Тоа е и најголемиот проблем на Србија. Што само србите си ги купуваат своите производи и никој друг. Поради тоа и настана овој хаос со огромната девалвација и инфлација во Србија, зошто нема прилив на евра, туку само се вртат динари, па динарот мораше да крахира.
Моите познавања од економијата се скромни. Само давам заклучоци преку логично размислување. Е сега твоето размислување не ми е јасно, затоа би сакал да ми објасниш некои работи.
Како може да има прилив на евра ако се купуваат само странски производи, а не се купуваат домашни. Ако купуваш странски производи, нели тогаш девизите им ги даваш на странците за да ги увезеш нивните производи, а не на домашната економија !?!?!
Значи според тебе подобро е да купуваме Милка, отколу Агроплод чоколада (а и Агроплод се сега во српска сопственост така што пак дел од приходите одат во странство), затоа што со купувањето на Милка ќе има прилив на девизи во државата !?!?!
Македонија ќе ја осети кризава исто така, но не како Србија, зошто секоја мала економија како нашава, многу побрзо и подобро се опоравува отколку средните неразвиени економии, како онаа српската.
И те молам објасни ми кои домашни производи ги има Србија, а Македонија како домашни ги нема? Што нема тоа Македонија, а што Србија го има? Многу нелогични работи напиша.
1. Во случај на девалвација Македонија многу потешко ќе ја осети кризата од Србија затоа што:
-Платите би останале исти, а скоро сите производи би поскапеле.
-Производите би поскапеле затоа што немаме доволно домашни производи, туку ќе мора да увезуваме од надвор. Тој увоз нормално би го плаќале во евра, така што ако дотогаш сме увезувале роба за 100.000 евра сега истата кај нас ќе чини двојно поскапо (во случај курсот да биде 120 ден/евро).
-Извоз скоро и да немаме, значи слаб прилив на девизи.
2. Србија има многу повеќе домашни производи од нас.
Македонија увезува пченица, увезува струја, увезуваме бела техника, автомобили итн итн
Значи, македонската економија е зависна од увоз. Тоа значи дека кај нас се двојно би поскапело, за разлика од Србија (или пак Велика Британија која исто така ја девалвираше фунтата) кои имаат многу домашни производи кои не би поскапеле.
Кој има жито е богат?! Вакво размислување имаше кај нашите сељаци можеби пред 200 години, но не и во 21 век. Со оваа економска криза, цената на храната паѓа, а единствени земјоделски производи кои носат доход се градинарските и овошните, зошто како прво нивната цена секогаш е неколку пати поскапа од житарките и успеваат само во одредени области во светот и приносите се помали.
Ние тоа го имаме, само проблем е што никој не работеше на оваа проблематика до сега, па касно почнавме (од годинава) за да може да осетиме некои благодети веднаш.
ДА, кој има жито е богат, затоа што во случај на девалвација Србите ќе имаат евтин леб за јадење, а ние ќе јадеме два пати поскап леб затоа што нашето производство на пченица не е доволно и увезуваме од Србија. Така што и ние ќе имаме удел во подигањето на српската економија. А нашата ќе тоне се повеќе и повеќе.