дуќанот на Амди (помеѓу двете светски војни)
„ Дуќанот на Амди беше пред камениот мост на Драгор,во Битола,близу до Саат кулата,што беше многу блиску до Еврејското маало.Тука сите Евреи,купуваа алва,
halva blanka,halva preta,тулумби,баклави,дондурма,yelado,локум со ореви,lokum kon muez,кермес,asukar kurlada, а особено за првиот ден од Песах,Pesah
за да јадеме
Но Амди веќе го знаеше еврејскиот обичај,па утрото не дочекуваше со свежа таан алва
или црна алва со ораси..Ние децата со радост трчавме во слаткарницата на Амди,каде тој не частеше по едно парче алва..Тоа на сите ни оставаше силен впечаток ,па така еве и после 70 години поминати од тогаш,јас се уште се сеќавам на тие мигови.
Исто така,кај Амди,купувавме боза, Малиби ( вид на локум во црвена и бела боја, кој се виткаше во вид на топчиња ), сладолет, кадаиф.
Пуканки, купувавме од улично продавачи, понекогаш ги приготвувавме дома од зрно пченка, покрај мангалот, особено зимно време во покриено тенџере.
Одвреме - навреме и татко ми носеше дома суџук - локум со ореви, печени бадеми.
Преку лето, беше многу популарен сладоледот, за кој повторно трчавме кај Амди.
После војната го урнаа целиот тој кварт. На тоа место изградија Плоштад, кој ден денес ми е грд и нефункционален, можеби, заради тагата и спомеите за слаткарницата на Амди.“
-------------------------------------
„ Искри на Македонските Сефарди“