Хуманитарна акција на форумџиите на Кајгана и Црвениот крст

Статус
Затворена за нови мислења.
Дечки,тие што сте од другите градови,организирајте се и одете во тамошна подрачна единица да им кажете за идејава за да не се најдат затечени и изненадени.Во секој случај кого и да сретнете,секој ќе ви излезе во пресрет и нема да ве избрка,ќе во сослуша и ќе ве поддржи...чисто за да се организирате поубаво.Ние тука од Скопје,не можеме ништо да направиме за по другите градови со оглед на тоа дека Кајгана прави за прв пат нешто од ваков тип...ова колку за почеток да се покажеме дека можеме...А со Мац правев муабет,понатаму ќе биде нешто и за хуманитарни журки и слично...
 
Термините нели ги договоривме вака:

Среда 17-19, Петок 17-19, Сабота 13-15, 17-19?
:pipi:

:tapp: Да бе, сум измешала јас, извинете :) Ај ми се спиеше, оправдано :)
 
Добро бе, некој дур сме млади да даде нешто што да се пише на поканите? Ко да ве боли уво сите.
Точкест напрај флаер и толку. Ајде едно мислење тука, или привата или на мсн или што знам не е битно како со
Текст кој што би требало да стои на флаерот
Цел на акцијата
Каде
Кога
Што
Како
Зошто




фала:smir:
Еве како би изгледал без текст
picture3cf5.png


22:16
Ај вака да пишам сега збор два за работава. Искрено идеата е супер ама организацијава пропаѓа у вода. Можеби не сум компетентен да мрчам, али ќе измрчам од моја гледна точка. Ко што реков идеа ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, реализација БУУУУУУУУУУ. Ај се собравте на кафе што се собравте, што сте се договориле сте се договориле ама што се изреализира?
Ете назначен сум за флаерот, нема проблем радосно го правев и ќе го преправам дур не ви се засвиѓа на сите. АМА, викате Црвен Крст подржува акција ЕПА чим подржува треба да ги има. Се појавува Член7 и ми вика дека незнае за логото на Црвен Крст дали да стои таму горе и дека ќе идел утре да прашал дали може. Викам океј, АМА од другата страна ми викаат дека треба да биде црно бел флаер на четврт А4 и треба вечерва да се принта и утре посабајлечки да се дели низ школите. А текст? Дознав дека Acid и Serpico биле за текстот надлежни, текст сеуште чекам. Сваќам сите си имаме обврски, и јас и Боби и Мац и сите али чим се случува нешто нека се случи до крај.
Медиумска активност? Телевизии пуна капа, чекаат нешто вакво да објават зашто се тиња со вести. Не за наша популарност, да се појавиме нашминкани на телевизија да мрчиме и мрчиме и да не знаат низ чаршија кои сме. ТУКУ да се рашири веста, затоа што РЕАЛНО низ средните школи флаерите ќе станат авиончиња и пола и више ќе го сватат ко шала. А на телевизија кога ќе се појави на вестите у 5 или у 7 ќе видат и мајки, баби, стрини, тетки и ќе соберат од дома што имаат и ќе донесат и придонесот од Кајганџиите ќе биде поголем :wink:
ЗОШТО, уште се прашувам ЗОШТО вака на ваков начин подпадна волку прекрасна работа. АМА искрено верувам дека можеме да се средиме за некои 24 часа, и организацијата да ја преселиме еден ден понапред. НО, многу е важно сега за следниве неколку саати да се свати ова посериозно
Фала на тие што ме прочитаа:smir:
 
Дечки не беше договорот вака...тие што најмногу галамеа сега замолчеа...или додека ви траеше сето романтично,новогодишно расположение беше во ред и одеднаш наидоа други обврски и вие замолчевте.Мислам дека не е ок,особено за ваква работа.Идејата беше и сеуште е за поздрав,вие не сте.Воопшто не си стоите на зборот.Потоа еден ден ќе се најдете во конфликт сами со себе и ќе си речете,како се неодговорни луѓето,како не се грижат за останатите,епа нека ви текне на ова,најтопло ви препорачувам,самокритичноста се надевам ќе проработи.
Мими,Ева,Ива...уште некој...нека се јави жив,па и тие што рекоа дека ќе стојат на располагање...
Се додека нечие его ќе стои пред вакви благодордни идеи,ќе пропаѓа се во вода...
Ја брукаме Кајгана,се буркам и јас ус пат затоа што денес отидов со сериозен пристап и зборев со дечките од Клуб на млади кои и најчесто се задолжени за вакви хуманитарни акции кои испаднаа фер,ме сослушаа и се согласија да соработуваме.
Од утре,па се до 29 ќе бидат поставени кутии за донирање на облека (која мора да биде испрана,не мора испеглана ако ве мрзи) и храна која е трајна.По една тегла ајвар од дома,ништо нема да ве чини и најсериозна сум колку и да звучи смешно.
Кој сака да биде уште похуманитарен од денес па се до 24-ти може да оди во Супер Тинекс,ако сака нека се придружи,ако не може и да донира некој денар (од 16 до 20 часот) за пакетчиња за децата со посебни потреби.
Требаше да има банер,требаше да биде дадено по блогови,требаше да бидат испратени мејлови по другари/ки...има само едно големо НИШТО!

Од утре,па се до 29 договорот е таков каков што е,кој се пријави се пријави,има да се поделат флаерите,ќе ја реалзираме идејата како што беше поставена,со бонус плус кој сака директно во Даре Џамбаз нека однесе од собраното.
Затоа што имаше и такви кои по народни кујни сакаа,па ајде нека повелат,има на неколку локации нека дејствуваат таму!Баш пријатно ќе не изненадат.

Стварно не е фер и не е ок од наша страна...вакви работи не треба да се случуваат само за Нова година,Божиќ,Велигдени и Бајрами итн итн,треба постојано да сме со иста идеја и мотив.До душа дури и глупаво е да кажам идеја,затоа што доволно е да поминеш на плоштад или на некоја раскрсница за да ја доловиш сликата на нашата беда и сиромаштија.Ама не,затоа што тука сме повеќето со платен нет од мама и тато,со храна и добра облека,па и не ни е толку важно,можаеме за момент да се оправдаме пред себе дека сме хумани и да кажеме као *ХЕЈ!Имам генијална идеја!!!Ќе правам хуманитарна акција!* и останува само на тоа...

Колку и да бев пријатно изненадена за свесноста на младите дека некому е потребна помош,сега сум многу разочарана ... само барем еден ден да се смениме со тие луѓе можеби ќе станеме посериозни кон сето ова.
Јас разбирам да имате писмени,да сакате да се организирате за дочек нова година,да одите да си купите нешто и слично...ама па барем не почнувајте нешто за кое не сте спремни да го терате до крај.Затоа ВЕ МОЛАМ,АМА ИСКРЕНО ВЕ МОЛАМ,денов помина како што помина,утре да биде се скоцкано и средено за со среда.Ајде нека ви се врати хуманиот дух од пред една недела,ВЕ МОЛАМ!Барем да го истераме до крај и да и дадеме на Кајгана една друга димензија!Познати сме по револуционерниот дух и патриотизмот,дај да бидеме и хуманитарци,затоа што второво без првово не оди...пред се да се сакаме како луѓе,а потоа да го браниме и нашето.
Ќе ви напишам како се дејствува...а вие одлучете,може и ќе ви треба и за понатака и ќе ве натера љубовта кон луѓето да ви има малку потраен карактер од вообичаено...
Хуманитарност,непристрасност,неутралност,независност,доброволна служба,единство и универзалност!
АЈДЕ ХУМАНИТАРЦИ израдувајте не до утре!Знам дека можеме!

П.С.Реално мислам дека Ада фали...најискрено!
П.П.С.Админи морски,доста се присликавате со Гоцета Арнаудов довлечкате ги убавите задници на темава :back::bip::smir:
 
Немирна, зошто толку негативна енергија? Се согласувам дека премногу се опуштивме ама сепак не е завршено се додека не запее дебелата дама.
Кој сака, на начин на кој сака, кога ќе посака... може да биде хуман. Ако сака.
 
Мене да ме биваше за ова пишувањево, ќе му кажев на Точкест што да напише... Вака стварно незнам што да му кажам и со што да помогнам, јас за тоа што се пријавив уште стојам и планирам да го направам... А темава цело време ја пратам и го очекував и од другите тоа затоа што рековме ќе се договориме тука нели, за да видиме дали ќе има и други заинтересирани... Ама денес нема(ше) никој....
Точкест има добри идеи ама немаме време за се' тоа, особено со буквално пропаднатиов ден... Јас и вчера вечерта и денеска цел ден чекам флаери и требаше до сега да бидат готови... Нели, одма ќе беа!
 
Ajмо фраери!
Напад на морал - кул.

Точкест, не мора да си избран, искулирај.
Некој нека им каже дека сме дрогери глупави.

Јас утре работам на случај, ама не со момци и девојки шо во 1 по полноќ осеќаат грижа на совест.
И, колку можам, од себе, ќе дадам.
 
Јас ќе дојдам да донесам нешто шмекерско
 
Ajмо фраери!
Напад на морал - кул.

Точкест, не мора да си избран, искулирај.
Тијана, кажи им дека сме дрогери глупави.

Јас утре работам на случај, ама не со момци и девојки шо во 1 по полноќ осеќаат грижа на совест.
И, колку можам, од себе, ќе дадам.
од 18:И кусур работев на случајот
ОД МЕРАК
тоа мораше да се нагласи зашто погрешно сум сватен. После тоа сите ги снема и почнаа да се шират триста муабети, те вака те така. НЕМАШЕ НИКОЈ СО КОНКРЕТЕН ЗБОР. Сакав и сакам да помогнам, епа сега за сега сум на стенбај
 
шо ви е бе?
ај не го правете ова лично,не се акајте дека не се грижиме зашо јас работам на случајот цело време,кажувам на кој ќе стигнам,се трудам,верувам дека сите што бевме собрани вчера го прават истото.
флаерите се потребни за во среда,до тогаш ќе бидат готови.

ако сакате да учествувате во акцијава-повелете,ако не ич.
 
Слободен сум у среда во период од 1 до 3! имам пауза од факс па можам да ви се најдам за флаери да делам. Ќе шетам низ плоштадот ќе делам флаери и ќе шмекам по пат, па на тој начин ќе го заинтересирам женскиот пол уште повеќе за оваа наша акција :) Некој од модераторите ако го прочитаат постов и ако не е проблем да делам флаери нека ми пише на профил.
Шмек...
 
Магде,ти делувам како да не сакам?!:smir:
Не за лично...далеку од лично е работава...
 
Не знам зошто вака негативно срипавте. Не дека пропадна се во вода, нема потреба да се крева паника пред рака.

Се сложувам дека флаерите требаше да бидат готови уште вчера, а најдоцна до денес, админите кои се нафатија треба да побрзаат со работата ако сакаат да стигнеме на време да донираме.

Но друго се си е во ред, се чека само на флаерите, тие кои се нафативме да поминеме 2 часа на местата на кои ќе се донира, верувам ќе си останат на зборот.

Направивте од мравка слон, иако акцијава и не и е потребна којзнае колкава организација, колку што и е потребна волја и малку слободно време. Повеќето од нас тие две работи ги имаат, па верувам дека веднаш штом ќе се направат, испечатат и поделат флаерите, понатаму е лесно.

Не плукајте пред време, ако тргнеме вака негативно, нигде нема да стигнеме.
 
не бе немирна,знам дека сакаш и дека си посветена.
ама нема потреба од вакви муабети сега кога веќе се приближува акцијата до крајот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom