Донирање на органи

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте ЗА или ПРОТИВ донирање на органи?


  • Вкупно гласачи
    87
Се разбира дека сум ЗА барем после смртта ќе спасам нечиј живот!!!
 
Секако. За ова имам размислувано многу одамна, само не сакам да зборувам наоколу, со моите најблиски, да не ги плашам уште сега. И доколку при мојата смрт, сите мои органи се во добра состојба...зошто да не би ги донирала? Не гледам причина зошто не би го направила тоа. Не дека нешто ќе добијам/загубам со тоа. Ова може да ти дојде како еден вид на реинкреација, еден вид на давање дел од себе на некоја друга личност. И по твојата смрт...ти се уште правиш нешто добро и му помагаш на некој да продолжи со животот, иако ти не си во можност.
 
Убава работа е донирањето на органи, ама не сум 100% сигурен дека би дал.
Прво, во книшката или на картичката е напишано дека си дарител и секој може да го види тоа, па можеби некој кој има потреба од органи ќе го искористи тоа за да дојде побрзо до посакуваниот орган.
И второ докторот можеби, ама само можеби, нема да посвети 100% напори за да те спаси, бидејќи гледа дека ќе ги донираш органите.
Друго не мислете дека ако умрите на 70 години ќе ги искористат органите, органите ќе ги искористат ако го донесат на болница по извршена сообраќајна несреќа и ако се уште човекот не е умрен. Ако човекот е умрен органите не се користат.
 
Искрено се надевам дека ќе живеам доволно долго и дека на крајот ќе бидам премногу стар за да може некој моите органи да ги користи за било што. Но ако на некој што ми е многу близок му зависи животот од донација на орган (бубрег), без многу размислување би се решил за таков чекор. За се она што би ги надминувало границите на ова давање што го спомнав, мислам дека не сум подготвен.
 
Кај нас има законски пречки за да профункционира донирањето на органи од мртов дарител.Инаку само колку за информација,во САД согласноста на секој оној кој се согласува да донира органи по смртта се впишува на возачката дозвола,за во случај на сообрајќајни незгоди да може да се интервенира веднаш.Опра имаше направено емисија на ваква тема која беше навистина вредна за гледање.
Пред некој ден на А1 гледав еден старец кој сакаше да ги донира ограните после смртта кај нас ама заради законски пречки не беше во можност.Под итно мора да се интервенира на ова поле.
 
Законот не пропишува дали може да се земат органи од лице кое починало, со одобрение на неговите роднини. Ама не е пропишано дека не може да се земе орган во таков случај. Тоа е проблемот.
И тешко дека во првите минути после мозочната смрт, лекарот ќе ги исконтактира роднините и дека тие ќе се согласат за донирање на органите.


ЗАКОН ЗА УСЛОВИТЕ ЗА ЗЕМАЊЕ, РАЗМЕНУВАЊЕ,
ПРЕНЕСУВАЊЕ И ПРЕСАДУВАЊЕ ДЕЛОВИ ОД ЧОВЕКОВОТО
ТЕЛО ЗАРАДИ ЛЕКУВАЊЕ
Сл. Весник на Р.Македонија бр.30/95 од 14.06.1995 година


Член 1
Со овој закон се пропишуваат условите под кои можат да се земаат,
чуваат, обработуваат, разменуваат, пренесуваат и пресадуваат делови од
човековото тело заради лекување, како и правата, обврските и условите
што треба да ги исполнуваат здравствените организации и други
организации што вршат работи што се однесуваат на земањето,
обработката, чувањето, разменувањето, пренесувањето и пресадувањето
делови од човековото тело заради лекување.

Член 2
Земање и пресадување делови од човековото тело заради лекување може
да се врши само во случаи кога е тоа медицински оправдано, кога е тоа
најповолен начин за лекување на болниот, кога не се загрозува животот
на давателот или не му се нанесува трајно оштетување на здравјето и кога
се исполнети други услови предвидени со закон.

Член 3
Како делови од човековото тело што се земаат за пресадување заради
лекување, во смисла на овој закон, се сметаат ткива, органи и клетки што
претставуваат функционална целина ако:
1) се земени од умрено лице откако врз основа на медицински критериуми
и на пропишаниот начин, со сигурност е утврдено дека настапила смрт на
тоа лице;

2) се земени од живо лице - давател кој претходно е известен за
евентуалниот ризик по неговото здравје и ако дал доброволна согласност
во писмена форма;

3) до пресадувањето се чувани под услови што ја спречуваат нивната
квалитативна промена или злоупотреба;
4) е извршена обработка (типизација) кога совпаѓањето на ткивата е услов
за успешно пресадување и
5) пред нивното пресадување е прибавена писмена согласност за
евентуалниот ризик по здравјето на лицето за чие лекување ќе се
користат.

Член 4
Делови од телото на умрено лице можат да се земаат заради пресадување
откако е утврдено дека настапила мозочна смрт кај тоа лице.
Смрт во смисла на став 1 на овој член претставува неповратен престанок
на функцијата на мозокот утврдена со клинички прегледи и други соодветни дополнителни испитувања пропишани со акт на Министерството
за здравство, по претходно мислење на соодветните клиники, односно
Медицинскиот факултет.
Смртта на лицето од кое може да се земаат делови од телото заради
пресадување, ја утврдува комисија составена од најмалку тројца лекари
определени од Министерството за здравство, која со сигурност ќе утврди
престанок на работа на мозокот.
Министерството за здравство ги пропишува поблиските услови кои мораат
да ги исполнуваат членовите на комисијата од став 3 на овој член.

Член 5
После секое земање делови од телото на умрениот заради лекување,
задолжително се врши обдукција на умрениот.

Член 6
Делови од телото на умрено лице можат да се земаат заради пресадување,
ако умреното лице додека било живо изречно не се противело.
Изречно противење, во смисла на став 1 на овој член, се смета ако
умреното лице додека било живо, писмено се изјаснило дека делови од
неговото тело не сака да бидат користени за пресадување.


Член 7
Лекар, кој учествувал во лекувањето пред да настапи мозочната смрт,
односно во утврдувањето на смртта на тоа лице, не може да зема и
пресадува делови од телото на умрено лице.

Член 8
Делови од телото на живо лице можат да се земаат од полнолетно и
душевно здраво лице за пресадување заради лекување, ако со тоа тешко
не се наруши здравјето на давателот, ако давателот е претходно известен
за евентуалниот ризик по неговото здравје и ако доброволно дал писмена
согласност.
По исклучок од став 1 на овој член, давател на коскена срцевина може да
биде малолетно лице. Согласност за давање на коскена срцевина од
малолетното лице можат да дадат само неговите биолошки родители.

Член 9
Согласноста за давање делови од телото заради пресадување од живо
лице може да се отповика се до отпочнувањето на зафатот.

Член 10
Согласноста за давање делови од телото заради пресадување, давателот
може да ја услови, дадениот дел од телото да биде пресаден на
определено лице, кое со истото е во крвно сродство, брачен другар,
посвоеник или посвоител.
Ако давателот го условил давањето во корист на определено лице, волјата
на давателот може да се измени само ако можниот примател умре.


Член 11
Пресадување делови од човековото тело може да се врши само со писмена
согласност на примателот, откако претходно е известен за евентуалниот
ризик по неговото здравје.
Ако примателот е малолетно или душевно заболено лице или ако не може
да ја изрази својата волја поради состојбата во која се наоѓа, писмена
согласност за пресадување дава неговиот родител, односно старател.

Член 12
Писмената согласност на давателот и примателот е полноважна ако е
дадена без присила и по објаснувањето на природата и целта на земањето
и пресадувањето на делови од телото, опасноста на која давателот,
односно примателот се изложува и веројатноста на успехот на
медицинскиот зафат.
Објаснувањето од став 1 на овој член го дава лекарот кој не учествува во
земањето или пресадувањето на делови од телото.

Член 13
За давање делови од човековото тело заради пресадување не може да се
земе никаков паричен или имотен надоместок.
Како надоместок во смисла на став 1 на овој член се смета и давањето на
услуги или давањето на какви и да било погодности.

Член 14
Делови од телото на живи лица можат да се земаат само во здравствената
организација во која ќе се врши пресадувањето на тие делови, освен
коскената срцевина.

Член 15
Пресадување делови од човековото тело може да се врши, ако деловите до
пресадувањето се чувани под услови кои ја спречуваат нивната
квалитативна промена и ако е извршена обработка (типизација) кога
совпаѓањето на ткивото е услов за успешно пресадување.
Здравствената организација која е овластена за чување на делови од
човековото тело за пресадување е должна да обезбеди услови заради
спречување на нивната квалитативна промена.

Член 16
Земање, обработка, испитување за совпаѓање на ткивата, чување,
заменување и пресадување на делови од човековото тело заради
лекување, се врши во здравствени организации кои ги исполнуваат
условите по однос на простор, опрема и кадар.
Министерството за здравство ги утврдува условите од став 1 на овој член,
по претходно мислење на соодветните клиники, односно Медицинскиот
факултет.
Министерството за здравство објавува список на здравствени организации
кои ги вршат работите од став 1 на овој член во “Службен весник на
Република Македонија”.

Член 17
Здравствените организации од член 16 на овој закон можат да внесуваат
од странство или да изнесуваат од Република Македонија делови од
човековото тело што се земени за пресадување, заради лекување во
согласност со одредбите на овој закон, како и во рамките на договорената
меѓународна соработка.


Член 18
Здравствените и други организации што вршат работи што се однесуваат
на земање, обработка, разменување, пренесување, чување или
пресадување на делови од човековото тело заради лекување имаат, во
вршењето на тие работи, право на првенство во превозот на лица и
пренесувањето на делови од човековото тело со сите превозни средства на
јавниот сообраќај и право на првенство во соопштувањето на вести во
средствата за јавно информирање.
Министерството за сообраќај и врски во согласност со Министерството за
здравство и со Министерството за внатрешни работи донесува пропис за
начинот на остварувањето на правото на првенство во превозот на лица и
преносот на делови од човековото тело со средствата на јавниот сообраќај.

Член 19
Здравствените и други организации што земаат, обработуваат, испитуваат
совпаѓање на ткива, чуваат, разменуваат, пренесуваат или пресадуваат
делови од човековото тело заради лекување водат посебна евиденција за
вршењето на тие работи и податоците и известувањата ги доставуваат до
здравствената организација овластена од Министерството за здравство за
вршење на работите на информативен центар за пресадување на делови
од човековото тело (во натамошниот текст: информативен центар за
трансплантација).
Министерството за здравство пропишува кои податоци организациите од
став 1 на овој член ги водат во посебна евиденција, како и начинот и
роковите за доставување на податоците и известувањата.

Член 20
Здравствената организација која зема делови од телото на умрено лице
заради пресадување, сама или во соработка со здравствената организација
која врши пресадување делови од човековото тело, зема делови од телата
на умрени лица и ги обработува и доставува до здравствената
организација која исполнува услови за вршење на испитување за
совпаѓањето на ткивата.
Здравствените организации што вршат испитување на совпаѓање на
ткивата по извршената обработка - типизација, деловите од човековото
тело ги доставува до здравствената организација определена за нивно
чување.

Член 21
За секоја работа на пресадување на делови од човековото тело се води
медицинска документација и протокол. Кон протоколот се приложуваат и други документи кои произлегуваат од одредбите од членовите 6, 8, 9, 10,
11 и 19 на овој закон.

Член 22
Здравствените организации што вршат земање, обработка, чување,
разменување и пресадување делови од човековото тело или вршат
испитување за совпаѓање на ткивата, должни се меѓусебно да
соработуваат во разменувањето и давањето на соодветни податоци, заради
поуспешно вршење и научно и стручно унапредување на овој метод на
лекување.

Член 23
Собирање, обработка и размена на податоци од значење за земање,
определување на совпаѓање и пресадување делови од човековото тело
врши информативниот центар за трансплантација со сите здравствени
организации што вршат земање, определување на совпаѓањето и
пресадување на делови од човековото тело во земјата и со соодветните
организации со кои се разменуваат делови од човековото тело во
странство.
Покрај работите од став 1 на овој член информативниот центар за
трансплантација ги врши следниве работи:
1) подготвува единствени листи на чекање за пресадување по редот на
итноста според клиничките индикации и листи на чекање на високо
сензибилизирани приматели и редовно им ги доставува на здравствените
организации;
2) го координира и организира преносот на делови од човековото тело и
превозот на болни од и во странство;
3) води регистар на писмените изјави за противење на давањето делови од
човековото тело за пресадување и редовно го доставува до здравствените
организации што вршат земање и пресадување и
4) доставува периодични и годишен извештај за работите од својот
делокруг до Републичкиот завод за здравствена заштита и до
Министерството за здравство.

Член 24
Надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон и на прописите
донесени врз основа на него во врска со внесувањето и изнесувањето на
делови од човековото тело од Република Македонија што се земаат заради
лекување врши Министерството за здравство.

Член 25
Во случај на судски спор против било кој член од тимот кој учествува во
земањето и пресадувањето на делови од човековото тело, тој има целосна
правна заштита на сметка на организацијата каде што е вработен.

Член 26
Тој кој за каков и да било надоместок ќе даде дел од своето тело или дел
од телото на друго живо или умрено лице заради пресадување или во тоа
посредува, ќе се казни за кривично дело со затвор од три месеци до три
години.

Член 27
казнена регулатива
Член 28
казнена регулатива
Член 35
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
“Службен весник на Република Македонија”.
 
Имам размислувано да напишам нешто, не знам како се вика, не е тестамент, не знам дали е документ, нешто како мое барање по мојата смрт сите здрави органи што е можно да помогнат некому да бидат донирани, и после да ме кремираат. И така е боље да бидам пепел отколку да ме јадат бубачки и црви.
 
сум за,но се сомневам за правење далавери некој наместо да ги користи за добро може ќе прави пари
 
И јас сум ЗА... едно 300 иљади евра!

Што ќе ти се пари после смрта?

И јас гласав За.
Мислам дека треба да постои ова дури и рекламирање да има и пропаганда од страна на Владата и Министерството за Здравство бидејќи уназадени сме вака премногу со медицината.
 
Доколку тоа е законски регулирано во нашата земја, јас радо би донирала органи по мојата смрт - доколку спасат нечиј живот или служат за научни истражувања ... ионака нема да ми требаат во гроб
 
против сум од причина што несакам моето тело да биде расчеречено и празно стаено у гроб...
 
Каде се наоѓа националната фондација за трансплантација?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom