Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А што викаш сега да го смениме зашто теоријата постои но се граничи со лудост,за преостанатите утакмици новиот тренер се запознае со играчите и тактиката за да нема експериментирање кога ќе почне новиот циклус :smir:Вака... Не се согласувам дека Катанец бил претерано лош, зашто сепак имавме извесен напредок во националниот тим, со него на кормилото. Но, минатите квалификации се обврза да нè доведе до третото место во квалификациската група и не успеа. Доби уште една шанса, овој пат да стаса до второто место и не му се пишува добро. НО! Квалификациите уште траат.
Јасно е дека постојат само теоретски шанси да стасаме до второто место, но од чист принцип сметам дека треба да се остави Катанец да ги доврши квалификациите до крај. Сите претходни пати сме го менувале селекторот на сред квалификации, што е далеку полоша пракса. Вака, нека ги заврши квалификациите до крај, па нека си оди, како што и самиот најави.
Зошто? Две причини. Прво, тоа се нарекува професионализам - рекол дека ќе ја води Македонија до крајот на квалификациите и го истрајува тоа до крај. Второ, далеку е подобро новиот селектор што ќе го наследи да почне нов циклус на квалификации од нула, отколку да ги пополнува дупките на концепцијата што другиот селектор ги направил, а со која можеби новиот селектор воопшто нема да се согласува.
Значи, мојот став е ваков: Катанец да ја води Македонија до крајот на квалификациите, па ако не успее да ја доведе Македонија до посакуваното второ место, да си оди. Внимавајте: можно е Македонија сепак да дојде до второто место! Што ако Катанец евентуално успее да ја доведе Македонија до второто место? Зарем тогаш би посакале тој да си оди и би го испратиле со толку погрдни зборови?
Е сега, доколку се гледа дека неуспехот е евидентен, да се почне да се бара следен селектор. Мојот став е дека следниот селектор треба да биде Македонец, а не странец, зашто и со странците и без нив ние правиме толку. Па тогаш да одиме со свои сили и да не даваме премногу пари на странци, кога веќе можеме да поминеме со помали трошоци, а да добиеме исти резултати. Чиста економија.
Според моите пресметки, Македонија има уште 4 натпревари. Тоа се потенцијални 12 поени и плус 3-те што ги имаме, тоа се 15 вкупно поени, а тоа ни *гарантира* второ место во групата. Значи, многу ќе зависи од идниот натпревар што го играме (мислам дека е со Норвешка дома). Ако него го добиеме, сме чекор понапред и можеме да се надеваме на понатамошен успех. А ако не, полека ќе треба да почне да се размислува за смена на селекторот. Но не пред тоа.
А што викаш сега да го смениме зашто теоријата постои но се граничи со лудост,за преостанатите утакмици новиот тренер се запознае со играчите и тактиката за да нема експериментирање кога ќе почне новиот циклус :smir:
Џабе е,не е крив Катанец за слабите резултати...абе и Мурињо да дојде пак ке сме истите...фудбалерите треба срце да остават на терен,но тие не дават се од себе ..тоа е мое мислење...:smir: