Мали нешта..

  • Креатор на темата Креатор на темата bebush
  • Време на започнување Време на започнување
сите сте запнале со материјални нешта бе.. не сфаќам..
јас обожавам ненадејна прегратка, ненајавена посета, бакнеж додека спијам и слично..
 
ја ке си го кажам само она што ми стои у топик на МСН

" маЛите Нешта гО пРават животОт уБав " :icon_bigg
а ќе додадам само дека според мене се посебно слатки и значајни во една врска
 
ја ке си го кажам само она што ми стои у топик на МСН

" маЛите Нешта гО пРават животОт уБав " :icon_bigg
а ќе додадам само дека според мене се посебно слатки и значајни во една врска
А ми се свиѓа, особено поради гОлеМИте и МалИте БукВи.


Он: секако дека ми значат, n-пати(математичар а?) повеќе од на пример извештачените скапи подароци со кои се мисли дека ќе се придобие повеќе љубов и внимание. Добро, за вниманието можеби и ќе се придобие кај пониско моралните.:back:
 
Малите нешта знаат добро да ја рамрдат монотонијата во љубовниот живот. Мое мислење е дека без нив љубовта би била само формалност. Се трудам со малите нешта да покажам колку навистина личноста ми значи, затоа што верувам дека далеку поубаво би се чувствувала кога таа е во мислите на некого. Но, има и лош исход од ова а тоа е да се биде здодевен правејќии ги малите нешта нон стоп. Затоа за се` треба мерка.
 
Се разбира дека ми значат.
Ми значат оние прегратки кои ме тераат едноставо да му заспијам во рацете.Да се потпрам на градите да слушам како му чукат забрзано срцето и како дишит.:back:
Ми значи кога ми кажува убави зборови.
Ми значат тие убави утра во ниедно време сабајле шетајќи се покрај езеро.
Ми значит грижата за мене.
Многу поголемо значење придавам кога седеше со мене на дождот,моментите кога се глупиравме со снегот него поклоните.
Едноставо среќна ме прават тие секојдневни нешта за кои не е потребен многу труд,а сепак ме креваат на 7мо небо.
 
Тие мали нешта се всушност најголеми...многу ми значат и бидејки знам колку вредат често ги практикувам...многу ми значи кога ненадејно ке ме посети,кога недоговорено ке ме чека пред факултет или пак онака размуабетени силно ке ме гушне и бакне...тоа многу често се случува...
 
најмногу се радувам на ситници мојот тип не праќа смс не е по тоа и една вечер ми прати смс со добра ноќ најубаво да спиеш тоа ме израдува како кузнај што да направил од среќа па неможев после да заспијам:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom