EXIT 09

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
prodigi si e prodigi
se uste se dobri deckite kako pred nekolku godini so bea
 
Во Скопје сум сега, прекрасен Егзит, за секоја пофалба, одлична беше програмата, и настапите на скоро сите бендови. Што се однесува до последниот ден, Меднес беа супер, одлично ја загреаа атмосферата за Продиџи. Продиџи стандардно, супер беше, гужва ептен, борба за преживување во публика. Трет пат ги гледам, два пати на Егзит и еднаш во Скопје, и според мене настапот кај нас им беше најдобар.
 
ЛУДНИЦА!!! Одам да спијам, ќе пишам покасно....
 
Лудо лудо најлудо :)
Као прв егзит поштуем до јаја, и се спремам за следната година :)
Ќе кажам на кратко сега зашо сум на работа и немам време да напишам ол инклузив пост, Sub Focus не отворија првиот ден а Chase & Status не затворија
 
Егзит оваа година беше подобар од оној феноменалниот во 2005та...догодина ако сакаат да ме натераат да одам пак, ќе мора да се потрудат со подобар лајн ап, зошто ова годинава беше ломење, свака част, алал вера, да му расте курето на малиот, за арно за убаво... :icon_lol:

Организација на нивоу, бендови и артисти најбоље на свет, пијани, сидосани и грипосани Англичанки, многу Македонци (што е за респект), поскапени цени на се, пиво на тони (за со џок), итн....и уште многу позитивни работи....

Инаку настапите на сите фацки кои ги гледав беа нешто феноменално...

Ама најмногу ми е мака што не ја фатив Лили Ален, односно последните две песни што ги испеа ги слушав од фудленд, дури чекав токени...
Е сега прво нешто што ме изоткачи беше Roots Manuva - настапиште, само што ми скурчи тапењето за Мајкл Џексон, е вишеее па...Arctic Mankees ги слушав саат време и ми здосадија со едни па исти песни...па трк на Фјужн на Herbaliser - е тоа беше најсвака част журка на која сум присуствувал...човече ко на Тина Тарнер да бев!
Исто така првиот ден изненадија и Caspa & Rusko & MC Rod Azlan, кои што откорнаа со топ даб степ музики....и Sub Focus не отвори сабајлето до немајкаде...
Вториот ден ми почна со Korn....аууууууу па тоа беше крв од уши!!!
Најдобар настап на кој што сум присуствувал до сега...Типците скренаа тоталка..риспект! Па се смени концепт т.е. правец на Денс Арена каде што Digweed и Sasha ми ги потекоа јајцава со тој очаен сет кој што само се повтараше и не одеше накај добро...стари се, правец пензија, стварно разочараа (барем трезни ко мене што ги имаше многу малку таму :icon_lol: )...добро е што Италијанците после нив распалија и следеше најдоброто изгрејсонце на светот...секако и риспект за Richie Hawtin b2b Dubfire, e беше сарма од лозов лист, мх мх мх мераци!!!

Btw третиот ден беше најдобар на Егзит, поради тоа што фатив бендови кои што ми значат многу...Алоооо па Крафтверк имаа настап од соништата, тоа беше невидена перфекција, тотално откачување, кое што го продолжи Моби со исто така многу добар и профи настап, гужва...другпат за тоа :icon_lol: Нормално се најде време и за Delinquent Habits и Елементал, кои што дигаа во вис луѓе, бравос!
И стандард на крај на Меин, днб мрсно со запршка стара 5 дена...откачување скроз, посебно со Chase and Status, кои ме разочараа на 5 мин од сетот, кога отапеа со некои џанглови скапани, мање више хејтерот се јави во мене и морав да ги пцујам :pos: и како и да е, нај нај нај добар и нај излуден настап на Егзит имаа THE PRODIGY... па тоа беше борба за живот...тоа беше настап, еден и единствен на деценијата...а претходно Madness не имаа така развеселено, што овие будаливе од најпозитивни створења, не претворија во лудаци кои масакрираа се живо и диво околу себе...добро е сите останаа живи...окапавме уште некој саат на днб и правец на Дебелиот на Денс Арена...па за џабе не е легенда Карл Кокс...од сите 6 пати колку што сум го гледал, овој последниот за затварањето беше СТРАВА!!! Дебелиот откачи тоталка, какви музики изрока, нешто феноменално...затварањето беше со сите марифети и ритуали, едноставно најдобро....

И уште не ми се верува дека помина така брзо овој Егзит...дефинитивно најдобриот до сега...

Па се гледаме догодина, здравје...

Мал поздрав...











 
Дечки, сакам годинава да одам на ЕГЗИТ, за некој ден до средина јануари ќе ги има картите по промо цена. Бидејќи немам искуство со онлајн нарачка на билети, ме интересира некој што нарачувал од промо картите како тоа се изведува, ако може да ми објасни подетално (туку или инбокс)....Фала ви многу однапред и се надевам дека некој ќе ме просветли :D :)))))))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom