ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Околу 30 секунди пред да ја отворам темава... :toe:
Значи 13:05.

даман коа сум се будел :)

Епицентарот е околу еден километар западно од Гостивар.

штета не сум бил јас... т.е до негде среќа што не сум бил.. ке одговарав за убиства..:kesa:
 
Абе темава нови мислења на секои 3,14 секунди....ја неам видено вака активна тема...
Како и да е, ќе има уште 2-3 помали сигурно
 
Леле и овде у Тетово се осети ептен.
Ја у моментов глеав хорор и таква задлабочена, почна да ме тресе ..и се расплакав од страв.. Хаха.
Ова нигде го нема, гледање хорор со додатни ефекти..

Страшно. :)
 
Во Скопје, Тетово, Гостивар и Дебар попладнево околу 13 часот и 5 минути беше почувствуван земјотрес.
Според начинот на потресот, земјотресот најверојатно потекнува од скопското епицентрално подрачје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информира дека работи на лоцирање на епицентарот на земјотресот и на неговиот интензитет.
Освен вознемиреност кај населението, земјотресот, според првичните информации, не предизвикал други последици.
 
сеа на мсн еден другар живее на водно ми вика нишо не осетил , а кај мене добро дрмаше на 4ти ама среќа не беше многу долг .
 
Штом сестра ми го осети значи доволно јак си беше земјотресот:)
На втор спрат се осети доволно а не сакам да замислам тие во високите згради како им било :nesum:

Многу мразам природни катастрофи со тоа и земјотреси.
А посебно мразев што се потсмеваа некои тука на земјотресите во соседните држави. Ебаго не сме на марс, кај и да е знаев дека ќе не стрефи.
Ај последен само да е!
 
Ми даде едно booty-shake земјотресов додека си лежев на креветот.:vozbud:
 
на 4ти спрат кисела вода ццццц само ми се здрма столов.....ке паднев за малце....си помислив шо се дешава,да не се пореметувам :pos2: не беше толку јако барем тука :vozbud::pos2::pos2::pos2:
 
Во Охрид ништо немаше...Или јас не осетив...:nesum:
 
5.0 Магнитуда тоа е прилично силно. Сепак во Скопје беше помал интензитет, во околина на Гостивар било најсилното подрачје.
 
Во Скопје, Тетово, Гостивар и Дебар попладнево околу 13 часот и 5 минути беше почувствуван земјотрес.
Според начинот на потресот, земјотресот најверојатно потекнува од скопското епицентрално подрачје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информира дека работи на лоцирање на епицентарот на земјотресот и на неговиот интензитет.
Освен вознемиреност кај населението, земјотресот, според првичните информации, не предизвикал други последици.

Како бе не предизвикал последици, мене ми падна електричната гитара од на шкаф пау долу :) преживеа со малце поголеми изгребаници и влабнатнини.
 
Незнам шо е паничењево нишо не осетив:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom