Лелеее со брат ми не правам муабет може месец и нешто. Многу ми е тешко, најмогу, порано ќе се скаравме и за еден ден ни поминувало, сега ќе се сретнеме на улица и се поминуваме како да сме странци а заедно ја делиме трпезата кога јадеме. Се обидов еднаш да му прозборам ама господинот лут, и тоа он е виновен зашто сме скарани си викам ОК ако така сакаш така нека биде, секогаш сум попуштала си викам ајде брат и сестра сме треба да се сакаме да се чуваме, сум се карала со луѓе за него кога ќе кажат нешто лошо за него, сепак боли, брат ми е. Ама не го можам веќе, ги уништи моите, само проблеми со него. Моите се обидоа со убаво со него ама не бива, ајде со лошо па уште полошо. Јас не знам што ќе правиме со него, одкако фати едно друштво и детево се смени (ама и јас сум се дружела со секакви ама не сум правела така), не е тој, ко да не му е гајле за нашите дома, ние се нервираме он си го живее животот, може и до пубертетот си е 
Имам сестра и неа најмногу си ја сакам (не дека не го сакам и брат ми), се си делиме, се си кажуваме. Некогаш знаеме да се скараме за банална работа, многу ретко, ама ни поминува за 15 мин максимум

Имам сестра и неа најмногу си ја сакам (не дека не го сакам и брат ми), се си делиме, се си кажуваме. Некогаш знаеме да се скараме за банална работа, многу ретко, ама ни поминува за 15 мин максимум
