Да ја надополнам псај само.
Збирното место ќе биде на плоштад,највероватно кај дал фуфо,ама ќе бидете известени за секоја промена.
Ќе се делат флаери на случајните минувачи,исто така се што сакате од облека играчки и сл. може да го донесете на плоштад и тие работи ќе се однесат во црвен крст на 29 декември.
Деновите кои ги договоривме се среда,петок и сабота. Едниот термин е од 5 до 7 а другиот мислам беше од 1 до 3,ама не сум баш сигурна,како и да е,до среда ќе има сигурни информации.
Што се однесува до облеката,немира е член на црвен крст и ни рече дека најчесто прашање е какова облека треба да се донесе, дали стара нова,луѓето не знаат можеби и некои од вас се прашуваат.
Значи се што со еден збор е носливо може да се донира,тоа се семејства кои не пребираат дали облеката е во мода,дали е стара 5,10 или 15 години.
Ако има дупче-сошијте го,потрудете се работите да бидат испрани и сл.
Не е битно за која возраст ќе биде тоа,дали за дечиња или за постари значи се е прифатливо,секако да биде носливо.
Известете ги сите што можете за оваа акција,по школи,комшии,роднини ....
Ако имате можност да ископирате примерок од флаерот залепете го каде што мислите дека ќе биде приметен.
Ајде кајганџии да го направиме ова масовно
ислам дека во постов опфатив се она што се договаравме денес.