- Член од
- 20 март 2007
- Мислења
- 8.493
- Поени од реакции
- 308
Ќе гледам почесто да ја ажурирам темава и со други текстови па како за почеток една сторија, која верувам нема никого да остави рамнодушен.
Генетски модификуваното бебе не може да заболе од рак
Во лондонската болница Јуниверсити Колеџ е родено првото женско бебе во Велика Британија кое е генетски селектирано дека, како возрасна девојка и жена, нема да заболе од генетска форма на рак на дојките и на јајниците.
Претставник на болницата соопшти дека мајката и бебето се наоѓаат во добра состојба и напредуваат нормално по породувањето што е извршено оваа недела, јави дописникот на МИА од Лондон.
Процесот на „генетско обезбедување“ е извршен така што ембрионот е претходно скениран и кога кај него е дијагностицирано дека девојчето е изложено на ризик од 80 отсто да заболе од рак на женските органи. Жените од три генерации наназад, во семејството на таткото на бебето, биле зафатени со канцерогено заболување уште во нивните дваесети години од животот.
Пол Серал, експерт за вештачко оплодување во оваа лондонска болница, изјави дека родителите на новороденчето се поштедени од ризикот нивната ќерка да се соочи со истата судбина што ја имале жените од семејството на таткото на бебето и да заболе од рак.
За испитување пред имплантирањето и утврдувањето дијагноза, се зема една клетка од ембрионот, стар три денови, што потоа темелно се испитува. Од 2006 година, таквото испитување и целата постапка е дозволена од британските здравствени власти кои ги надгледуваат генетските истражувања.
Вашите ставови?
Го оправдувате ли овој начин на глумење Бог, на научниците... не го оправдувате, зошто да, зошто не и сл.