Хуманитарна акција на форумџиите на Кајгана и Црвениот крст

Статус
Затворена за нови мислења.
Нека одлучи мнозинството што е покорисно да се донира. :)
Мислев дека може е попаметно да се поделиме регионално. Оние од Битола нека се насочат кон средства за домот за доенчиња, ние од Скопје можеме да се поделиме меѓу 11 Октомври и 25 мај (домот во Бутел), оние од Струмица може да се насочат кон средства за Бања Банско. Кога велам Битола, Струмица не мислам само на луѓето од овие градови туку и луѓе од нивната околина кој колку е во можност.
Ете Кајгана покриеност на ниво на држава. :)
Оваа идеја е најприкладна.

Така ќе можат да помогнат и форумџиите од другите градови, а и ќе опфатиме повеќе места, па нема да мора да се дебатира каде да се помогне.
 
Јас да кажам, ако има потреба од флаери, можам јас да се погрижам за тој дел :)
 
Може, и да се залепат на видливи места, како школи... Топ! За кога можеш да направиш? и колку?:back:
 
Епа ете вие кажете ми :)
Иначе, мислам дека е подобро да се делат, по школо, по плоштад... Тоа можам јас, а и на брат ми можам да му дадам задача, има искуство он со тоа :pos: Само прво мора да се договориме ние каде и кога за да пишеме на флаерите... Иначе за еден ден би требало да бидат готови, зависи од количината...
 
Едитирано од модератор: Тргнат е цитатот :)

Инаку, сакам и јас да помогнам ама не сум од Скопје и како би можело да стигне до вас од организацијата мојата помош?:)
 
Оваа идеја е најприкладна.

Така ќе можат да помогнат и форумџиите од другите градови, а и ќе опфатиме повеќе места, па нема да мора да се дебатира каде да се помогне.

Доенчиња колку јас знам сакаат или доилки (кои не може да ги обезбедиме нели? :) ) или млеко во прав, кашички, лигавчиња, цуцли, итн итн... Ама ова ќе подразбира кеш инвестиција, а за такви активности доколку сакаме кај нас да се случат треба пеглање на терен подолго време. Не сакам да сум песимист, ама мислам дека варијантата стара облека, играчки, книги можда?! (ако има термин во светов како стари книги:)) ако не остајте, ќе донираме книги на пролет :) ) е поверојатна за ова време што го имаме. Затоа сум троа скептик и за кај Бани Банско или дом за старци...што ним би им собрале вака на брзака?

Бети Буп супер предлози даваш, а може друго, како екстра труд: да волонтираме во кујни божиќно новогодишни, ако има такво нешо... да помагаме да се услужат бездомниците.

Него, да се фокусираме на темата:
За времето кое го имаме сметам дека ќе е најпрактично и најефикасно, најмасовно и најпродуиктувно, ако собираме стара облека (нормално, чиста и здрава), играчки, книги, се и сенешто, што ќе може да се најде како полезно да децата и младите од некој дом.

Волонтерите во секој град: Дивајн (Струга), Ада (дел од скопје) Серпико, Петко, Трајко...ќе ги најдеме - е тие би собирале во одреден ден или во рок од два три дена, или на школо, предмети, облека.... и на (пак пример, и се повторувам ал нејсе) 29ти декември ги носиме во Црвен Крст како мрежа низ цела земја, која има список на социјални случаи со кои соработува (ако веќе не мора да е тоа 11ти октомври во скопје и незнам шо во другите градови). Утре ќе контактирам со еден од водечките луѓе во ЦК и ЦПМ Охрид, а ќе побарам контакт и за државно ниво, или просто ќе му ја претставам акцијата.

Дали може тоа да го сторам, ако сме сложни? И ако е така, утре вечер си читаме со дефинитивен план, најкасно задутре што порано да се видиме кои сме од Скопје бидејќи поголемо растрчување ќе има, а другите градови до тогаш очекувам веќе да имаат определен координатор, после што ако се договориме....

Епа ете вие кажете ми :)
Иначе, мислам дека е подобро да се делат, по школо, по плоштад... Тоа можам јас, а и на брат ми можам да му дадам задача, има искуство он со тоа :pos: Само прво мора да се договориме ние каде и кога за да пишеме на флаерите... Иначе за еден ден би требало да бидат готови, зависи од количината...


...и флаери ќе направиме, или па по постер два кој секој во своето школо ќе го стави.

Ама пред тоа, јас би сакал потврда од вас, после што би побарал потврда од црвен крст, па би преминале на дело.
 
Еве јас потврдувам :) Јас можам за центар и околу...
 
Бети Буп супер предлози даваш, а може друго, како екстра труд: да волонтираме во кујни божиќно новогодишни, ако има такво нешо... да помагаме да се услужат бездомниците.
Постојат кујни во Црниче и Ѓорче, во кои контиунирано, низ цела година, се даваат оброци на бездомниците и сиромашните.

Се нафаќам да се распрашам и за нив (мада сигурна сум дека помош не би одбиле), па и за тоа ќе ве известам.
 
Освен во Црниче и Ѓорче има скоро отворено и во Центар. Прво да се информирам најточно, па сигурни информации ќе пишам утре. :)

Она за посета на домот за стари лица мислев чисто само да се посетат, повеќе како почит кон нив отколку како донирање на нешто пошто тоа се сепак обезбедени луѓе. Повеќе би се израдувале на муабетот отколку на подароците. Не би било голема инвстиција за нив, чисто симболично нешто може да се однесе.
 
Вака сеа.Разговарав со Немирана за ова и ми рече вака.
Нема никаква потреба од црвен крст,најубаво е да се дејствува како кајгана форум и да не се насочуваме кон 11 октомври затоа што овој дом е веќе доволно "икомерцијализиран" и тие деца веќе имаат многу донации. Наместо овој дом подобро би било кон детско село. Пари исто така нема потреба да се собираат туку наместо тоа може да се купи поголема количина честитки од детското село па да праќаме по роднини и пријатели.Облека за бебиња-НЕ.Нема да им користи,а за донации за возрасни најубаво да се упатиме во народната кујна во Св.Петка во кисела вода.
Не е битно да се рекламираме и да биде нешо звучно,да знаат сите од форумов дека донираме.Најубаво е да биде едностано без кревање многу џева.Битна е симболиката и целта што сакаме да се постигне.
 
Идеата е одлична, известете само кога и каде ќе треба да се достави по нешто за да знам да си планирам.
Поздрав.
 
Утре од мој клас сите носат ствари, сум ги подредила како ученичиња :pipi: Серпико, ју хев д апрувал за црвен крст. Утре јас ќе имам и нешто собрано... :back:

многу ми се свиѓа идејава :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Епа ајде, ако ти се свиѓа, кажуј утре у школо, собирај од кај ќе стигнеш облека(само здрава да е! ) играчки, храна, книги и складирај дома. На 29ти ги носиме у Црвен Крст сите од Скопје. Знаеш колку ќе биде закон чувството? :vozbud::vozbud::vozbud:

Вака сеа.Разговарав со Немирана за ова и ми рече вака.
Нема никаква потреба од црвен крст,најубаво е да се дејствува како кајгана форум и да не се насочуваме кон 11 октомври затоа што овој дом е веќе доволно "икомерцијализиран" и тие деца веќе имаат многу донации. Наместо овој дом подобро би било кон детско село. Пари исто така нема потреба да се собираат туку наместо тоа може да се купи поголема количина честитки од детското село па да праќаме по роднини и пријатели.Облека за бебиња-НЕ.Нема да им користи,а за донации за возрасни најубаво да се упатиме во народната кујна во Св.Петка во кисела вода.
Не е битно да се рекламираме и да биде нешо звучно,да знаат сите од форумов дека донираме.Најубаво е да биде едностано без кревање многу џева.Битна е симболиката и целта што сакаме да се постигне.
Тие имаат најголеми странски донации и ако ги сместиме во хиерархијата на "најснабдени" , ќе го завземат врвот. Опремени бунгалови, учителким кујна опрема се само дел од тоа што тие го имаат. Далеку од тоа дека се нешто рокфелери, ама 11 Октомври се пред нив на листата, верувај ми...

П.С Една другарка од клас ми даде идеја која ќе ја спроведам. Ќе зеам кутии од Црвен Крст и ќе седам пред Веро, ќе собирам донации :pipi::smir:
 
Ако постои ваков проблем со комуникација со луѓето од домот "11 Октомври", тогаш можеме да се пренасочиме кон деца од Дневен центар за деца на улица. Тука се сместени деца главно на социјални случаи и мислам дека вработените би биле поотворени за соработка. Ако одговара можам да прашам каде се лоцирани овие центри.


Epa ete.. moze i na drugo mesto. Kako i da e, ako nekoj se nafati da organizira, sekako ke bide super bez razlika dali se decata od 11 oktomvri ili nekoi drugi deca:).. Jas ja podrzuvam zamislata count me on:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom