Македонскиот "Момент на вистината"

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го оправдувате квизот?


  • Вкупно гласачи
    476
Хахахаха...е ај сеа кажи како да не се смеам...

Кај си видел ти до сега емисија во Македонија каде што луѓето се исповедуваат за своите брачни проблеми или недајбоже нешто друго поинтимно како што го прават тоа на запад(Опра шоу и сл.)???????????

И самиот ќе дојдеш до јасниот заклучок дека ќе пропадне емисијата уште на старт(а многу ми е мерак Велија да го осети дното) ќе нема пријавени...ама ко шо се надарени А1 ќе напраат 30000 дубари само за да покажат дека имаат квиз од светски ранг и ќе се договараат со играчите за само и само да направат да истераат 5-6 емисии...оти толку ќе можат!!!

Затоа глејте си Нова ТВ ако сакате сеир и не се замарајте со нашиве пропалици шо ќе сакаат да допрат во бесцелно шоу за 5мин слава...(тотално бесцелно...)
А од друга страна некој шо немат пари ќе се пријават и ќе си земат пари.
 
од кај го нашле сега детекторот оти читав дека немат детектор и дека ќе го позајмат или од министерството или од тв пинк
 
А од друга страна некој шо немат пари ќе се пријават и ќе си земат пари.

АКО стигнат до некое ниво каде што можат да земат повеќе пари.На нова повеќе од очигледно е дека ќе стигнат таму незнам до колку беше 50 000 куни мислам дека и оп...одеднаш ќе испадне дека не е точен одговорот односно дека е лажен.И шо праиме после ??? БРУКАЊЕ ЗА ЏАБЕ !!!
 
Па ваљда има некои луѓе кои се чисти како солза им се потребни пари и ќе одат....
 
Момент на вистината

Што мислите за ова шоу, дали би се пријавиле да учествувате во него и да го компромитирате вашиот интимен живот? За да се` пријавите на шоуто, кое во светски рамки уништи многу бракови, мора претходно да пополните прашалник од 120 прашања, кој ги вклучува сите ваши работни места, телефонски броеви од шефови, долги врски, број на сексуални партнери...и да бидете ставени на детектор на лаги(кој патем во Македонија постои само во еден единствен примерок). Ви се поставуваат 50 прашања пред квизот, додека се` наоѓате на детекторот, од кои 21 ќе ви се` паднат во текот на емисијата. За дваесет вистини, добивате 3 милиони денари. Дали мислите дека на вакви шоуа се пријавуваат само пропаднати луѓе, кои немаат повеќе што да изгубат? Дали парите вредат да се уништи бракот, кариерата, сликата на другите за нас, и покрај тоа што истата е делумно лажна?
 
Не би се пријавила на вакво шоу од проста причина што како и сите луѓе имам тајни а ти се викаат тајни пошто не треба да ги дознаат сите а посебно не цела Македонија и пошироко со оглед на тоа што емисиите се ставаат на јутубе.Сметам дека ниедна сума не може да го надомести пропаднатиот живот и влошените односи со фамилијата и пријателите,токму поради тие мали пикантерии и недоволно прецизни прашања од типот "Дали некогаш сте ... " и слични интригантни прашања за што повеќе го направат шоуто интересно.Приватноста е максимално загрозена и после пријавувањето на ваков квиз немаш повеќе приватност.Тоа што некогаш било сега секој го знае..и не е баш така интересно да те покажуваат со прст и препознаваат со оглед на нашиот менталитет.
А за чоечево тука прикажано ...и немам многу да прокоментирам доволен е фактот што тој во ниеден момент не остана засрамен за патењето и срамот на неговата жена и мајка.Гревтар:nenene:
 
Па ваљда има некои луѓе кои се чисти како солза им се потребни пари и ќе одат....

A. Нема луѓе кои се чисти како солза
Б. И да ги има, ќе отпаднат во квалификации, не се интересни за шоуто.



Ова е шоу кое се храни од мизеријата и пропаста на своите учесници. Од тоа живее, затоа во старт ќе ги отфрли обичните луѓе кои водат чесен и досаден живот. За да се пласирате во него мора да поминете на тест на кој ќе треба да покажете дека вашиот живот има доволно материјал да биде уништен. Да покажете дека сте без'рбетници кои за пари и малку ТВ-слава немаат против да бидат понижувани до бесвест и назад. Ова шоу е деградација на се што е човечко.

Или како што рече Фантом, експресно уништување на вашите животи за само 45 ден + ДДВ.
 
Мими ти ја споив темата, незнам што се крена олкава галама околу квизов:).

Мене ми е чисто срање, треба некој да е толку очаен за пари или сака да биде заприметен за да се пријави ваму.
Уште една причина да стојам подалеку од телевизор. Нема ни да го гледам. Неможам да поднесам вакви квизови.
 
Нешто не ми е јасно. Ако секој ги знае прашањата пред емисијата, зошто би одел некогаш на прашањето кое нејќе јавно да го каже? Значи секој ќе си знае која сума оди да си ја земе? Не ми е интересно. А и не верувам дека ќе има луѓе кои ќе се пријавуваат на емисијава, затоа што тоа не би биле ваљда прашања за која боја им е омилена и сл. Ама ај, ќе видиме.
п.с. Анета не е мека ... малку е ограничена, но во никој случај мека, кога треба да не е.
Педесетте прашања пред емисијата, се` поставуваат за да детекторот може да ги изанализира вибрациите на срцето, притисоци, мозочни центри... така некако ваљда работи детекторот... Е сега, натпреварувачот знае дека од тие 50 прашања, 21 ќе му се паднат на самиот квиз, со таа разлика што ќе треба да ги одговара пред мајка му, татко му, братучедот, женската(зависи кого заебал да го донесе во студио). Кога ќе го каже одговорот на прашањето, се` соопштува резултатот на тестирањето од пред квизот. Значи, треба да ги даваат истите одговори на прашањата и пред квизот, и на самиот квиз. Анета е многу погодна за квизов... Не треба да е како таа на најслаба карика, од каде тоа? Нема причина да биде нешто посебно, потребно е да е сериозна и толку. :back:
П.С. Фала Џимеј, не видов дека ја имало веќе а барав во општи муабети. Се извинувам!

Па ваљда има некои луѓе кои се чисти како солза им се потребни пари и ќе одат....
Кога се` работи за квизов, колку и да си чист, прашањата се намерно направени да те посрамотат. Проблемот е можеби во погрешниот концепт на прашањата, поточно во импресијата која ја оддаваат која можеби е грешна. Да речеме прашањето ,,Дали има некои слики кои не сакате да и` ги покажете на вашата сопруга?"... Не мора да значи дека тие слики се од голи цури, но едноставно прво тоа паѓа на памет... И да, како што кажа некој горе, тие бараат контраверзни кандидати, нешто како педери, бивши затвореници, швалерчини, некој со шеесе брака позади него, за да комплексноста на прашањата расте. И никој не гарантира дека детекторов е сигурна работа... Со еден збор-сумљиво... :nesum::back:
 
Абе нека зима пари народов наш не е важно како што..
Барем нема да се мачи :))))

Мислам не сум глеал ниедна верзија на квизов па дадам што поконкретно мислам за него.......
Али ако се има можност за убава пара.. зошто да не..
И не верувам дека така ке се растураат бракови или толку незгодно ке им биде на некои луге(не за сите .нормално).. ке си рече баш ми е гајле што тоа и кој тоа ке знае за мене од сеа па натаму.
важно пари ке лапнам ...:helou:
 
Бреее кога си ја отворив прва темава ретко кој пишуваше...види сега шо се дешава сите почнаа да отвараат..ајде ајде ќе биде уште поинтересно кога ќе почне квизот :icon_lol:
 
Ja ke se prijavam i toa ne poradi parite , tuku poradi toa sto mi e preku takov od balkanskiov los mentalitet vo koisto lugeto se plasat za toa sto ke se zbori za niv u MAALO . Amo ako detektorot neso izlaze na prasanje za golemi pari ...... Ta cifsa nonen ce go pukam
 
Бреј, 3 миљони денари. Примамливо јеботе за 21 прашање :)))))))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom