Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
Јеее не поскапуваат!!! Само така се потресовме. Еее ебате медиумите. Веќе не верувам во ништо што ке се каже дур не дојде на дело.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Најдобрата вест денес. Уф, нема да ги поскапат. Ми падна камен од срце. Само да не биде и оваа вторава вест шпекулација.11.12.2008 12:25
Цигарите немало да поскапат
Министерството за финансии, како надлежна институција, демантира дека е планирано било какво поскапување на цигарите и дека тоа е побарано од производителите на цигари.
„Објавената информација дека наводно Владата упатила барање до производителите за поскапување на цигарите за 35 отсто, и тоа во март следната година, а заради усогласување со ЕУ стандардите, ја сметаме за најобична шпекулација која нема врска со реалноста“, се вели во соопштението од Министерството.
Од Министерството истакнуваат дека Република Македонија во 2007 година ја исполни ЕУ директивата за недискриминација на домашните и увозните цигари, со тоа што изврши изедначување на акцизата кај сите цигари, без оглед на потеклото.
„Уште еднаш повторуваме дека во 2009 година не е планирано никакво зголемување на акцизата на цигарите, ниту пак е побарано од тутунските комбинати да ја зголемат крајната цена на цигарите“, се додава во соопштението.
Вчера весникот „Дневник“, повикувајќи се на високи владини извори, објави дека се подготвува поскапување од 35 проценти, меѓутоа изворите одбиле да дадат повеќе информации, додека портпаролот Шефик Дураки ниту го потврдил, ниту го демантирал поскапувањето.
Извор: A1
Се` дур мене нема да ми текне да се откажам од цигари т.е. се` дур не ми се јави некоја сериозна болест поради која би морала да ги оставам цигарите (пу, пу, пу, не дај боже) нема да се откажам! Па макар и цигарите да ги поскапат дупло, тродупло, макар и непушачиве да ми трубат врз глава!!:nenene:
Сакаш да кажеш дека џабе се потресовме?! :nesvest:
Добро, колку треба да се глупи македонските медиуми да не можат да објават една ебана вест ко шо треба, поткрепена со потребните факти?!
Како и да е, освен ако не испадне дека и вторава вест е грешна, ова е одлична вест. :tv: