Дали јадете путер од кикирики?

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Гадно. Никаков вкус. За комбинирање незнам, а и несакам да пробам, дека ако сакам да му го сокријам вкусот не го ни мачкам. Ќе си каснам само леб и мармелада :)
 
Онај од Агроплод сегашен Свислајон и не е така лош...
 
Абе овој не се расипувал? Го заборавив отворен неколку месеци (не беа баш малку) на врата во фрижидер, ништо не му е... :cautious:

Иде у канта и нема веќе купување.

Ма какво расипување, и јас сум приметила дека не се расипува.
 
Додека пазарев во Тедико, случајно го видов производов. Мислев дека во Македонија не се произведува/увезува овој производ, мислев само Американците ја имаат таа привилегија. Давам 60-70 денари, одам дома, и сега очекувам благ вкус... ама...:sick:. Цела ден потоа ми беше лошо, теглата директно во корпа заврши.

Дефинитивно Американциве јадат најлошо ѓубре од храна (n)
 
Јадеме и убаво ни е многу!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Еднаш пробав колку да видам што вкус и веќе никогаш нема да го пробам ниту па купам. Се осеќав ко да имам илјада кикиритки во уста :sick:
 
Аууу па вие не знаете што е убаво...
Си печиш лебчиња на тостер и едната страна ја мачкаш со путер од кикирики, а другава страна слатко од јагоди и магично ги спојуваш тие две кришки во една целина наречена оргазам сендвич, и така у слоу моушн со затворени очи го гризнуваш и почнуваш да џвакаш и вкусовите на путерот и јаготките почнуваат да ти танцуваат во уста, а ти си воздивнуваш од задоволство...и откако ќе го изедеш....ставаш нови две лепчиња на тостер....:vozbud:
 
Човекуууу, некој се обидува да е на диета. Не мора вака да ни правиш... :(
 
Немав јадено мнооогу време, од некни пак имам.
Добар е за протеините, не е добар за калориите, што уште си ги бројам. Ко мајонез е за нив да му се сневиди, а многу ми е убав. :(
Затоа си јадам по лажица на ден, со банани оди супер.
 
Обично брцам цела лажица и јадам се додека ми снема капацитет за дишење, затоа што сите знаеме дека таквиот путер не се голта толку лесно. Разбирам дека некои не го сакаат, но јас мислам дека е топ работа за јадење кога те мрзи да готвиш.
 
Аууу па вие не знаете што е убаво...
Си печиш лебчиња на тостер и едната страна ја мачкаш со путер од кикирики, а другава страна слатко од јагоди и магично ги спојуваш тие две кришки во една целина наречена оргазам сендвич, и така у слоу моушн со затворени очи го гризнуваш и почнуваш да џвакаш и вкусовите на путерот и јаготките почнуваат да ти танцуваат во уста, а ти си воздивнуваш од задоволство...и откако ќе го изедеш....ставаш нови две лепчиња на тостер....:vozbud:

Тука меѓу лебчињава додај две-три кругчиња банана и малце мед, и ич не се жали како си се претапанил од јадење. :love:
 
Парче црн леб со путер од кикиритки и лажиче мед -најдобра комбинација :love:
 
Ми дадовте идеја вечерва да испробам разни комбинации. Иначе досега го јадев како замена за маргарин и одозгора мармалад. Иначе земете си од Пами, милина е, прелесен е за мачкање, другиве марки ми се по тврди некако.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom