Кавга помеѓу брат и сестра (сестри или браќа)

Ко мал сестра ми (постара 5 год) ми праеше фора, кога ќе ја опцуев или сл, дека му пишува „ливче“ на „тато“ и онака почнуваше да пишува - „тато! овој војче ....... ме пцуе ова она“... Пред некој ден ми текна на таа тортура, морав да ја треснам од зид :zlo: еднаш онака за секое „ливче“ што го имаше напишано :) Инаку во последниве 2-3 год, со збор се разбираме и поарно е.... инаку ... ко бев помал, јадеше доста ќотек :)
 
Карајте се, тепајте се ако тоа ве прави посмирени, посупериорни, посреќни, но кога ќе дојде време да си го/ја гледате братот/сестрата еднаш месечно или на 2 години ќе видите што се вистински радост и среќа.
 
Многу често. И тоа кога ќе дојдам до конфликт има неверојатни борби.Не бива да го гледате РоКИ и Тајсон :)
 
Нема карање, ниту тепање туку потполна доминација = не смее да писне.:toe:
 
Сум се карал да,но никогаш не сме се удриле(фркнало по некое пенкало,папуча или такви сра*а) ама постара е 4 години и многу си ја сакам.
 
Сум се карал да,но никогаш не сме се удриле(фркнало по некое пенкало,папуча или такви сра*а) ама постара е 4 години и многу си ја сакам.

same here :) само шо кај мене е обратна ситуација, помала е од мене 4 години. :wink:
 
Сите тепачишта еј газди во куќа :) само јас ли имам поминато стара школа ... јако челичење? :pos:

Кај мене и оправдано брат ми е 8 години постар од мене :) Малце ме заборавиле моите.. али супер ми беше бе јас правење бељи во маало ...чалам имам постар брат... брат ми доаѓа да ме брани ... е после што кога ќе дојдам дома ќе ми го каже вицот тоа нема везе... она баш челичење :pos:

Oдамна нема избиено дома инцидент ... почнуваат да ми фалат тие денови :icon_lol:
 
Колку шо брат ми знае да ме извади од такт - ама тврдам никој не може.
Ама исто толку и го са...кул ми е.
 
ејјј постара сум 7 години,кавги фрчат дома али рака никогаш не сум дигнала врз неа не сум јас за тоа.А иначе коа ќе ја пипне некој одма ми се лигави и морам да одам да расчистувам ситуација хахаха тоа е
 
Имам сестра, помала е од мене. Кавги има, се разбира.

Кога бевме помали, големи ни беа расправиите, урлање, врескање, плачење .. Но сега е по чил. Ќе си префрлиме по 2-3 реда и се смирува атмосферата. Како повозрасен, пробувам јас да сум тој што ќе ја смири топката, толерира повеќе и попушта, но неедговорноста и заборавеноста нејзина во некои ситуации, може да ме извади од такт.
 
Немам ни брат ни сестра, но би сакал да имам помало братче да го брлавам :D
 
Порано со сестра ми се каравме 3-4 пати во ден,сеа ја гледам 2-3 дена во месецот и ич не се караме,немаме време за тоа
 
Порано се каравме и тепавме многу-детска работа, сега тепање нема(инаку тешко мене :) ) и не се караме...само понекогаш ќе се подвикне малку и после пак си се гушкаме и сакаме :)
 
Со брат ми едно време имаше се' .. кавги, тепање, мавање кој со што ќе стигне.. ама денес се сакаме и чуваме најмногу на цел свет :) :pipi:
 
Имам сестра, помала е од мене. Кавги има, се разбира.

Кога бевме помали, големи ни беа расправиите, урлање, врескање, плачење .. Но сега е по чил. Ќе си префрлиме по 2-3 реда и се смирува атмосферата. Како повозрасен, пробувам јас да сум тој што ќе ја смири топката, толерира повеќе и попушта, но неедговорноста и заборавеноста нејзина во некои ситуации, може да ме извади од такт.

same here, само што ја имам поголем брат, и тој е тој кој не е одговорен и заборавен:icon_roll
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom