Убава е сликата, има логика, но македонската соларна митологија има точно утврдени законитости. Разни аспекти од симболиката на сонцето се претставуваат со различен симбол. Според најстарите преданија (слични можеме да сретнеме и во египетската митологија која е базирана на македонската, за ова тврдење многумина ќе се чудат) сонцето го поминува својот пат од изгревот до залезот на крилјата на орелот. Токму од овие најстари митолошки преданија орелот станува соларен симбол. Во древниот Египет (ако добро се сеќавам дека таму беше) има претстава на орел со раширени крилја но во средината помеѓу двете крилја е сместено сонцето, што го симболизира ова предание. Инаку самиот пат на сонцето од изгревот до залезот според старата митологија е цела една приказна и филозофија. Овој динамички аспект на сонцето е симболизиран во орелот. Значи во зависност од тоа кој аспект т.е. кој дел од многустраната природа на сонцето сакаме да ја искажеме, употребуваме адекватен симбол. Ако сакаме да го изразиме световниот (земскиот) аспект на влијанието на сонцето тогаш ќе го претставиме тоа преку земскиот симбол, а тоа е лавот. Осумзрачното сонце име едно значење, дванаесетзрачното друго, шеснаесетзрачното трето. Но сите се дел од една иста соларна митологија и филозофија.
Според истите преданија и митологија, сонцето својот пат од залезот до изгревот го поминува во барка, чун (брод што би рекле денес).
Оттаму чуновите што ги среќаваме во гробниците (пирамидите) на фараоните.