F
FilipMacedon
Гостин
Темава ја отварам во чест на Кумановските партизани кои загинаа за Македонија
Првин како што е редот за најславниот Христијан Тодоровски Карпош,човек кој загина за Македонија,човек кој беше претставуваше закана за Србите во времето на СХС,а во втората светска војна стана идол на Кумановските борци кои се бореа за Македонија.

Кратко за него
Христијан Тодоровски - Карпош ( роден -Куманово, 3 септември 1921-умрел 7 февруари 1944 Биљача,Прешевско)
Како студент бил член на СКОЈ уште од 1940 година. Поради неговите прогресивни идеи и неговото искрено искажување за Македонското прашање и комунистичките идеали, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.
Во 1941 учествува во прибирање на оружје и дистрибуција на билтенот "Дедо Иван", кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.
Член е на Првиот Кумановски Одред, станува партизан на 11 Октомври 1941 година, потоа член на партизанскиот штаб од Куманово, подоцна се приклучува кон Вториот Јужно Моравски Одред.
Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на7 февруари 1944 за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во с. Биљача- Прешевско.
-Вера Трајковска Которка(Една од најспособните партизани,знаела три јазици Германски,Италијански и Француски,убиена е на Осоговските планини,близу Пониква)
-Потоа Вера Јоциќ(Толку ги мачела бугарите што кога ја убиле во една куќа се плашеле да влезат да проверат дали е мртва)
-Наце Буѓони
-Киро Фетак
-Среќко Пужаљка
-Панче Пешев(исто така многу умен човек,бил музичар и уметник, татко му Никола Пешев по ослободувањето станал градоначалник на Куманово)
-Магдалена Антова(нејзината трагедија е во тоа што била издадена од сопствениот татко кој бил бугарофил,и денес во Куманово се имаме израз антова несреќа )
продолжува