Битола

  • Креатор на темата Креатор на темата devilbt
  • Време на започнување Време на започнување
Сограѓани споделете бре нешто некоја дешавка од Битолава наша нешто со странциве нешто ново тинтири минтири шо има шо нема дај кажете нешто интересно ебаго....Позитив вамте тамте оти ропаците и ропачките од странцтво глеам се поке и поке има....

Вчера Позитив ТОП :D
 
ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ГРАДИ ОЛИМПИСКИ БАЗЕН ПРЕКУ ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО




getImageThumbnail.axd

Општина Битола објави повик за приватни инвеститори за изградба на покриен базен со олимписки димензии по принципот на јавно приватно партнерство. Олимпискиот базен ќе биде според стандарди од највисок ранг, со димензии 25 метри широчина и 53 метри должина, а максималната длабочина на базенот ќе биде 2,05 метри. Ќе се гради во непосредна близина на спортската сала „Младост“-Битола.
Во оваа фаза од јавниот повик, интерес покажале две домашни фирми, а во најава се и понуди од странство. По завршувањето на постапката за избор на фирма за јавно приватно партнерство, општина Битола ќе ја донесе конечната одлука за почеток на изградбата на покриен олимписки базен во градот.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedo...i_bazen_preku_javno_privatno_partnerstvo.aspx

Ајде ваљда ке дочекаме, само да не е предизборно ветување......
Па да ги еб@м што не кажаа пред избори(во програмата) дека ќе градат а не во охрид во штип и крушево дека ќе градат затворен базен
Да бе ете сега пред избори и аеродром ветуваат до душа многу тивко го најавија што значи не планирано и од ракав за кревање на рејтинг (n)Кутар двојче не знае кај тера и гледа дека пропаѓа па сега лупа глупости ќе правел аеродром и најважно било дека сме имале место положба арно ама не знае дека тие услови ги имаме од пред миљјон години уназад не од вчера Битола на ова место ама во програмата пишаа за штип
На видеото од 13:45 глупостите на двојче и вице премиерот пешевски:sick:
 
По зградите на Широк Сокак има нацртано билдер и пиши „улица биди виден“

еве и линк
 
Битолчани, дали некој знае дали има активен карате клуб во Битола?
 
Понеделник 27.08.2012 ќе се одржи најголемиот настан годинава во Битола -Широк сокак во бело со познатиот амерички диџеј Давид Моралес.
Сите на забаваа! :D
 
дуќанот на Амди (помеѓу двете светски војни)
„ Дуќанот на Амди беше пред камениот мост на Драгор,во Битола,близу до Саат кулата,што беше многу блиску до Еврејското маало.Тука сите Евреи,купуваа алва,
halva blanka,halva preta,тулумби,баклави,дондурма,yelado,локум со ореви,lokum kon muez,кермес,asukar kurlada, а особено за првиот ден од Песах,Pesah
за да јадеме
Но Амди веќе го знаеше еврејскиот обичај,па утрото не дочекуваше со свежа таан алва
или црна алва со ораси..Ние децата со радост трчавме во слаткарницата на Амди,каде тој не частеше по едно парче алва..Тоа на сите ни оставаше силен впечаток ,па така еве и после 70 години поминати од тогаш,јас се уште се сеќавам на тие мигови.
Исто така,кај Амди,купувавме боза, Малиби ( вид на локум во црвена и бела боја, кој се виткаше во вид на топчиња ), сладолет, кадаиф.
Пуканки, купувавме од улично продавачи, понекогаш ги приготвувавме дома од зрно пченка, покрај мангалот, особено зимно време во покриено тенџере.
Одвреме - навреме и татко ми носеше дома суџук - локум со ореви, печени бадеми.
Преку лето, беше многу популарен сладоледот, за кој повторно трчавме кај Амди.
После војната го урнаа целиот тој кварт. На тоа место изградија Плоштад, кој ден денес ми е грд и нефункционален, можеби, заради тагата и спомеите за слаткарницата на Амди.“
-------------------------------------
„ Искри на Македонските Сефарди“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom