Генетски модификации

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Ќе гледам почесто да ја ажурирам темава и со други текстови па како за почеток една сторија, која верувам нема никого да остави рамнодушен.




Генетски модификуваното бебе не може да заболе од рак



Во лондонската болница Јуниверсити Колеџ е родено првото женско бебе во Велика Британија кое е генетски селектирано дека, како возрасна девојка и жена, нема да заболе од генетска форма на рак на дојките и на јајниците.
Претставник на болницата соопшти дека мајката и бебето се наоѓаат во добра состојба и напредуваат нормално по породувањето што е извршено оваа недела, јави дописникот на МИА од Лондон.
Процесот на „генетско обезбедување“ е извршен така што ембрионот е претходно скениран и кога кај него е дијагностицирано дека девојчето е изложено на ризик од 80 отсто да заболе од рак на женските органи. Жените од три генерации наназад, во семејството на таткото на бебето, биле зафатени со канцерогено заболување уште во нивните дваесети години од животот.
Пол Серал, експерт за вештачко оплодување во оваа лондонска болница, изјави дека родителите на новороденчето се поштедени од ризикот нивната ќерка да се соочи со истата судбина што ја имале жените од семејството на таткото на бебето и да заболе од рак.
За испитување пред имплантирањето и утврдувањето дијагноза, се зема една клетка од ембрионот, стар три денови, што потоа темелно се испитува. Од 2006 година, таквото испитување и целата постапка е дозволена од британските здравствени власти кои ги надгледуваат генетските истражувања.




Вашите ставови?
Го оправдувате ли овој начин на глумење Бог, на научниците... не го оправдувате, зошто да, зошто не и сл. :)
 
Opravduvam..ali ke pisam zaso pokasno:helou:


Ахам, ок.
Нека ти стои провокацијава, следниот ваков пост на темава ќе ти биде избришан. Ако продолжиш по старо добиваш црвен картон.

Значи сакам убаво да напишите што мислите за генетското модифицирање, сите постови да/не, го оправдувам/не го оправдувам ќе бидат избришани без образложување.
 
Јас го оправдувам, бидејќи не се работи само за површна семејна одлика(рецимо сите имаат ист нос, бемка или слично), туку здравјето е во прашање.
"Глумење бог" мај ес, зошто да не се спаси она што може?
 
Со вакви генетски модификации само се подобрува животот на човекот и ова не е глумење не Бог или нешто слично. Се што може да помогне за луѓето да имаат поквалитетен живот е секогаш добродојдено. Ако гледаме така па зошто кога сме болни пиеме апчиња и примаме инекции? Глумиме Бог? Се обидуваме да го подобриме нашиот живот...
 
Мислам дека е многу логично дека не е проблем да се биде над болеста. Уште од најстарите времиња, луѓето барале начини како да ги лечат болестите. Денес, медицината нашла начин како да ги спречи. Ако со оваа постапка се спасува не само една индивидуа, туку целото нејзино потомство, тогаш е комплетно оправдана. Но, доколку станува збор за експеримент, тогаш е греота и многу нехумано да си играме со нечиј живот.
Како и да е, ова е голем чекор во обалста на медицината, а посебно затша што се успеало да се модифицира генот, кој всушност е она што не прави такви какви што сме.
 
Да да се е така убаво и светла иднина не чека си мислите. Е па не е така.
Ова е уште еден неморален пример на научниците кои сакаат да ја убедат јавноста како генетската модификација може да се корист за добро на човештвото но не покажуваат што се е направено, а не е за во јавност. Како на пример како се вршат истражувањата за такви медицински напредувања.

А прашајте се кој ќе има можност да ја користи оваа технологија, мислите дека на вашето дете ќе имате можност да го направите ова?
Ова ќе кошта ѓавол ипол, така немојте одма да избрзувате со реакциите.
Се знае кој ќе бидат привилигираните што ќе се модифицираат генетски.

You want to live forever, well that cost a lot.
 
Го оправдувам.
Тие не мислам дека глумат Бог туку само сакат да помогнат и да се спасат се повеќе човечки животи.Кога сме болни на пример одиме на лекар за да оздравиме и ова е нешто слично.Греота е да умре на 20тина години ,а тоа да можело да се спречи.Значи со ова ги подобруваме нашите животи а нешто што не му штети на општеството и општо на луѓето туку е за негово добро го оправдувам.
 
Да да се е така убаво и светла иднина не чека си мислите. Е па не е така.
Ова е уште еден неморален пример на научниците кои сакаат да ја убедат јавноста како генетската модификација може да се корист за добро на човештвото но не покажуваат што се е направено, а не е за во јавност. Како на пример како се вршат истражувањата за такви медицински напредувања.

А прашајте се кој ќе има можност да ја користи оваа технологија, мислите дека на вашето дете ќе имате можност да го направите ова?
Ова ќе кошта ѓавол ипол, така немојте одма да избрзувате со реакциите.
Се знае кој ќе бидат привилигираните што ќе се модифицираат генетски.

You want to live forever, well that cost a lot.
Титпичен пример на човек кој е убеден дека зад секое научна достигнување стои план за добивање на материјални средства.... Ниту еден човек не направил нешто од кое нема корист. Па за да се извршат овие испитувања требаат милиони и милиони да се инвестираат во лаборатории, во испитувања... Години поминати над експерименти...Некој го цени својот труд, и очекува за тоа да биде платен. А ако не овие 10 години, следните сигурно ќе биде достапно за секој чвек. Па секоја нова работа на почетокот е скапа... Колку луѓе имале ТВ во Скопје на времето? Колку луѓе имаа мобилни на времето? А сега, нема дом без ТВ и нема човек без мобилен.
Сето тоа спаѓа во равиотк на општеството и чекор на светот кон подобра иднина.А кога ќе видиш, секоја рекација има противреакција, што е и многу нормално. Ова никој не го прави за да го сруши моралниот интегритет на луѓето, туку го прави за здравје и подолг живот.И верувај, никој не сака да живее засекогаш, но исто така никој не сака да си замине од светов во дваесеттите или триесеттите години од својот живот.
 
Доктори се и се што можат да направат што ќе му помогне на човештвото, е оправдано од моја страна.
 
Мислам дека сеуште неможеме да оправдаме или да судиме...Зашто? Па се што знаеме е натпис во весник или прилог во вести така? Кај знаеме дали стварно е отпорно на рак? Во што се состои таа модификација? Дали се можни несекани дејствија,нус појави и сл
 
Значи го оправдувате Хитлер, шо ги направи плави германците.
 
Ова му иде индиректно како лек за ракот или нешто такво во зачетоци...бла бла бла оправдувам.
 
Ахам, ок.
Нека ти стои провокацијава, следниот ваков пост на темава ќе ти биде избришан. Ако продолжиш по старо добиваш црвен картон.

Значи сакам убаво да напишите што мислите за генетското модифицирање, сите постови да/не, го оправдувам/не го оправдувам ќе бидат избришани без образложување.

Ne bese provokacija , ali ajde ..

Kako so e prirodno da se razboluvame , taka e i prirodno da barame nacin kako da ozdravime ili da da go sprecime toa.
Ova ne e glumenje Bog , ova e samo prirodna adaptacija na situacijata.
Jas taka gledam na ova..

Значи го оправдувате Хитлер, шо ги направи плави германците.


Ne e isto toa , so ova ..

Да да се е така убаво и светла иднина не чека си мислите. Е па не е така.
Ова е уште еден неморален пример на научниците кои сакаат да ја убедат јавноста како генетската модификација може да се корист за добро на човештвото но не покажуваат што се е направено, а не е за во јавност. Како на пример како се вршат истражувањата за такви медицински напредувања.

А прашајте се кој ќе има можност да ја користи оваа технологија, мислите дека на вашето дете ќе имате можност да го направите ова?
Ова ќе кошта ѓавол ипол, така немојте одма да избрзувате со реакциите.
Се знае кој ќе бидат привилигираните што ќе се модифицираат генетски.

You want to live forever, well that cost a lot.


Pff, ajde be ti se molam.. ne tropaj..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom