Чуда

  • Креатор на темата Креатор на темата G-ca Ljubov
  • Време на започнување Време на започнување
Прифаќам чуда Божји, на кои самиот не сум сведок.

Но она кое е најголемо чудо Божјо, а кое може секому да му се случи ако почне да Го бара Бога, секому лично и искуствено, е чудото кога личноста ќе се сретне со Христа и ќе поверува во Христа, кога ќе се преуми/метаноизира, кога ќе погледне во отпаднатата состојба од својот дух, душа и тело, и кога ќе реши сето тоа да го промени и сам себе да се обожи, да се огледа на Христа Спасителот и кога Неговата волја ќе ја постави пред својата своеглавост, гордост и саможивост...

После ова чудо Божјо-чудото на преумовање, секое наредно чудо Божјо, иако не мора да е лично и искуствено проверено, за онаа личност која поверувала, ќе биде прифатливо.
Ова сигурно не го мислеше него го тропна онака нели?:icon_neut
 
Не, не го тропнав, туку го мислев, го мислам и на тоа мислење и ќе останам.

Тоа мислење воедно е дел од моето искуствено сознание, но и чудо најголемо Божјо, кое го потврдуваат современите православни богослови, така да тоа мое мислење има поткрепа од Црквата и не е некоја моја призволност.
 
:shok: Зашто тогаш Исус рекол секој човек е Бог?
 
:shok: Зашто тогаш Исус рекол секој човек е Бог?

А дека е това забележано? Како може Творецот да се изедначи со творението? Каде е тогаш разликата меѓу нив? Во православната Црква, велиме дека „...Бог стана човек, за да може човекот да стане бог...„. Тука не се мисли на „станување„ бог по суштина/природа, туку станување бог по Божјата благодат, што значи, да се стекне живот вечен и да се обиува во вечноста, во Божја близина, но и во вечноста, луѓето пак ќе бидат луѓе, но со изменети, продуховени тела, тела од фина материја, а Бог и понатаму ќе биде Бог, оти Он Е.
 
Што има разлика нашиот татко од нас?Тој само не создал ништо друго(не велам дека е малку и за тоа ќе бидам вечно благодарен)зар ти неможеш да бидеш како таткоти кога ќе пораснеш.Така можеш и кон големиот татко кога ќе се развиеш духовно(просветлиш).Каде е тоа запишано незнам некаде во библијата сум го прочитал.Разлика нема Господ не создал за да дознаеме дека постоиме тоа е целта на нашиот живот да се просветлиме.Убаво викал и Исус и Мухамед и Буда и сите само религиите све искривија не му дозволуваат на човекот да мисли правилно.Мисли он е по мал од неговиот татко.Да биди му понизен но не секогаш кога ќе станеш колку него однесувај се со него како со брат оти тоа и ти е.Кој го свати ова го свати кој не на здравје.Ние и понатаму ќе бидеме ние,оти Ние СМЕ.
 
Ојдеме надвор од темата...

А велиш дека „...тоа е запишано некаде во библијата...„. Каде?

А целта од нашиот живот не е, како што велиш, „..да се просветлиме...„, туку да Го славиме Бога, онака како што тоа го чинат Ангелите и кои непрекидно пеат: „...Свет, Свет, Свет е Господ Саваот...„
 
Значи како прво немам намера да цитирам делови од библијата.Кко второ ние не сме ангели туку сме над нив.Ние сме нивни господари,а они ни служат и не слават.Да го славиме Бога велиш?Толку е очигледно православството дека е измислица.Не треба да постои его.Како просветлено битие Бог нема его зашто тогаш би сакал да го славиме?Мислам да не приваќаме религии оти ни ги остаиле во аманет туку да размислиме логички.
 
Логички се размислува и заклучува во логиката и во сродните претежно апстрактни категории. Вер(б)ата е духовна категорија, која не е од овој, материјалниов Свет и како нематеријална, има своја, иманентна логика, која е прифатлива само за духот со отворени духовни очи, а не и за суровото рацио од отпаднатиот човек.

Тешко дека сме „..нешто повеќе...„ од Ангелите-тие не се склони кон грев, а отпаднатите луѓе и демоните, напросто уживаат во гревовното однесување.

А од каде помислата дека луѓето биле господари на(д) ангелите? По кој основ ангелите ни служат, кога тие само на Творецот Му служат?

Да, велам дека родот човечки е створен за да Го слави Бога, оти Бог го створи човекот со намера да ја сподели Својата добрина и со други живи битија. Ако можат ангелите непрекидно да Го слават Бога, можат и смртниците.

По што е православието измислица. оти тебе лично не ти одговара?

Бог нема его ниту Му е потребно. Он нема човечки особини па туку-така да Му „прилепуваме„ егоизми и слични за Него несупштествени категории. Но, Он го створи Светот и се видливо и невидливо, за да ја покаже сета Своја слава пред Своите творенија.
 
Точно ангелите ако постојат бидејќи незнамдали постојат не можат да направат грев.За разлика од нив ние можеме да учиме од нашите грешки и да ги поправаме се додека не стигнеме до ниво на мудрост што ги имал Исус и Буда и незнам таму кој друг.

Не му прикачувам човечки особини туку ти му прикачуваш,ти и библијата.

Мене ми одговара православството,и бев православен со задоволство пред да сватам некој работи.
Ние не сме смртници не постојат смртници сите се преродуваме во други тела додека не отидме на небото како Исус.
 
...???...

...и така, пошто православието не ти „даде„ ништо, ојде во будизам...или хиднуизам, што ли беше.
 
...???...

...и така, пошто православието не ти „даде„ ништо, ојде во будизам...или хиднуизам, што ли беше.
Ха ха ха немаше доволно хумор.:pos2:

Но, Он го створи Светот и се видливо и невидливо, за да ја покаже сета Своја слава пред Своите творенија.
Значи он ги создал за да им каже видете ве создадов.Абе ајде здрав разум постои.Зашто плукаш по својот татко и го правиш дека се заљубил во сам себеси.
 
Точно ангелите ако постојат бидејќи незнамдали постојат не можат да направат грев.За разлика од нив ние можеме да учиме од нашите грешки и да ги поправаме се додека не стигнеме до ниво на мудрост што ги имал Исус и Буда и незнам таму кој друг.

Не му прикачувам човечки особини туку ти му прикачуваш,ти и библијата.

Мене ми одговара православството,и бев православен со задоволство пред да сватам некој работи.
Ние не сме смртници не постојат смртници сите се преродуваме во други тела додека не отидме на небото како Исус.

Ova e klasicen budizam, taka?
 
:shok: Зашто тогаш Исус рекол секој човек е Бог?

У шала го рекол
како штос
не сфаќајте се што рекол Исус преозбилно.
Шега, вицеви и зафрканции се исто така дело на бог и тој ги користи исто како и тага очај поплава земјотрес глад војна сообраќајка вулканска ерупција...за да создава рамнотежа помеѓу маката и среќата на светот. Еден ден бог на некој ќе му подари милиони долари на берза кога ќе му ги скокне акциите друг пат ќе му даде рак или хепатитис.
 
Да наведам некои чуда, кои се случуваат овде, во жалосна Македонија:

- исцелување неизлечиво болни и добивање пород од жени кои долго време немале деца-сведоштво од монаштвото од манастирот „Св. Јован Бигорски„.
- исцелување карцином кај две личности од Битола, со користење ронка земја од гробот од монахот Клеопа-сведоштово од битолски свештеник.
- исцелување кардиоваскуларни проблеми на личност од Битола, по молитвите од монаштвото од еден православен српски манастир во Хрватска, според сведоштвото од неговите роднини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom