На која такси компанија најмногу и верувате?

Секогаш сум се возела со Коммак Комерц, незнам зошто...Сега веќе сум им стален клиент и знаат и без да кажам до каде одам и по кој пат сакам да одам. Али ако фаќам такси од улица, не го запирам првото што ќе намине со сомнително име, пред се заради безбедносни причини :pos2:Не ми прави некаква разлика дали колата е убава или не е, ама еве да се надоврзам на претходните мислења и мене ми се допаѓаат Наше такси поради тоа што даваат фискални.
 
Значи најправо да ве прашам, дали ви е важно кога се возите со такси (ако се возите нормално.:)), да се возите со позната такси - компанија со “реноме“ или влегувате во првото такси што ќе ви дојде?

А инаку што мислите која е најдобра и најефикасна такси - компанија во вашиот град? И зашто мислите тоа?

И што е потребно за да некоја такси - компанија да ја има вашата наклонетост? :)

Па сеа... Зависи колку ми се брза. Ако не морам да летам, ќе титнам на такси, ако ептен ми се брза, ќе го фатам првото што ќе налета. Иначе општо, па преферирам да се возам со една такси компанија. До пред некое време најчесто вртев на Сити или Парк, ама Сити веќе го снема попустот па ми остана само Парк. Иначе добро беше, по 10-15 % попуст на сметка над 100 денари. А сеа не знам веќе дали имаат попуст, поскапеа сите. Најефикасна не знам, фино изгледаат овие Наше такси, Ројал, не знам ти што, ама изгор се. Пред поскапувањето беа за едно 20-30 денари (бар според мое скромно искуство со овие компании) поскапи од другите, а сеа неќам ни да пробам после поскапувањето... Што е потребно за да ја имаат мојата наклонетост... Да се најефтини :)
 
Милениум (ПрилеП)
 
Сребрена Ѕвезда ... Најмногу доверба имам во нив ... Еднаш ми падна телефонот во кола додека се возев , приметив дури кога се симнав ... се јавив во такси компанијата , кажав што како и и ми го вратија телефонот дури и бес да ми земе пари таксистот за тоа што се врати да ми го донесе . Мене ми е интересно пошто нигде освен во таа такси компанија немам видено женско да вози такси , имаат попусти и мислам дека се најдобри ... Ако сака некој број само за титка од нивна компанија нека ми пише ке ви кажам и ке се уверите и вие дека се најдобри . :)
 
На Лотус, најпрофесионално и најпријатно ми делувале секогаш.
Да не се помеша со бедниот обид за нивна копија Лотос.
 
Рива - 15193. Имаат попуст, така што испаѓа поевтино од другиве такси компании, доаѓаат за минута до три во повеќето случаи, немаат нешто фенси коли, ама па тоа и не е толку битно.
 
у такси не сум се возел од. ... од.... оооддд... пффффффф не памтам искрено ама вака како најдобра компанија ми изгледа наше такси а и лотус им се добра конкуранција. така да ако би морал да одам некаде со такси би бирал нешто од овие 2!
 
Рива и Пролет! Одсекогаш со тие две компании и секогаш биле фини, љубезни и знаеле интересен муабет да напраат.
 
Рива и Пролет се разбира!
Не поради попустот, туку поради организираноста, точноста и односот кон патниците.
 
Повелете со вашите коментари околу овие такси компании. И по можност и по ваша желба наведете поради која причина се возите со компанијата која најмногу ја користите.


Оваа анкета е само за град Скопје
 
Taa со попуст што е ofc,обично исти к*р друго пакување се компаниите само со попуст да е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom