Сречко Катанец го напушта националниот тим по квалификациите

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Многу добро кажано и објаснето, уште да го прочита тој што треба...
 
Браво за новинарот кој ја напишал таа статија.Од збор до збор е точно,секоја цртка е точна,алал нека му е.А не знам зошто Катанец дремеше до сега,како да немаме други фудбалери што може да изграат подобро од овие сега што играат и некои што не се воопшто погледнати како играат.Еве за пример Филип Ивановски во Полска.Човекот сега таму прави партали,на секоја утакмица дава голови и асистира,едноставно игра перфектно во Полска.Не знам тој клошарот словенски зошто не го зема барем на една утакмица да види како ќе изигра.Се надевам дека ќе изиграше добро,бидејќи сега за клубот кај что игра во Полска,на секоја утакмица дава 110% од своите можности,игра со срце.Ама Катанец изгледа е слеп за некои фудбалери и едноставно ги форсира.Епа друже затоа срекен ти пат во НЕПОВРАТ.
 
За да играш во репрезентација се плаќа, тоа е очигледно. + тоа Хари е тој што го составува списокот на играчи, не некој друг. Така да додека не се смени се во ФФМ ништо од нас. И ајт клуч на темава више.
 
дефинитивно нас ни треба ќиро блазевиќ,замислите зел некој играч(босанец нормално)кој игра во втората српска лига видел ќиро некојси талент бил и сеа растура у босанска репрезентација е таке треба да се работа а не ка копиљов катанец кој доаѓа само когај игра македонија и мисли таке се прае репрезентација
 
Си одмара во Словенија и си зема месечна плата без да ги гледа нашите фудбалери како играат за клубот. Затоа цело време си вика се исти играчи демек проверени а со тоа си вади изговор зашто не вика нови играчи. Филип Ивановски, Тричковски, Мојсов, Грнчаров и уште многу други млади таленти повеќе заслужуваат место во репрезентацијата него Наумовски, Ристиќ, Седловски или Шумиликовски.
 
Според моите пресметки, Македонија има уште 4 натпревари. Тоа се потенцијални 12 поени и плус 3-те што ги имаме, тоа се 15 вкупно поени, а тоа ни *гарантира* второ место во групата. Значи, многу ќе зависи од идниот натпревар што го играме (мислам дека е со Норвешка дома). Ако него го добиеме, сме чекор понапред и можеме да се надеваме на понатамошен успех. А ако не, полека ќе треба да почне да се размислува за смена на селекторот. Но не пред тоа.

ако се земат во предвид 3те изгубени бода од исланд, тоа значи дека не моравме да победиме кај шкотска на гости.
што ќе рече дома победи со норвешка и исланд, и сигурно мал подвиг кај норвежаните во гости, но ако сакаме да се надеваме на пласман, тоа и не би требало да биде подвиг.

иако и шкотска се победливи, тоа сум сигурен.
зборам за 3 бода со исланд, кои секако ги заслуживме со играта и шансите едноставно среќата не беше со нас
ако тука се додаде и бодот неосвоен со холандија дома, ќе беше петка работата.

и да не освоиме 4 победи по ред, нека се и 2, ама веројатно фудбалерите сами ќе сватат на крајот на циклусот колку значеше поразот од исланд

толку блиску, а толку далеку
искрено, системов со бараж натпревар е срање, 2ро место не значи европско или светско. второ место значи 50% завршена работа.

читам по весници што се дешава и што се дешавало во холандија.
поубаво да не читав...
 
Ајт и Хари и Сречко нека си идат може ке биде подобро.
 
Иако се повеќе и повеќе сум уверен дека Катанец нема капацитет да ја води репрезентацијата, во последно време конечно сфаќам она што до сега не го сфатив (или не сакав да го сфатам), а тоа е дека играчиве што ги имаме моментално во репрезентација ни се МИЗЕРИЈА НЕВИДЕНА! Џабе ја се уверував дека во овие играчи има некаков квалитет, овие се далеку и од една просечна репрезентација. Во време кога сите балкански репрезентации се во експанзија, нашава ја нема никаде. 10 години воигруваме играчи, 5 години правиме тим, а 20 години чекаме резултати!!! Ја добивме најлесната можна група, ако ни беше јасно дека тешко би дошле до 1 место, сепак 2 е и тоа како достижно, а ние сироти неможеме еден Исланд да го победиме... Па срамота е бе, во средата неможеа да ја префрлат топката преку средина на терен, да не зборам за шанса да направат... 8 од грачите што играа во средата не изиграле натпревар од турско време, а упорно се форсирани од Катанец. Па стави некои од наша лига бе токмак еден, гледаш дека не иде со оние пензионерине во одбрана. Мрдни го гзот малку, дојди гледај некој натпревар од нашево првенство, сигурно ќе најдеш барем еден играч што вреди да игра (ако не може повеќе).

Да не се залажуваме, ние имаме само еден добар играч кој игра во еден (пот)просечен италијански клуб, а овие другиве греат клупа во екипи послаби и од овие што играат во наше првенство, а со такви играчи ќе си бидеме стандардно 4ти во група (оваа година и тоа тешко ќе биде).

На крај, кој курац е Пандев да не сака да пешачи!? Истите правила се за сите, неможе да се става самиот себе над останатите играчи. Секој натпревар исти "финти" прави, аман човече дигни ја таа глава еднаш, не само фаќај топка, тргни напред и паѓај, не е Италија ова...
 
ако се земат во предвид 3те изгубени бода од исланд, тоа значи дека не моравме да победиме кај шкотска на гости.
што ќе рече дома победи со норвешка и исланд, и сигурно мал подвиг кај норвежаните во гости, но ако сакаме да се надеваме на пласман, тоа и не би требало да биде подвиг.

иако и шкотска се победливи, тоа сум сигурен.
зборам за 3 бода со исланд, кои секако ги заслуживме со играта и шансите едноставно среќата не беше со нас
ако тука се додаде и бодот неосвоен со холандија дома, ќе беше петка работата.

и да не освоиме 4 победи по ред, нека се и 2, ама веројатно фудбалерите сами ќе сватат на крајот на циклусот колку значеше поразот од исланд

Прашање: Што е заедничко за болдираните зборови?

Одговор: Сите се глаголи во МИНАТО СВРШЕНО ВРЕМЕ!!!!!

Со други зборови: апсолутно нема потреба повеќе да се замараме со тоа што било и поминало. Како што реков, имаме шанса за успех. Минимална, ама ја имаме. Со кукање и жалење никој ништо нема да постигне.

Оној момент кога ќе почнеме да ги бодриме нашите репрезентативци и кога ним им е најтешко (а секој пораз нив најдиректно и најмногу ги боли), ќе почне да се поправа и атмосферата во тимот. Индиректно, ама тоа многу ќе значи.

Не можеме ние како навивачи да си дозволиме да паднеме во депресија после пораз, туку треба да најдеме сили и уште толку да навиваме за своите, за да им дадеме крилја за да направат подобро следниот пат. Ако не тогаш, потоа. Ако не тогаш, потоа. Кога и да е, ќе постигнат успех, ако ја имаат нашата поддршка.



Ќе повторам: тоа што Катанец си оди е разумен потег од негова страна, но бидете сигурни дека односот на јавноста (т.е. ние) кон него имал исто така голем удел во неговата одлука.

Од наша страна, ние мора да почнеме да размислуваме позитивно и да гледаме шанси, наместо пропаст.
 
I vreme beshe...Neka si go zeme so nego "Katanec"-ot,a neka ja ostavi otvorena vrata za uspeh na Makedonskata reprezentacija:)

Што е крив Катанец, што немаме таленти, и што немаме школи и што сме мала нација. Кој и да дојде ќе плука народот.
 
Што е крив Катанец, што немаме таленти, и што немаме школи и што сме мала нација. Кој и да дојде ќе плука народот.

Значи, НАРОДОТ треба да си го смени својот менталитет, па да се надеваме на успеси.

Прв чекор: престанете да плукате.
Втор чекор: престанете да пцуете.
Трет чекор: престанете да мислите сè најлошо за вашата сопствена репрезентација.

Четврт чекор: почнете да фалите.
Петти шекор: почнете да размислувате оптимистички.
Шести чекор: почнете да мислите сè најдобро за вашата сопствена репрезентација.
 
Значи, НАРОДОТ треба да си го смени својот менталитет, па да се надеваме на успеси.


Четврт чекор: почнете да фалите.
Петти шекор: почнете да размислувате оптимистички.
Шести чекор: почнете да мислите сè најдобро за вашата сопствена репрезентација.


4. ДА ФАЛИМЕ ШТО?????????ПОБЕДА НА АНДОРА???МАЛТА???ТАКВИ ТИМОВИ?? НЕ ФАЛА

5.ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ОПТИМИСТИЧКИ???ОТВОРИ ЈА ТЕМАТА ЗА ХОЛАНДИЈА-МАКЕДОНИЈА БАРЕМ ТАА Е 98% ОПТИМИСТИЧКА!!!И СИТЕ ДРУГИ ШТО БИЛЕ ДО СЕА ПОВРЗАНИ СИ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА....

6.ШТО ДА МИСЛАМ НАЈДОБРО???ЈАС НЕ ГЛЕДАМ НИШТО ДОБРО ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОСВЕН ЕДЕН ДОБАР РЕМОНТ.

факт-ЧИСТКА НА ФФМ И СИТЕ СРАЊА ПОВРЗАНИ СО МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА.

п.с 4,5 и 6 БИЛЕ ПРОБАНИ И НЕМА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ.ШТО АКО ЈАС ЗБОРАМ ДЕКА СМЕ НАЈЈАКИ ДЕКА КЕ ПОБЕДИМЕ КОА ВО СЕБЕ ЗНАМ ДЕКА (во овој пример со холандија)КЕ НЕ ЗГАЗАТ.САМО ЕДНАШ СУМ ВЕРУВАЛ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КОГА ИЗВАДИВМЕ НЕРЕШЕНО СО АНГЛИЈА ТАМУ 0-0.
 
Браќа за се е крив тој Катанец,бидејќи мислеше дека се ке направи со едни исти фудбалери и за инает ги форсираше другите велејќи дека не заслужуваат да го носат националниот дрес бидејќи не биле доволно подготвени за таква голема работа,како да не.А играчите што ги форсираше даваа се од себе за клубовите кај што играат,давајќи се од себе само да го облечат националниот дрес.Значи Катанецот не знае што сака,освен да ги молзи ФФМ како крави и да не работи ништо.Ајде фала курцу ке си оди веќе,нема да се брукаме како мали деца.:kesa:
 
Незнам како има некој што го подржува Хари како претседател.

Прво и основно што ми смета кај него(!!!) е фактот што со прст не помрднал да ги убеди младите таленти со македонски корени низ Австралија, Америка, Европа да играат за нашата држава.

Заради тоа Тој не заслужува да биде претседател. Резултати не гледам, бидејки знам дека за 5години, ке немаме асален играч во репрезентација дотолку не се промени нешто.

Никој не гледа на младите таленти, а тие ги има се помалку и се по НЕквалитетни. Ке дојде смена на генерации, Катанец до тогаш ке го нема, по кој ке плукаме...работите треба да се променат од корен, а не само метата за плукање да се менува т.е селекторот.
 
4. ДА ФАЛИМЕ ШТО?????????ПОБЕДА НА АНДОРА???МАЛТА???ТАКВИ ТИМОВИ?? НЕ ФАЛА

5.ДА РАЗМИСЛУВАМЕ ОПТИМИСТИЧКИ???ОТВОРИ ЈА ТЕМАТА ЗА ХОЛАНДИЈА-МАКЕДОНИЈА БАРЕМ ТАА Е 98% ОПТИМИСТИЧКА!!!И СИТЕ ДРУГИ ШТО БИЛЕ ДО СЕА ПОВРЗАНИ СИ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА....

6.ШТО ДА МИСЛАМ НАЈДОБРО???ЈАС НЕ ГЛЕДАМ НИШТО ДОБРО ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ОСВЕН ЕДЕН ДОБАР РЕМОНТ.

факт-ЧИСТКА НА ФФМ И СИТЕ СРАЊА ПОВРЗАНИ СО МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА.

п.с 4,5 и 6 БИЛЕ ПРОБАНИ И НЕМА НИКАКВИ РЕЗУЛТАТИ.ШТО АКО ЈАС ЗБОРАМ ДЕКА СМЕ НАЈЈАКИ ДЕКА КЕ ПОБЕДИМЕ КОА ВО СЕБЕ ЗНАМ ДЕКА (во овој пример со холандија)КЕ НЕ ЗГАЗАТ.САМО ЕДНАШ СУМ ВЕРУВАЛ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА КОГА ИЗВАДИВМЕ НЕРЕШЕНО СО АНГЛИЈА ТАМУ 0-0.

Да, многу е лесно да веруваш во твојот тим кога постигнува добри резултати. Многу е тешко да веруваш во него кога е во криза, но токму тоа треба ние како навивачи да го пружаме.

Ако сметате дека треба да направите ремонт во репрезентацијата, повелете. Како тоа ќе го направите? Ќе одите на состаноци? Ќе го линчувате Хаџи-ристески? Што можете да направите како обични навивачи и поддржувачи?

Ме интересира, за да знам што може да се прави. Плачењето, кукањето и толчењето на позитивните работи (ти ми реплицираше и ги негираше само позитивните работи во моето мислење, а негативните ги остави такви какви што се) по теорија носат само повеќе негативности. Затоа, да чујам нешто ново.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom