Сречко Катанец го напушта националниот тим по квалификациите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Вака... Не се согласувам дека Катанец бил претерано лош, зашто сепак имавме извесен напредок во националниот тим, со него на кормилото. Но, минатите квалификации се обврза да нè доведе до третото место во квалификациската група и не успеа. Доби уште една шанса, овој пат да стаса до второто место и не му се пишува добро. НО! Квалификациите уште траат.

Јасно е дека постојат само теоретски шанси да стасаме до второто место, но од чист принцип сметам дека треба да се остави Катанец да ги доврши квалификациите до крај. Сите претходни пати сме го менувале селекторот на сред квалификации, што е далеку полоша пракса. Вака, нека ги заврши квалификациите до крај, па нека си оди, како што и самиот најави.

Зошто? Две причини. Прво, тоа се нарекува професионализам - рекол дека ќе ја води Македонија до крајот на квалификациите и го истрајува тоа до крај. Второ, далеку е подобро новиот селектор што ќе го наследи да почне нов циклус на квалификации од нула, отколку да ги пополнува дупките на концепцијата што другиот селектор ги направил, а со која можеби новиот селектор воопшто нема да се согласува.

Значи, мојот став е ваков: Катанец да ја води Македонија до крајот на квалификациите, па ако не успее да ја доведе Македонија до посакуваното второ место, да си оди. Внимавајте: можно е Македонија сепак да дојде до второто место! Што ако Катанец евентуално успее да ја доведе Македонија до второто место? Зарем тогаш би посакале тој да си оди и би го испратиле со толку погрдни зборови?

Е сега, доколку се гледа дека неуспехот е евидентен, да се почне да се бара следен селектор. Мојот став е дека следниот селектор треба да биде Македонец, а не странец, зашто и со странците и без нив ние правиме толку. Па тогаш да одиме со свои сили и да не даваме премногу пари на странци, кога веќе можеме да поминеме со помали трошоци, а да добиеме исти резултати. Чиста економија.



Според моите пресметки, Македонија има уште 4 натпревари. Тоа се потенцијални 12 поени и плус 3-те што ги имаме, тоа се 15 вкупно поени, а тоа ни *гарантира* второ место во групата. Значи, многу ќе зависи од идниот натпревар што го играме (мислам дека е со Норвешка дома). Ако него го добиеме, сме чекор понапред и можеме да се надеваме на понатамошен успех. А ако не, полека ќе треба да почне да се размислува за смена на селекторот. Но не пред тоа.

Значи, теоријата постои, сепак. Се граничи со лудост? А што велиш за лудоста наречена губење на натпревар од Андора?
Плус тоа, не знам кој рече на истава тема, но секогаш секој може секого да изненади. Зошто да не се надеваме на позитивно изненадување...

А од принцип не сакам менување на тренерот во текот на квалификациите од проста причина што кога некој на нешто ќе се нафати, треба да го истера до крај. Така и ние: сме се нафатиле со тоа Катанец да ни биде тренер, па да ги истераме овие квалификации до крај. Ако го шутнеме Катанец на сред квалификациите, само ќе испратиме (уште еден) сигнал дека сме несериозни како федерација: од кога ги следам квалификациите на Македонската репрезентација, тренерите се менувале на сред квалификациите или некаде при крајот, а идните тренери повторно не се прославувале.

Во најмала рака, Катанец нека ги истера овие квалификации, за да започнеме на создавање навика на доверба до крајот на циклусот на секој тренер. Во спротивно, не знам кое квалитетно тренерско име би се нафатило да биде тренер на Македонија.

Јасно, ќе кажеме дека не ни требаат странци, туку си имаме свои, но принципот е ист: колку што знам, Канатларовски беше сменет при крајот на квалификацискиот циклус, исто и Јовановски. Не знам како поминале Илиевски и Хаџиевски, а во времето на Дончевски не следев... :smir:

Значи, без разлика на сè, Катанец во моментов е тренер на Македонија. И заслужува максимална поддршка од нас, а никако не заслужува погрдни зборови. Тој секогаш професионално си ја вршел задачата но ете, немаше среќа. На крајот на краиштата, самиот тој рече дека првиот гол на Македонија против Холандија на Градски бил неоправдано поништен, но само затоа што Македонија не е Франција или Англија или Шпанија, туку е послабо рангирана репрезентација, па на Холанѓаните им се дала предност.

Во текот на целото свое тренерствување со Македонскиот национален тим, јас немам ниту една забелешка за Катанец. Можете да кажете дека сум неупатен, но прочитав една изјава дека тој сметал на времето дека 10 години ќе остане на кормилото на Македонија. Сега работите се сменети, но дали мислите дека можеби и јавното мислење (т.е. ние) имало влијание на тоа? Па човекот си мисли „Штом не ме сакаат и ме пцујат, зошто па јас да се трудам и да им давам сè што можам и да им ги водам играчите најдобро што знам? Ќе ги истерам до крај професионално, ама само зашто тоа добо ќе стои во моето резиме, а тие после нека кршат глава.“

Не верувајте дека некој од тренерите што ќе го наследат Катанец многу ќе ја „сака Македонија“. Тоа можеби ќе биде случај ако се работи за домашен тренер и таква иницијатива поддржувам, но немојте да мислите дека љубовта кон државата која се води е предуслов за успех во квалификациите. Треба многу работа, многу пожртвуваност, од сите учесници: тренерот, играчите, управата и навивачите (т.е. ние).

Значи, поентата ми е следна: Катанец ќе ја води Македонија до крајот на овие квалификации. Додека е на таа функција, давајте му ја целата поддршка, а бидејќи се знае дека ќе се смени, почнете со време да барате (и да лобирате, ако треба) за нов тренер.



Како прво сакам да те демантирам дека Катанец не бил претерано многу лош и дека сме забележале напредок во репрезентацијата, туку напротив од кога е Катанец на чело ние бележиме тотален колапс на нашиот тим. Зошто ???
Прво погледни го составот на репрезентацијата составот е исти од 2000 год. па наваму со некои 3-4 измени кои претходно се биле резерва а сега се во првиот тим. Значи со таква екипа која игра заедно 9 години од кој тој веке е на чело 4 год тој требаше да ги научи играчите како дишат во буквален смисол. Кога дојде на чело се смени бодувањето од страна на ФИФА па така да od 87 место на ФИФА ранг листата ние кога дојде тој АВТОМАТСКИ се преселивме на 54 место значи тој не беше заслужен за тоа туку заслужен беше променетиот систем на бодување. Е сега од кога тој довага ние од 54 место бележеме пад од 7 места надолу и тоа на 61 место ( што очекувам да се промени во следното бодување на уште полошо).
Тоа беше за рангирањето.
За играта :kesa: што да ти кажувам тотална катастрофа според мое мислење.Зошто ??? Затоа што, екипи од типот на Андора, од типот на Исланд, и од типот на Холандија тоа се тотално различни екипи по игра по тактика по искуство. А тој на тие 3 натпревари (ги потенцирам само тие зошто изгубивме а ги има многу) тој играше буквално со истиот состав (освен тие што беа казнети поради картони) со истата формација 3-5-2. Значи како може да играме секогаш иста формација иста тактика со сите нив, па нели секој тим има свои слабости, свои дупки во тимот на кои треба да се сврти вниманието за да се притисне таму. Па не е можно бре да сите тие играат едно исто и да имаат една иста тактика нели!! значи свакаш што ми е поентата да не разврзувам многу.

Сега за другата страна на проблемот а тоа е ПАРИТЕ!
Значи кога се сите ние знаеме дека тој зема 15000 евра месечно и плус другите премии.Премии не од типот на победа :kesa:туку од типот на платен телефон платен превоз, значи се му е платено (дури јас мислам Босмен Хари му го плака и тоалетот). За такви пари реално е да сите ние очекуваме тотален БУМ во тимот а исто така и прогрес во играта, а ние напротив прогрес во играта НИКАКОВ а за БУМот има ни Б!
Сакам да потенцирам дека тој зема 15000 евра што е колку 5 премии на играчите за ПОБЕДА и само ПОБЕДА. Значи може да констатирам дека тој зема 5 пати повеке од самите играчи. Па кај се видело бре тоа тренерот да зема поголема плата од играчите НИКАДЕ! туку само кај нас во Македонија! А за такви пари можевме да донесиме правилни професионалци од типот на Чиро Блажевич (кога веке сакаме странци) кој вреди некаде околу 4000 евра месечно или можевме еднен Славен Билич да го плакаме со "мизерни" 7500 евра месечно (толку му е моменталната плата во Хрватска) и уште многу други сега да не ги барам и образложувам. Е сега да не ме свати некој погрешно ке рече некој баравме искусен менаџер ние да баравме ама не бе мајку му за едно цело азно богатство, тоа се многу пари за еден менаџер каков што е Катанец.

За притсокот што се прави на Катанец јас мислам дека е нормално луѓето да барат успеси а кога не ги добијат тие истите да се лутат и да пукаат по тој што е најзаслужен и одговорен. Тој што очекуваше кога дојде дека сите ке го тапкаме по рамо и ке викаме абе добро играме ама заебаа не судиите!! Мора да се има позиција и опозиција за да се постигне нешто. А и мегудругото тој самиот си направи така со одбивањето на домашните медиуми за разговор кои тие медиуми се гласот на народот гласот на публиката.

За пожртвуваноста се согласувам со требе дека треба таа да постои од сите што се вклучени во тоа па дури и ние публиката, кои на секој натпревар ни требаат лексилиум за смирување по лошата игра по лошата тактика по секој пораз.Но тие играчи ги бира самиот тој.
Не може бре да ми вика пред секој натпревар дека сме немале кадарни фубалери што тој може да ги искористи. Па тој коа дојде самио беше свесен во каква атмосвера доага каква екипа има кои се играчи ги има на разполагање и сега да ми вика абе не бива немаме средина немаме напад ова или она немаме. Како може да го констатира тоа коа самиот тој не знае какви играчи има во тимот а не па нешто подалеку кои не се во тимот. Јас веке еден пат кажав дека ако го прашаме за да наброи ајде 10 играчи од домашната лига тој нема да може да каже ни 5 а камоли повеке па и надвор од државава.

Луѓе не бива бе така така не се води репрезентација, односно национален тим и да се однесуваш како да води третолигаш од Зимбабве.
НЕ БИВА!!!

За промената! Јас мислам дека не треба нешто такво!
Треба да се остави да не доврши па сега што е тоа е.
А зошто!?!
Па затоа што прво на Хари ке му треба 1 година да донеси менаџер кој тој ке одлучи да го води тимот (тоа му е стручност :pos2: мајку му) а за сето тоа време ке треба тимот да ни го води Станојкович пто и тој не верувам да остане таму доколку Катанец си отиде. Треба да се остави до крајот а во мегувреме уште од денес да се бара адекватна замена која нема да го цица фондот на ФФМ кој и така ни е многу слаб.

Според мене мислам дека е редно да си се вратиме на нашите менаџери кои многу добро ги знаат играчите и кој ке биде тука во секое време и да ги следи игрите на потенцијалните репрезентативци. Според мене таа работа највеке му одговара на Ѓоко Хаџиевски или евентуално ако успееме да го донесеме Чеде Јаневски.
Тие двајца треба да се искористат, да се искористи нивното знаење и квалитет.
 
Крусер за нешто за слагам ама за повеќето работи не :smir: Катанец првин не работи психологија со фудбалерите :toe: кажи ми еден со Холандија што изигра со срце,што влезе во дуел игра? Нема! Нема акција,нема ништо...мене искрено поубаво ќе ми беше и 7-0 да изгубевма ама да шутневме кон гол барем некоја акција,нели по страна играме со крила,втор момент е пријателските утакмици,секој пробува нови фудбалери само ние не :toe: па ништо не го кошта да ги одмори оние кои веќе знае дека ќе играат на кфалификации со оние другите потенцијални...па мајка му може да направи за време на подготовки таков дуел Македонија А-Македонија Б :toe:
 
Гоклемо чудо ако си отиде Катанец и така ништо не направи
 
Да, многу е лесно да веруваш во твојот тим кога постигнува добри резултати. Многу е тешко да веруваш во него кога е во криза, но токму тоа треба ние како навивачи да го пружаме.

Ако сметате дека треба да направите ремонт во репрезентацијата, повелете. Како тоа ќе го направите? Ќе одите на состаноци? Ќе го линчувате Хаџи-ристески? Што можете да направите како обични навивачи и поддржувачи?

Ме интересира, за да знам што може да се прави. Плачењето, кукањето и толчењето на позитивните работи (ти ми реплицираше и ги негираше само позитивните работи во моето мислење, а негативните ги остави такви какви што се) по теорија носат само повеќе негативности. Затоа, да чујам нешто ново.



Не реков дека сум верувал во репрезентацијата туку само еднаш дека имав такво чувство дека за првпат играат со срце на терен и дека ке биде добар резултатот.


Тоа е лошо.Што неможеме да направиме ништо бидејки се е една поврзана мафија.Затоа нема МАК фудбал, затоа немаме Интернационален фудбал.Затоа не ја следам репрезентацијата.


Ни плачам ни кукам ни ги толчам позитивните работи бидејки јас не гледам позитивни работи у репрезентација.Калакурница :) кој што сака прави се зимаат играчи од по 30+ години (проверени:tapp:) и веке почнувам да го гледам АС МИЛАН во нашите редови и геријатријата негова.Тапа сме и ке бидеме додека не биднат големи промени(АКО БИДНАТ). ПОЗЗЗЗЗЗЗ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom