу многу, зошто ако и пркосиш на природата таа има свој механизми за да си врати се по свое (кога тогаш) и тука можат да настанат опасни проблеми бидејки го кршат основното правило на природата а тоа природната селекција (најиздржливите опстануваат)...
Сметам дека денешнава наука уште не е толку совршена за да може да си играат со генетика. Па нека пројде некое време па дури тогаш ќе ги видиме правите резултати , а немањето некаков ген или незнам што (не се разбирам многу во медицина) сметам дека не е право мерило за тоа дали успеале да пронајдат нешто.
 
па нормално дека ги оправдувам..сето тоа е за да се помогни на човештвото, не оправдувам генски модификаци ради естетика (вакви очи такви очи ) а ова е сосема друго
Bacillus gagous многу добро ви објасни..свака част колега ;)
има и други триста генетски заболувања, многу потешки, и ако успеваат се да отстранат по пат на генетски модификаци ќе биде супер...а конкретно за ракот, знаеме дека има лек ама ја знаеме и старата..подобро да се спречи, одошто да се лечи :smir:
 
Го оправдувам и тоа како. Ако може да се спаси зошто да не. Од една страна ќе се подобри квалитетот на животот што не е така мала работа.
Но под никој случај не смее да се злоупотреби за разни цели како експериментирање, подмладување итн.
Треба да се користи за тешки болести како рак, леукемија и др.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom