КиреМали 1911
Модератор Неимар
- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 1.313
- Поени од реакции
- 223
- Возраст
- 39
Отвори Google Earth, и види ја разликата во површина помеѓу ГТЦ и било кој друг трговски центар низ Скопје. Ќе сфатиш зошто е применето такво решение. Мислиш потешко им било да затворат третина од денешниот габарит на објектов, да го направат во стил на стоковна куќа, и да бидат мирни?
Во архитектурата се прават студии. Пред идејата, а камоли пред проектот. Урбан контекст, силуета на објектот, психолошко дејствување врз човекот... Во тие работи, убеден сум дека ГТЦ подлегнал под далеку подлабока студија, одколку на пример, еден Рамстор, како прв затворен трговски центар од тој тип во Скопјево.
Архитектурата е една од најголемите траги врз една нација, Братот. Нејзина улога е да биде во контекст со просторот во кој егзистира. А ГТЦ егзистира така. За проектот, идејата и симболиката на истиот, во некоја наредна прилика. Рамстор мол, и другите мол-ови кои би се граделе во Скопје, се влијание од архиектура од друго подрачје, сосема не-related со нашево. Али да, ние сме космополити, нели?
Пред 2 месеци, беше изложен проект од Институтот за историја на архитектура и уметност од Архитектонскиот факултет за надградба и реновирање на ГТЦ. Проектот е прифатен и купен од инвеститорот. По некоја случајност, би требало да почне речиси во исто време со овој mall-ов на темава, така доаѓа? Епа ајде, баш би сакал да видам еден таков натпревар помеѓу два, сосема спротивни проекти.