Јачмен на око?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemorosus
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми се појави јачмен на капакот пред 2 месеци, и така ми остана внатрешно. (Воопшто не се сетив да пробам да го стиснам додека беше црвен...) Бев пред 2 недели на преглед во Систина и ми кажаа дека јачменот е исушен и ако не се извади хируршки, така ќе остане во капакот над окото, и закажав операција. Вчера ми ја направија операцијата, со анестезија е и не боли, и излезе дека сум имал 2 јачмена еден до друг. Денес бев да ми го отстранат завојот, и цело око ми е модро и потечено, но тоа е нормално после таква операција. Мое мислење е дека ако ви се појави јачмен, кој е поизразен на кожата, слободно можете да го стиснете и да истече, но ако помине подолго време, тој ќе се исуши и потоа не може да се стисне, освен да се направи операција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom