На која такси компанија најмногу и верувате?

Најчесто одбирам такси-компанија која мене ми е попозната и сум речиси сигурен дека знам каде влегувам.
Во последно време ми се допаѓаат Наше Такси.
 
Наше такси дефинитивно.
Причина...Хммм па и нема баш некоја посебно.
 
Татко ми вози за Теникс. Татко ми е добар човек. Возете со со Теникс! :pos2:
 
Незнам како се вика таксиво ,бројот е 15160.Кога врне одсабајле или сум препил вечерта идам со такси на работа и често пати се возам со 5-6 возачи исти и ме гледаат во 7 сабајле пијан накај работа.
Едно сабајле викам такси и таа операторката ми вика кола,не ми текнува кој број ве чека пред куќа,ја тука си мислам wtf.Излегувам пред куќа ,стварно такси тука,си влегувам и му викам на типот од кај знаеше денес дека ќе одам со такси и он ми вика те видов синоќа во град,летва беше .Знаев дека денес ке викаш такси:pos2:
 
Наше Такси...Најдобри коли имаат, а и луѓето се љубезни..
 
такси “делче“ радовиш...најдобри ... хаха
 
Наше такси и Лотус.Екстра услуга,климатизирани, брзи со точен тасиметар(знаеш дека нема да те прелаже и украде) и плус секогаш наплатуваат до денар со фискална сметка.
А во Лотус имаат и мини телевизорчиња не е дека даваат филмови или слично ама бар ќе се занимаваш и ке зјапаш во нешто тие 5-10 мин:pipi:
 
Наше такси и Лотус.Екстра услуга,климатизирани, брзи со точен тасиметар(знаеш дека нема да те прелаже и украде) и плус секогаш наплатуваат до денар со фискална сметка.
А во Лотус имаат и мини телевизорчиња не е дека даваат филмови или слично ама бар ќе се занимаваш и ке зјапаш во нешто тие 5-10 мин:pipi:


Ја погледнав темава и си викам дај да пишам јас и се погоди твојот пост да се совпага со моето мислење.Ама често и се возам со некои од Чаирскиве т.е Експрес или како и да се со плави табли,веке и се знаеме со возачите.
 
Кога сум Скопје најчесто се возам со Панорама бидејќи базата им близу кај што сум сместен и веднаш доаѓаат.И не се лоши.А некогаш од центар накај дома одам и со Наше такси.Ама најчесто од една до друга дестинација одам пеш поисплатливо ми е:smir:
 
Плава лагуна без конкуренција.
Професионализам,култура,брзина,хигиена.Не влегувајте кај диви таксисти,сега ми кажуваа една случка со заклучување на врати,паники,хистерии,полиции.Бидете паметни како што сте убави:)
 
Пролет и Пулсар,бидејќи татко ми таму работеше.
 
на Теникс ...зашто секогаш скоро со нив се возам :pos2:
 
Не дека им верувам, со нив се возам (ретко додуша) -Компанија С, Теникс, Експрес. Кој се најде у моментот сабајлечки пред работа. А му верувам на такси Боби (сам свој шофер :) ).
 
Наше такси дефинитивно. Возачот не те замара со девојка му, пристојно е облечен, во таксито има пријатен мирис, автомобилите се нови, не се прават наудрени, имаат праведна цена и даваат фискална сметка. Башка вчера се возев во Наше такси и имаше мониторче осврнато кон задното седиште, па си се опуштив со фино музиче :) Авион.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom