Донирање на органи

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте ЗА или ПРОТИВ донирање на органи?


  • Вкупно гласачи
    87

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Донирањето на органи во Македонија е се уште табу тема. Додека во светот преку донирање се спасуваат стотици животи, кај нас на овој потег се одлучуваат само доколку се работи за некој близок и тоа од жив донатор.

На 20ти октомври почна со работа Националната фондација за трансплантација на органи која во преден план ќе има подигнување на свеста на граѓаните за потребата од донирање на органи и да се едуцира јавноста.


Што мислите вие за донирањето на органи?
Би помогнале ако станува збор само за некоја блиска личност или во секој случај би сакале да помогнете?
Дали би се сложиле некои ваши органи да бидат донирани по вашата смрт, секако доколку се здрави органите?
Дали сте ЗА или ПРОТИВ и од кои причини?
 
На близок роднина би му донирал бубрег ако одговара во секое време. И после недајбоже смрт би ги донирал здравите органи. Апсолутно ЗА.
 
Целосно сум за. Планирам после смртта еден ден кога ке дојде и тоа да ги донирам органите. Сега кога сум здрав и жив би можел да донирам само бубрег, зошто сите други органи ми требаат.
 
Мене и таков ми е планот после смртта. Барем некому ќе спасам живот, мене и онака нема да ми требаат.
 
секако дека сум за со тоа ке спасам нечиј живот а секој живот е скапоцен и со ништо неможе да се купи
 
Сум за и би донирал ако остане нешто употребливо од кога ке ме снема.
Само пак не заборавам толку лесно каде живеам.Да ви раскажам една случка од мојата најрана младост...
На мајка ми почна да и тече крв од нос и не запираше.Ја однесовме со татко ми у градска болница и после првичниот преглед докторот кажа дека мора хитно да прими инфузија.Арно ама рече дека немаат крв.Е сега,татко ми е крводарител од времето,сребрени значки,пофалници...Не му беше јасно како може да нема крв за трансфузија.Трпеше дур можеше и у еден момент му пукна филм.Јас,дете на некои 6-7 години се сеќавам на бели мантили дигани на клоци и шамари у ходников на градска,и после 5 секунди мајка ми доби трансфузија.Од тогаш стариов мој нема дадено крв.
Јас имам донирано крв неколку пати но секогаш сум се прашувал по која цена ке ја продадат мојата крв.И дали во слична ситуација ке се најде некој со доволно храброст како татко ми да реагира,или мојава крв ке остане у фрижидер,нечиј живот ке згасне,а ке ја искористи некој кој што подмитил за таа услуга.
 
Што мислите вие за донирањето на органи?
...апсолутно ништо..хих..
Би помогнале ако станува збор само за некоја блиска личност или во секој случај би сакале да помогнете?
..обавезноо..ај ем гуд персн! енд ај лов мај фемили!
Дали би се сложиле некои ваши органи да бидат донирани по вашата смрт, секако доколку се здрави органите?
..да..па брате одам на оној свет..нема да ми требаат веќе...барем така да придонесам за малце добрина и ајс на овој свет!
Дали сте ЗА или ПРОТИВ и од кои причини?
..ЗА...од причината дека сум гуд персн...и дека со тоа ќе помогнам некому!:pipi:
 
Икрено... би донирал кога би знаел дека ќе му го спасам животот на некој кој го ценам а онака... кога би се нашол во ситуација без излез за мене би потпишал моите органи да ги извадат и да ги користат... па со среќа на тој што ќе ги користи :) белким нема да почнат да трансплантираат мозок во меѓувреме па некој да се заебе начисто.
 
Дефинитивно за. Само не сфаќам, зошто тоа е кај нас табу?:toe: Порано, кога гледав некои вакви емисии, навистина размислував да ги дадам моите органи (секако здрави и прави) после смртта. Барем ќе знам дека сум дала некаков придонес на овој свет.

П.С. И шо ке ми се мене таму доле, два метра под земја? Црвите да ги јадат?
 
Дефинитивно за. Додека сум жива би можела да го донирам бубрегот ако му е потребен на некому(недај боже), а по смртта би се согласила да ги донирам сите органи. Не гледам причини зошто да не се донираат органи и зошто кај нас не се практикува тоа. Телото е веќе безживотно, нема ништо да се промени ако од него се извадат неколку органи, а благодарение на нив, некој ќе продолжи да живее нормален живот.:toe:
 
па зависи за кој орган и за која личност станува збор...а после смртта сите органи - за било кого :smir:
 
па....сум за донирање на органи па затоа повелете.....на кој што му треба????? :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: остај шала на страна после смрт нека искористат се што можат...:pipi:
 
Дефинитивно сум за донирање органи, зошто да ме јадат црви кога и после смрта можам да бидам корисен.Јас негледам ништо лошо во ова и време и кај нас да почне да се спроведува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom