Законот на Телема

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Дали е точно дека во телемити не се примале сиромашни лица? Нели е тоа форма на дискриминација која потекнува уште од Кроули? Зошто тежаци, пољоделци и сточари им биле испод части? Дали телемитизмот е филозофија за средната буржоазија, аристократи и богаташи?
 
Еве го скечот:

а „комунистите лажат„ на 3.26.
Мене ми се гледаат два моменти во вска со скечов кој си го искористил на дадена тема во дадена ситуација а тие се:

1. Или не го разбираш скечот.

2. Или ако ,,случајно" го разбираш, си го употребил на погрешен начин, односно, како што би се рекло, обидот за хумор ти е ,,чист промашај".

Трето не гледам.
 
Дали е точно дека во телемити не се примале сиромашни лица? Нели е тоа форма на дискриминација која потекнува уште од Кроули? Зошто тежаци, пољоделци и сточари им биле испод части? Дали телемитизмот е филозофија за средната буржоазија, аристократи и богаташи?
Ова е сказна за масонеријата, демек таму само адвокати и богати и кралеви и војводи. :)

Треба да читаш што рекол Кроули. Не досадувај на темава со рекла казала муабети. Оди прочитај што рекол Кроули токму за ова. Има книги на македонски јазик.

@831 , христијаните се тука дури и со лош хумор како @PROROKOT и со глупи муабети рекла казала како на @callejón de la muerte да досадуваат на темиве, без никаква потреба да научат повеќе за нештата.
Вториот е нападен кон другите поточно сега кон Телемити бидејќи кој смее да го критикува христијанството кога падна толку ниско?
Прво беше обид Телемити да се сатанисти, не помина тоа, па сега Телемити не се примале сиромашни лица...

@callejón de la muerte, реков веќе бре христијанину: секој што ќе го прифати „Законот на Телема“ и дејствува според него (како и да го разбира) Е Телемит.
Каде треба и кој треба да го прими било каде? :coffee:
 
Последно уредено:
Ова е сказна за масонеријата, демек таму само адвокати и богати и кралеви и војводи. :)

Треба да читаш што рекол Кроули. Не досадувај на темава со рекла казала муабети. Оди прочитај што рекол Кроули токму за ова. Има книги на македонски јазик.

Многу важно е да се знае од какви социоекономски услови се појавуваат одредени движења. Тоа што првата генерација на телемити биле богати не е случајно. Има и практични причини зошто било така во тие Едвардијански времиња.
 
Кои се тие првите генерации на Телемити и се богати? Знаеме за Кроули кој што му измислија дека на смртна постела бил ептен сиромашен, беден, без никој покрај него, што нормално е лага и сега кога се имаат информациите тие весници што креваа врева исчезнаа во неповрат, прохристијански бедни центри на информации... :)
Повели кажи ми кои се Телемитите од прва генерација и што богатство имаат и зошто да не сме богати? И со пари и злато и духовно? Има некој што може да не ограничи? Христос? Ха ...

Се на Земјата е за нас да играме и имаме искуство и да надминуваме. Ако сакаш да си сиромашен, оди во манастир и „душата ќе ти е богата“, но не ти се оди нели... нема нет и нема да може да читаш весници :)
 
Има нет сега и по манастири :) И тоа со добра брзина.
Не ми текнуваат имиња затоа што читав одамна и освен Парсонс не ми текиња друго име.
Доволно е да се праша на кој начин заработувал извесен Ѕвер-666 :)
 
Кога веќе сме тука, денес го празнуваме заминувањето на братот Пердурабо од човештвото како човек.
1733060704182.png
На овој ден, далечната 1947-ма умира човекот познат како Алистер Кроули, најпознатиот магичар на XX век кој што овозможи иницијациите во мистериите да се достапни за секој! Човекот кој го прочисти Ритуалот и знаењата протекоа исчистени од догмите и натрупаните симболи кои само го заморуваа аџијата по својот Пат...

„Малубројните сериозни практичари и иницијанти, чувари на знаења кои се пренесуваат со еони низ човековата историја, ја видоа големата празнина и невистина која се шири како болест во однос на магиката и Телемата(волјата) и решија да излезат од својата таинственост и да почнат да ги „издаваат“ своите тајни за да бидат достапни секому.
Тие увидоа дека моќта која ја нудат тајните знаења не лежи само во аристократијата, ами открија дека и оној селанец со раце испукани од земјата, ако ги изведува праксите може да ги искористува моќите кои ќе ги здобие. Тие увидоа дека „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“!
- 666ти пат за Телема

Алистер Кроули е Човекот преку кој дојде Законот на Телема и прогласи дека „Секој маж и секоја жена е ѕвезда“ - Liber AL, I:3

“Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон” “Нема закон над Прави што ти е волја”

“Зборот на Законот е Θελημα” – Телема – значи Волја.

Клучот на оваа порака е овој збор – Волја. Првото очигледно значење на овој Закон е потврдено со антитезата: “Зборот на гревот е ограничување”. И повторно: “Ти немаш право освен да ја вршиш својата волја. Прави го тоа и никој нема да ти рече не. За чиста волја, неослабена од цел, ослободена од страсти за резултат, секој пат е совршен”.

Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја – вистинска волја – нема да има судири. “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”, а секоја ѕвезда се движи по утврдена орбита без мешање. Има доволно место за сите; единствено нередот создава конфузија. Од овие разгледувања треба да биде јасно дека “Прави што ти е волја” не значи “Прави што сакаш”. Тоа е апотеоза на Слободата; но тоа е исто така и најстрого можно ограничување.
- Порака на Мајстор Терион

Истиот Човек во „Едукација на Децата“ вели:

Секое дете е Бог на својот сопствен Универзум, а едукацијата ја развива неговата контрола.
Не смее да се подучува ништо освен како да владее со својата околина.
Вистината е првиот услов; тоа мора да ги согледа сите факти научно.
Храброста е втор услов; тоа мора да ги зграпчи сите факти одлучно.
Организацијата е третиот услов; мора да ги интегрира сите импресии и прописи.
Мора да биде дозволен апсолутен авторитет над неговите реакции, но неговата тенденција да се прелаже себеси или да бега од реалноста мора да се каутеризира со упорно соочување со одбивните реалности.
Тоа мора да знае незамаглено, да се осмелува бестрашно, да одлучува интегрално и да молчи возвишено. “
- За Едукација на Децата, Алистер Кроули

И за крај, тука може да го прочитате Тестаментот на Алистер Кроули. На друго место можете да ја прочитате кратката историја на неговиот живот.

„... и благослов и обожување на пророкот на красната ѕвезда!“
-
Liber AL, II:79
 
На моменти си треба потсетување :)

"But remember this clearly,
that the Law cometh from the A∴A∴, not from the O.T.O.
This Order is but the first of the great religious bodies to accept this Law officially,
and its whole Ritual has been revised and reconstituted
in accordance with this decision.“
- Liber CCC Khabs am Pekht
A∴A∴ Publication in Class E

1733944558945.png

  • Ми се допаѓа
Reactions: 831
За каква дволгава змија зборуваш?
На сликата погоре, обесена на мечот....уствари, извини, сега видов убаво дека биле две, бела и црна.
Што претставуваат, видлив и невидлив непријател, како во христијанството?
 
Има добра листа на книги (и кои поглавја) да се разгледаат за да се има подлабок увид во религиско-философската матрица на Телема. Дека не е Телема само факти за познавање кога што и како Кроули направил... никој од нас не е Кроули, исто како што Кроули не бил Хепта или Буда на неговиот пат. :)
Ние сме Телемити и не градиме Кроулијанство!

Во „Книгата на Законот“ нема ништо за Кроули, но има за Телема и „Кој нѐ нарекува Телемити нема да згреши, само ако подобро погледне во зборот.
Бидејќи:

„Зборот на Законот е Θελημα.“
- Liber AL,I:39

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom