Треба да направиме муабет...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Зошто (речиси) секогаш кога ќе се спомне оваа реченица од страна на партнерот/ката, другата страна мисли дека станува збор за раскинување?

Сум забележала дека многу луѓе кои ќе ја слушнат оваа реченица, веднаш помислуваат дека партнерот ќе им раскине.

Дали навистина оваа реченица секогаш претставува вовед за прекинување на врската?

Колку често ја користите оваа реченица и дали само кога сакате да раскинете или кога сакате да потенцирате нешто битно поврзано со врската?
 
Зошто инаку би и нагласил дека сакам да разговарам со неа ? сигурно дека нешто не е како што треба, или има некоја ептем добра вест ..
. да грда реченица е и сите знаеме дека ако се спомне ова не е на арно ама може и да е некоја добра вест :smir:
 
Не секогаш претставува вовед, но најчесто е така.
Во природа на човека му е секогаш и во секоја можна ситуација да помислува на најлошото за што и да се работи, па така и во љубовта. Можеби муабетот нема никаква врска со раскинување, но сепак стравот било свесно било несвесно секогаш се јавува.
 
Па зависи ако и кажаш со смешко и среќно лице тогаш се работи за добра вест а, ако се кажи наљутено мисли партнерот/ката дека нешто е лошо и можеби се работи за раскинување. Јас мислам дека нема потреба да паничи некој кога ке му кажат треба да правиме муабет, па ке му кажи па после на муабетот сосема друго има некој фраери сакат да раскинат со женската и ке и кажат треба да правиме муабет вечер и толку, има некој машки/женски коа тоа не го сфакат сериозно а има некој кога ке и кажеш така може да добие и срцев удар ако збудалила по партнерот.
Значи: Мое мислење е дека не треба да се паничи на тоа.
 
Ова секад сум го мразел. Уствари го научив од филмој, и никоаш не сум го сфаќал. Ем праат муабет во моментот ем вика мора да разговараме.

Али секад ова води кон некој сериозен разговор, и правдање, не си ти крив/а...
 
Во поново време на технологијата најчесто оди: „Треба да направиме муабет, ама не е за по мсн.“ :icon_lol:

Не знам, таа реченица се кажува веројатно за другата личност да биде спремна и да знае што да очекува... За да не мора да му се објаснува, за да не дојде ко шок (пример он си планирал неделно кафе со тебе, а ти одеднаш му раскинуваш) и за да... што знам... за да звучи филмско... :icon_lol:
 
“Треба да направиме муабет’’ е буквален превод од "We gotta talk", кој е нормален за раскинување на англосаксонскиот Запад, но не и во Македонија.

Затоа мене таа фраза ми значи - ајде да одиме на кафе или така некако.
 
мене ми асоцира на раскинување пош првиот дечко у мојот живот ми раскина со тој муабет... додуша одамна го неам слушнато ова... задњи пат го слушнав токму во горе наведениот случа мислам во раскинувачка коотацијај...
се потоа треба да направиме муабет + не е за по мсн стварно било муабет околу одредени ствари за кои не се збори по мсн коа навистина имало проблем или нешто стварно убаво се десило па муабетов е уствари да те извадам од дома а да не осетиш...

треба да направиме муабет.. пффф... глупава работа
 
Звучи како „спреми се, не ставај шминка за да не се размачкаш, и договори после кафе со другарка ти за неа да и цимолиш, а не мене„ :pos:
Клише е и се знае што значи, колку и да и било значењето некогаш инакво. Искрено гледам да ја одбегнам зашто неќам воведи... А ако некој ми ја каже ваљда ќе му спремам против реплики или кул фејкерски муабетчиња додека одам накај местото договорено за муабетот :pos:
 
Од една страна е клише, а од друга па подобро така да имаш некое навестувања, да бидеш спремен да се...едноставно знаеш дека ќе има несекојдневен мубает (е сеа дали на добро или лошо ќе видиме)
Мене до сеа сите врски ми забршувале со "треба да правиме муабет..." :icon_lol: Меѓутоа имало и случаеви коа некој го каже фамозното треба да правиме муабет, па на крај муабетот бил нешто сосема друго
 
Зашто (речиси) секогаш кога ќе се спомне оваа реченица од страна на партнерот/ката,другата страна мисли дека станува збор за раскинување?

Сум забележала кај многу луѓе кои ќе ја слушнат оваа реченица веднаш помислуваат дека партнерот ќе им раскине.

Дали навистина оваа реченица секогаш претставува вовед за прекинување на врската?

Колку често ја користите оваа реченица и дали само кога сакате да раскинете или кога сакате да потенцирате нешто битно поврзано со врската?
Ех.. И јас кога ја чув реченицата „Треба да направиме муабет..“ помислив на раскинување , ама всушност ми кажа дека ќе се сели во друг град.
Сметам дека не треба да се користи реченицата бидејќи секогаш асоцира на негативен контекст.
 
Стварно одма се знае за што станува збор, ама немора да значи. Ја употребувам реченицата, кога сакам нешто да сменам во односот, кога нешто ме нервира и кога не бива едноставно. Подобро е да се каже оваа реченица за да се спреми психички другата страна и да имаш нормален муабет, а не со цмиздрење.
 
Интересна тема.:smir:
Зашто (речиси) секогаш кога ќе се спомне оваа реченица од страна на партнерот/ката,другата страна мисли дека станува збор за раскинување?
Најверојатно затоа што кога во една одредена љубовна релација кога работите одат по својот тек, разговорот, оној сериозниот, секогаш асоцира на тоа дека има проблеми.А проблемите сами по себе носат финалитет, кај врски каде нема борба.
Денес, и од лично искуство, гарантирам дека квалитетот на една „заедница“ е мал и нема желба за докажување сила и љубов во општество преполно со можности кога секој може да си дозволи да замине во новата продавница зад аголот за да ги проба новите еклери.
Сум забележала кај многу луѓе кои ќе ја слушнат оваа реченица веднаш помислуваат дека партнерот ќе им раскине.
Тоа е така затоа што процентот за сериозноста на таа реченица е прилично голем.Посебно кога си заљубен, секогаш постои тој страв од отфрлање и уништување на среќата.
Дали навистина оваа реченица секогаш претставува вовед за прекинување на врската?Колку често ја користите оваа реченица и дали само кога сакате да раскинете или кога сакате да потенцирате нешто битно поврзано со врската?
Не секогаш.
Јас ја имам искористено повеќе пати во сосема друга конотација каде требало да пренесам преубава вест или сум имала потреба од совет, од некој да ме држи за рака додека му доверувам како ми е, до муабет за состојбата во која нашата врска е и како да ја направиме подобра.
Ако ги нема тие разговори, никогаш нема да дојде до вистинско продлабочување на емоциите и идеите помеѓу двајцата партнери.
 
Зашто (речиси) секогаш кога ќе се спомне оваа реченица од страна на партнерот/ката,другата страна мисли дека станува збор за раскинување?

Сум забележала кај многу луѓе кои ќе ја слушнат оваа реченица веднаш помислуваат дека партнерот ќе им раскине.

Дали навистина оваа реченица секогаш претставува вовед за прекинување на врската?

Колку често ја користите оваа реченица и дали само кога сакате да раскинете или кога сакате да потенцирате нешто битно поврзано со врската?
па ако ми каже озбилно дека треба да правиме муабет а при разговорот не се ансмее или шали,не знам на што да помислам друго.а пак ако јас сакам да му кажам нешто,а да не сакам да му раскинам ке му наговестам од страна дека се работи за друго нешто мислам..ке бидам озбилна ама ке му дадам до знаење дека не се работи во врска со прекинување на врската:toe:
 
Не ја користам. Ако дојде до таква ствар, ја викам онака на кафе, па после ќе и кажам. Без да создавам некоја параноја. А и не ми создава параноја, на ништо не помислувам, најмалце на раскинување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom