Материјалната култура на првото бугарско царство (до 971 г.) е чисто турска, со елементi присутни во сите останати култури од турскиот каганат: дванаесетгодишен животински календар, култ кон Тангра, итн. (Б е ш е в л и е в, В. П'рвоб'лгарите. Бит и култура. С., 1981; Р а ш е в, Р. Дунавска Б'лгарија и Централна Азија. - Втори международен конгрес по б'лгаристика. Доклади. Т.6. С., 1987, с. 205-210). Замислете, во турци Бугарите го вклучуваат и Цар Самоил!
Натписи на бугарските ханови од средниот век: Пишувале на грчки јазик, се до почетокот на 10 век кога го воведуваат и македонскиот словенски јазик како службен во Бугарија, но користеле и нивни бугарски-турки зборови, најмногу при титулирањето.
Камен напис од туркотатарoбугарскиот ХАН СЈУБИГИ ОМУРТАГ: ТУРДАЧИС (присутни типично турки титули и турки имиња)
Камен напис од туркотатарбугарскиот ХАН СЈУБИГИ ОМУРТАГ за висок бугарски чиновник ИЧИРГУ
Камен напис од туркотатарбугарскиот ХАН СЈУБИГИ ОМУРТАГ за неговиот телохранител ТАРКАН
Археологија
Судејки по археолошките остатоци, кои се и најмеродавни, бугарите на балканскиот полуостров се населиле само во североисточна Бугарија и северна Добруџа. За средновековните бугари од денешна Бугарија и Волга (Татарстан, Чувашија) специфично е целосната деформација на черепите на главите, деформирајки си ги главите самоволно со еден вид менгеме. Своите мртви ги закопувале на специфичен начин, ориентирани север-југ, горејки ги телата на упокоените со оган (исчистување), легнати попреку, додека позицијата на нозете на покојниците биле скрстени (турски начин на седење). Идентични некрополи со карактеристичните бугарски ритуали на закоп и деформирани черепи се најдени и во Долна Волга, со што се заклучува дека правите бугари биле турки народ, истиот оној кој ги населува денешни Татарстан и Чувашија. Антрополошки, Бугарите од волшката низина и од североисточна Бугарија и северна Добруџа биле монголска група на народ, како и денешните наследници на вистинските Бугари- болгаростанците, татарстанците и чувашите [В. М и к о в. Последни могилни находки. — В: Мадара, I,1934, 429-438; Ст. С т а н ч е в, С т. И в а н е в. Некропол'т до Нови пазар. С., 1958; Ж. В ' ж а р о в а. Славјани и праб'лгари (по данни от некрополите.VI—XI в. на територијата на Б'лгарија). С., 1976, 86-140, 141, 167, 169, 172: Ж. В ' ж а р о в а. Двуобреден езически некропол крај с. Бдинци, Толбухински окр'г. — ИНМВ, 1981, XVII (XXXII), 77-109; Вл. З и р р а. Двуобрјадныј могильник раннефеодальној эпохи в Капул Вијлор — Историја. — Dacia, VII, 1967, 355-412; G. S i m i o n. Necropola feudal — timpurie de la Nalbant (Judetul Tulcea). — PEUCE, II, 1971, 221-248; Д. Ил. Д и м и т р о в. Новооткрит б'лгарски некропол при Девнја (предварително с'обштение). — ИНМВ, VII (XXII), 1971, 57-76; Д. Ил. Д и м и т р о в. Ранноб'лгарски некропол № 3 при гр. Девнја. - ИНМВ, VIII (ХХIII), 1972, 45-67; Д. Ил. Д и м и т р о в. Двуобреден ранноб'лгарски некропол при Варна. — В: Сб. Преслав, II, С., 1976, 107-125; Д. С т а н ч е в. Ранносредновековен некропол до гара Табачка. - ГМСБ, Х, 1984, 33-42; Д. С т а н ч е в. Ранносредновековен некропол до с. Батин, Русенски окр'г. — ГМСБ, XI, 1985,45—54; Д. С т а н ч е в. Праб'лгарски компоненти в погребалнија обрјад и инвентара на ранносредновековните некрополи в Рубенско. — В: Проблеми на праб'лгарската историја и култура. С., 1989, 241— 254; Ив. В а с и л ч и н. Двуобреден езически ранноб'лгарски некропол при с. Черна, Толбухински окр'г. — В: Проблеми на праб'лгарската историја и култура. С., 1989, с. 213; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в. Ранносредновековен некропол при с. Ножарево, Силистренски окр'г. — АОР за 1984, Сливен, 1985, С. 265; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Староб'лгарски езически некропол и селиште при с. Ножарево, Силистренски окр'г, АОР за 1985, В. Т'рново, 1986, 184-185; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Ранносредновековен некропол при с. Ножарево, Силистренски окр'г. - АОР за 1986, Разград, 1987, с. 258; Р. Р а ш е в, С т. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Ранносредновековен некропол при с. Ножарево, Разградска област АОР за 1987, Благоевград, 1988, с. 206; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Староб'лгарски некропол при с. Ножарево, Разградска област. — АОР за 1988, К'рджали, 1989, 158-160; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в. Раннесредневековыј могильник у с. Ножарево, Силистренскиј окрут (предварительное сообштение). — В: Проблеми на праб'лгарската историја в култура. С., 1989, 214— 220; Р. Р а ш е в, Ст. С т а н и л о в, Г. А т а н а с о в. Ранносредновековен езически некропол при с. Ножарево, Разградска област. – АОР за 1990. Ловеч, 1991, с. 170; Р. Р а ш е в. Средновековен некропол при с. Караманите, Варненска област. - АОР за 1988, К'рджали, 1989,160-161; Р. Р а ш е в. Ранносредновековен некропол в с. Караманите, Варненска област. — АОР за 1989, Кјустендил, 1990, с. 123; В. ј о т о в. Ранноб'лгарски некропол при с. Хитово, Толбухински окр'г. — В: Проблеми на б'лгарската исгорија и култура. С., 1989, 221-230; В. ј о т о в. Ранносредновековен некропол Хитово — 3. — В: Проблеми на праб'лгарската историја и култура. II. С., 1991, 101—108: М. Д и м и т р о в. Староб'лгарски некрополи в Балчик (VII—IX в.). — В: Проблеми на праб'лгарската историја и култура. 2. С., 1991, 87—100. ].
Бугарската современа историја тврди дека бугарите се словенизирале и така настанал современиот бугарски народ. Но, дали е тоа така? Историјата вели дека немало мешање на правите Бугари (турки) со Антите (Словените) од Бугарија, освен со Антите од Добруџа, за што постојат многу докази како заеднички фолклор, посебни народни песни, ора, игри. Всушност, само во Добруџа и источна Тракија покрај црноморието се населиле правите Бугари (турки). По отоманската окупација на Бугарија во 14 век, правите Бугари поради културната, етничката и јазичната сличноста со турците селџуци, масовно преминуваат во ислам и целосно се претопуваат во Турци. Така, денешните милион турци во Бугарија и оние уште толку насилно преселени "Турци" од Бугарија во Турција за времето на Тодор Живков, се оригиналните Бугари, наследниците на Хан Аспарух. Но, дел од вистинските Бугари (турки) не се исламизирал и денеска уште ги носат своите турски карактеристики- тоа се Гагаузите. Името Гагауз доаѓа од изворните бугарски (турки) зборови гаг-гуг што значи никако; имено, кога мнозинството вистински Бугари (турки) преминувале во 14 век во верата на своите побројни и посилни турки браќа, Селџуците, имало Бугари кои се опирале на исламизацијата со зборовите НИКАКО, па тој збор Гаг-Гуг станал синоним за вистинските Бугари кои останале доследни на христијанството.
Зборот Узи, значи Бугар и така постојат денеска Гага-Узи т.е. Гага-Бугари, Бугари кои си ја задржале својата христијанска религија (Bakhshi Iman, "DJAGFAR TARIHI" (THE ANNALS OF DJAGFAR), Volume 3, KUL GALI, HON KITABY (BOOK OF HUNS), 28/29). Така, Бугарите од Узбекистан себе се нарекуваат Узбеки, што значи "да си Бугарин".
Гагаузите се туркомонголски народ, припадници на жолтата раса, со изразити монголски особини. Јазикот кој го говорат припаѓа на турки јазиците, а го нарекуваат туркче или гагаузче (Регионални и етнокултурни б'лгарски обштности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуација", Изд. Асоциација АКСЕС - Софија, Софија 2000, стр. 117-176). Гагаускиот јазик е јазикот на вистинските Бугари, оние на Хан Аспарух кој ги донел во денешна Добруџа. Гагаузите потекнуваат од Добруџа, Варна и источна Тракија, токму онаму кај што се населиле правите Бугари, турките. Денеска, историчарите од од Бугарија, за да ја одбранат својата хипотеза дека се мешавина на Буагри и Словени, одат дотаму дека Гагаузите се остатоци на Куманите и Печенезите, но во местата на Гагаузите од устието на Дунав до Русе, па на југ се до Бургас тоа се териториите каде што се населиле Бугарите. Ако се погледне етнографската карта на тој дел од Бугарија, тнр. права Бугарија од 1861 г., целата спомната област е чисто турска, населена исклучиво со православни и исламизирани туркобугари (Георги Радуле КОј ФАЛШИФИЦИРА ИСТОРИјаТА?).
Културата на Гагаузите е иста со онаа на добруџанските славенофони Бугари, така што можеме да речеме дека мешање на Бугари и Анти (Словени) имало само во Добруџа. Танците и народните песни, како и целиот фолклор на Гагаузите се идентични со Бугарите од Добруџа (Коларова 1998, објавено во Регионални и етнокултурни б'лгарски обштности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуација", Изд. Асоциација АКСЕС - Софија, Софија 2000, стр. 117-176).
Таткото на нацијата: Хан Аспарух, представен од Бугарите како монгол
Гагаузите т.е. Бугарите, како сите христијани во Отоманската Империја биле изложени на притисоци за исламизација од нивните отомански браќа, па многу од Гагаузите заедно со словенофонски браќа Бугари од Добруџа, по руско-турските војни од 18 век, се селат во Бесарабија, денешна Украина и Молдавија- руски територии до 1918 г., а подоцна советски.
Гагаузите се сметаат за чисти Бугари по народност (Скальковскиј 1836-1838; 1848, Бугньон 1853: 198, Свиньин 1867: 175, Могилјанскиј 1913: 85).
Русите, за прв пат ги разграничуваат словенофоните Бугари од Добруџа (мешавина нa турките Бугари и Антите) и Гагаузите во средината на 19 век (Кепен 1850, c. 196; 1852: 40; 1861, c. 62, Каранастас-Радова 2001, c. 23). Во тој период, царска Русија се стреми да создаде руска марионета, вештачка држава Бугарија и нова словенска нација Бугари, од различните словенски племиња кои живееја на територијата на денешна Бугарија. За таа цел, Русите мораа да ги тргнат вистинските Бугари, да им го замрат името, па затоа ги нарекуваа Гагаузи, а вистинските Бугари во Болгаростан (руска колонија) почнаа да ги нарекуваат Татари и го променија името на нивната држава од Болгаростан во Татарстан. Едноставно, мораше да се скрие вистината дека вистинските Бугари се турки народ, азијатомонголски. Сепак, Гагаузите и во 20 век се декларирале по руските пописи како Бугари (Державин 1937, c. 87), односно како преселници од Бугарија во Русија, со своето вистински национално име (Державин 1914: 13).
Гагаузите како најблиски на себе ги сметаат Турците и бесарабските-добруџанските словенофони Бугари (мешани Анто(словени)-Бугари (турки)) и најчесто се среќаваат бракови меѓу нив (Регионални и етнокултурни б'лгарски обштности зад граница, "Аспекти на етно-културната ситуација", Изд. Асоциација АКСЕС - Софија, Софија 2000, стр. 117-176).
Имаме историски податок од 13 век од англискиот професор на оксфордиот универзитет др. Роџер Бакон (1211-1294), со највисока универзитетска титула Доктот Мирабилис, дека бугарите од денешна Бугарија говореле турски јазик. Но тој факт тој не го пренесол од некој друг извор, туку во 13 век лично ја посетил денешна Бугарија - Мала Болгарија (меѓу Стара Планина и Дунав) и вистинска азијатска Бугарија (Голема Бугарија), па во своето дело „Опус Мајус“ 1268 г. вели: „Мала Бугарија е во Европа и таму тие (бугарите) го говорат јазикот на болгарите кои живеат во Голема Болгарија, која е во Азија ("Kazan. The Enchanted Capital" (Flint River Press Ltd, London, 1995).
знаме на Татарстан знаме на Бугарија