Треба да направиме муабет...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ја имам искористено реченицава,но со позитивна завршница.После три месеци,он имаше ист говор но со негативна завршница :)
 
Ааах, прашањето кое те води до болно исчекување :)
Епа, сум го употребила кога нешто ми сметало кај него.. Некоја постапка за која сме требале да разговараме, некоја 3та личност што се умешува во врската и сл.
Сум го употребила и кога сум раскинувала. Не знам зошто, но тоа е единствен изводлив пристап за започнување разговор на таа тема. Бидејќи сите подразбираат дека е еднакво на нешто што не е во ред, ќе знаат да се подготват макар и на најлошото.
Лично мене никој не ми го поставил сеуште и се надевам дека нема.
Знам колку е грд изразот на лицето кога ќе го кажеш тоа некому. Прва помисла да,раскинување..потоа те фаќа паника и поставуваш глупави прашања, или во некој друг случај целиот се здткуваш и не знаеш што да кажеш, ќутиш, а во себе се молиш да не е она `лошото`.
А за да разговарам за нешто друго, некоја секојдневна тема...колку што се сеќавам, досега ја немам употребено реченицава. Едноставно почнувам. Зошто би ми требала дозвола за муабет? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom